МакедонијаСДСМ: Мицкоски да каже за парите од осомничени од Кочани кои завршиле во ВМРО-ДПМНЕКога наместо да деде одговор на конкретно поставено прашање во врска со донации кои неговата партија ги добивала од сега осомничен за трагедијата во Кочани, Мицкоски би требало да одговори на тоа прашање наместо да се секира за нашата стратегија.За нас најважна е вистината и разобличувањето на обидот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да ја затскријат вистината за трагедијата во Кочани, но и обидот да ги сокријат нивните партиски функционери од одговорност. Дополнително, апелираме до Христијан Мицкоски да не се секира за нашата стратегија премногу. Се оптеретува, и тоа е очигледно. А никој не сака премиер кој наместо да е оптеретен со подобрување на животот на граѓаните е оптеретен со СДСМ. Еве и еден бесплатен совет до Мицкоски - најлоша комуникациска стратегија е стратегијата на лажење, манипулација и бегање од одговори. Реалноста Мицкоски не се поврзува со твоите пораки. На пример, се уште никој не може да ги почувствува ефектите од четвртата најдобра економија во светот. Никој се уште не може да ги почувствува придобивките од наводното зголемување на платата. Сите ги чувствуваат ефектите од рекордните задолжувања, инфлацијата и безочното трошење на пари за папаја, манго, бејби биф, приватни авиони и скапи хотели. Парите на граѓаните се потрошени на луксуз за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ додека граѓаните живеат во најсиромашната и економски најслабата држава во Европската Унија. Никој ги нема видено туристите за кои Мицкоски зборува дека биле за 20% повеќе. Дотолку што Охрид се соочува со најлошата туристичка сезона со години. Мицкоски, нека не те лажат дека ти поминуваат пораките. Никој не го чувствува тоа што го зборуваш. Уште еднаш да повториме, нема поголем предавник на Македонската идеја од врховизмот. Врховизмот е авторитарност.Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоНа улиците на Делхи измерени 64°CИндискиот главен град Њу Делхи веќе неколку недели е зафатен од топлотен бран, при што температурите редовно надминуваат 40 степени Целзиусови. Иако апликациите за временска прогноза предупредуваат дека вистинската температура е секогаш неколку степени повисока, реалната ситуација на улиците на градот открива уште подрастична слика. Додека Индискиот метеоролошки оддел (IMD) минатиот вторник регистрираше максимална дневна температура од 43,5°C, термовизиските камери на некои локации покажале површински температури кои достигнувала и до 64°C, објавува BBC. Оваа разлика произлегува од методологијата на мерење. Официјалните податоци од IMD се однесуваат на температурите на воздухот под стандардизирани услови, додека термалните камери ги снимаат температурите на површината. Во топли денови, патиштата, бетонот, возилата и другите изложени површини можат да станат значително потопли од околниот воздух. Високите површински температури ја зголемуваат топлината што ја апсорбира човечкото тело преку зрачење, што може да ги направи урбаните области да изгледаат значително потопли од официјалната температура, особено таму каде што нема сенка или зеленило. Теренски тим на Greenpeace India со термална камера посетил една од најпрометните раскрсници во градот по пладне. Кога истражувачката Нибедита Саха ја насочила камерата кон области под надвозник, отчитувањето било 42°C. Но, кога ја свртела камерата кон мотоциклистите што чекале на семафор на директна сончева светлина, температурата се искачила на неверојатни плус 64°C. На асфалтот на кој стоеле измерена е температура од 61°C, а само три метри подалеку, во сенката на дрво, температурата била „само“ 39,8°C.Тагови: висока температура Индија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаЗапочнаа подготовките и на младинската репрезентацијаВо салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, со првиот тренинг официјално започнаа подготовките и на машката младинска репрезентација на Македонија до 20 години за настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“.Селекторот Никола Велев на првиот собир го дочека најголемиот дел од 18. кандидати кои беа избрани по завршувањето на селективните тренинзи Во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, со првиот тренинг официјално започнаа подготовките и на машката младинска репрезентација на Македонија до 20 години за настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“. Селекторот Никола Велев на првиот собир го дочека најголемиот дел од 18. кандидати кои беа избрани по завршувањето на селективните тренинзи, а воедно беше утврден и планот за работа во подготвителниот период. Младите македонски кошаркари ова лето ќе бидат дел од континенталниот шампионат кој од 10. до 19. јули ќе се одржи во Братислава, каде Македонија ќе настапува во групата „А“. Во рамките на подготовките, стручниот штаб предводен од Велев предвиде вкупно 23 тренинзи преку кои ќе се работи на достигнување на посакуваната форма пред европските предизвици. Во групната фаза нашата селекција ќе се соочи со репрезентациите на Ирска, Шведска, Азербејџан и домаќинот Словачка. На првиот тренинг беа присутни, но не тренираа, Никола Јаничиќ и Димитар Зетов. Подготовките ги започнаа: Даниел Бутемер, Даријан Димовски, Давид Петрушевски, Сергеј Младеновски, Матеј Митревски, Коста Ќириловски, Андреј Стојановски, Амар Грбовиќ, Атанасиј Трајанов, Бојан Димитриев, Горазд Митев, Марко Луканоски, Сергеј Петровиќ, Андреј Чадамов и Максим Трајковиќ. Со стартот на работата на младинската селекција, започна и новиот репрезентативен циклус за македонските млади кошаркари, кои во следниот период ќе се подготвуваат за настапот на европската сцена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеТрибина: Органодарителството и значиењето на трансплантацијатаПретставници на здравствени инстутуции, трансплантациски тимови, владини претставници, студенти учествуваат на трибината посветена на органо – дарителството и значењето на трансплантацијата.. Трибината на Медицинскиот факултет ја следи Мирјана Мирчевска Јовановиќ.. Мими, какви пораки произлегоа од собирот.. Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16Опожарени две возила со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје14:10Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09Еврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58