СДСМ: Мицкоски да одговори со кои двајца од луѓето кои се гледаат на видео снимката се има сретнато

Објавувањето на видео снимките и материјалите поврзани со случајот „Рекет" се дел од сценариото да се загрози истрагата и да се саботира доказната постапка.

Нема правда нема мир!

Сите шеми и линкови за објавување на снимката за случајот „Рекет" водат кон белиот дворец зад мене, седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот вистински шеф, Никола Груевски.

Авторот на тексовите кои излегуваат во италијански медиум, има релации со ВМРО-ДПМНЕ. Советник на Никола Груевски членувал во иста организација во која членува и авторот на текстот.

Весникот има објавено интервју со Никола Поповски од ВМРО-ДПМНЕ каде се промовира проектот на Никола Груевски против невладините организации во земјава.

Наместо да молчи за прашањата што му ги поставивме вчера, дублерот на Груевски, Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори:

Кој ги лиферувал снимките во италијанскиот медиум?

Со кои двајца од луѓето кои се гледаат на видео снимката се има сретнато Мицкоски?

Дали и што примил на рака?

Јавноста има право да ја знае вистината а вистината ќе се дознае, бидејќи таа е како шило.

Денеска ќе му поставиме уште неколку прашања на Христијан Мицкоски:

Дали со авторот на текстовите кои излегуваат во италијанскиот медиум Мицкоски се сретнал во Будимпешта?

Дали му дал нешто на авторот на текстот и што е тоа?

Создадените тајкуни од режимот, во координација со Никола Груевски, помогнати од нивните извршители прават се да ја срушат правната држава, да ја загрозат евро-интеграцијата на земјата да се претстават како жртви и да се спасат.

Секој што се надевал дека со сценарио, објава на видео материјали ќе се компромитираат доказите и ќе се спаси од вина пред судовите се излажал.

Снимката е причина плус да се забрза истрагата и да ги даде одговорите за поттикнувачите, организаторите и осмислувачите во овој случај.

Уште еднаш, ги охрабруваме институциите брзо да делуваат за целосно расчистување, сите актери, од прв до последен, кои се инволвирани во овој случај мора да понесат одговорност.

Нема бегање од правдата и од одговорноста.

„Гответе со Дракче“ - Баци пинџур

Во вторник (07.05.2024) во емисијата гостин ни беше Благица Павловска

Состојки за денешниот рецепт:

9 пиперки

4 црвени домати

1 врзопче младо лукче

3 чешниња лук

сол по вкус

маслиново масло

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право на бесплатната линија 0800 54321

Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право кај народниот правобранител на бесплатната  линија 0800 54321

Денеска како што информираа од Јавното обвинителство граѓаните можат да пријавуваат секакви сомненија за кривични дела поврзани со изборите на електронска адреса .

Граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право кај Народниот правобранител на бесплатната телефонска линија 0800 54321, како и лично во канцелариите на омбудсманот.

Граѓаните можат да пријавуваат секакви сомненија за кривични дела поврзани со изборите на [email protected]

Под 5 проценти е излезноста до 09:00 часот во Македонска Каменица

Во Македонска Каменица до 09:00 часот од вкупно 6652 гласачи за вториот круг од претседателските избори гласале 332 избирачи.

Како што информираа од тамошната ОИК, бројката е слична и за парламентарните избори на кои своето право на глас, од 6641 граѓани гласале 331 лице.

- Во проценти до 09:00 часот бројката за вториот круг од претседателски избори изнесува 4,99 проценти, додека таа бројка за парламентарни избори изнесува 4,98 проценти, појаснија од ОИК.

Во оваа општина избирачките места, како што информираат од ОИК, биле отворени навреме, а гласањето се одвива во најдобар ред.

притисни ентер