СДСМ:Масовното присуство потврди, Штип е на прав пат, граѓаните даваат поддршка на нашите политики

Граѓаните на Штип масовно се одзваа на поканата за првата граѓанска трибина од караванот „На прав пат".

Граѓаните на Штип масовно се одзваа на поканата за првата граѓанска трибина од караванот „На прав пат", на која разговараа со претседателот Зоран Заев, потпретседателката Мила Царовска и претседателот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ Благој Бочварски.

Пред присутните претседателот Заев истакан дека враќањето на парите назад кај граѓаните е правиот пат за економски раст и развој.

- Укината е радиодифузна такса за сите, воведена е евтината дневна тарифа на струјата. Но овде во Штип дополнително намалена е и цената на водата што севкупно ги намалува трошоците на домаќинствата. Со повратот на 15 отсто од ДДВ само во првите три месеци враќаме над 3 милиони евра кај граѓаните, а првото враќање ќе биде на почетокот на декември. Концептот за повеќе пари кај граѓаните е прав пат, истакна претседателот Заев најавувајќи дека во наредната година ќе следува драстично зголемување на пензиите.

Потпретседателката Царовска посочи дека воведувањето на социјалната реформа обезбеди 300 илјади семејства кои живееја на работ на егзистенција, денес да имаат пристоен живот.

- 20 илјади деца денес добиваат детски додаток, а 8 илјади образовен. Работиме посветено на извлекување на децата од детската сиромаштија ,затоа што со тоа директно влијаеме тие во иднина да основаат стабилни семејства со пристоен живот. Да, социјалната реформа е на прав пат.-рече Царовска.

Претседателот на комисијата за транспорт и врски и градоначалник на Штип, Благој Бочварски пред своите сограѓани зборуваше за досега реализираните проекти, но и за мерките што ќе се реализираат во наредниот период.

- Општината само за една година, во само едно јавно претпријатие заштеди 10 милиони денари и со нив ја намали цената на водата за пиење за 10% за штипјани, а изграден е и водовод во населбата Балканска со што граѓаните од тој дел на градот за прв пат добиваат чиста и здрава вода за пиење, порача Бочварски.

Караванот трибини „На прав пат" продолжува низ општините во државата. Следната трибина е веќе утре во Гевгелија на која ќе учествува генералниот секретар Љупчо Николовски.

Им благодариме на граѓаните за масовно присуство. Како одговорна партија СДСМ останува со граѓаните, нивите сугестии, коментари и забелешки ќе бидат преточени во нови мерки и политики на партијата, се наведува во партиското соопштение.

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Крис Павловски, директор на Рамбл

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го прими Крис Павловски, директорот на водечката светска компанија за дигитални платформи Рамбл, кој е во посета на земјата во рамките на конференцијата Македонија 2025.

На средбата, Павловски ја претстави работата на Рамбл, компанија која котира на индексот Наздак на берзата во Њујорк, со нејзината етаблирана видео платформа и е во подем во дејноста на развојот на дигиталната инфраструктура и клауд услугите. Како водечки претприемач со македонско потекло, господинот Павловски изнесе мислења за состојбата во дигиталниот сектор, за трендовите и перспективите кои може да се искористат.

Претседателката Сиљановска Давкова го информираше Павловски за нејзината иницијатива за развивање на соработката со македонската дијаспора, со цел максимално да се искористат сите можности за економски развој на земјава.

Фоден прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата

Крилниот напаѓач на Манчестер сити, Фил Фоден е прогласен за најдобар играч на сезоната во англиското фудбалско првенство, објавено е на официјалниот сајт на градот.

Оваа сезона во Премиер лигата, 23-годишниот играч од средниот ред одигра 34 натпревари, постигнувајќи 17 гола и постигна осум асистенции.

Пазарната вредност на Фоден на фудбалскиот пазар се проценува на 130 милиони евра.

Договорот на играчот со Манчестер сити е до летото 2027 година./МИА

Буркина Фасо, Мали и Нигер го финализираа проектот за создавање тристран сојуз

Буркина Фасо, Мали и Нигер во Ниамеј го финализираа нацрт-текстот за создавање сојуз на земјите од Сахел. Нацртот се очекува да биде усвоен од трите земји предводени од воените хунти во наредните недели.

Во главниот град на Нигерија вчера се одржа состанок помеѓу министрите за надворешни работи на Мали, Буркина Фасо и Нигер, Абдулај Диоп, Карамоко Жан Мари Траоре и Бакари Јау Сангари.

- Целта на средбата беше да се финализира нацрт-текстот поврзан со институционализацијата и функционирањето на Конфедерацијата на Сахелските држави, истакна Сангари.

Буркина Фасо, Мали и Нигер се поранешни француски колонии, кои ја продлабочуваат соработката со Русија. /МИА

притисни ентер