3Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада
МакедонијаСДСМ: Македонија претпоследна во Европа по минимална платаВМРО-ДПМНЕ го згази достоинството на работниците.Според најновите податоци на Евростат, Македонија е претпоследна во Европа по висина на минималната плата, позади е само Албанија. Истовремено, Македонија има најнизок стандард на куповна моќ, односно со помалку од 750 стандард на куповна моќ (скм) сме под Литванија со 878 скм, што е најнизок во Европа. Ова се последиците од политиките на ВМРО-ДПМНЕ која упорно одбива да ги прифати мерките за покачување на платите што СДСМ континуирано ги предлага. Додека сите европски држави ги зголемуваат платите и се борат да им помогнат на граѓаните со високите трошоци за живот, ВМРО-ДПМНЕ ги блокира сите закони за унапредување на животниот стандард. Во изминативе месеци, одбиени се предлозите на СДСМ за ново покачување на минималната плата, за мерки за раст на платите во приватниот сектор, како и за директно намалување на цените на основните производи. Податоците на Евростат се пораз на политиките на власта која избра да ги штити профитите на големите компании, да троши народни пари на шетање по светот, папаја и манго но цврсто одлучи да нема повисоки плати. Трајко Славевски и Христијан Мицкоски ќе бидат запаметени како главните кочничари на растот на платите. Тие свесно сакаат да го втурнат народот во сиромаштија. Да потсетиме дека во време на СДСМ, и пoкрај сите економски кризи, минималната плата беше зголемена од 9.000 денари на над 20.000 денари. Се донесе законско решение за усогласување на минималната плата со трошоците за живот и растот на платите. Се имплементираа пакети мерки за поддршка на домашната економија, субвенции за струја, и директна помош за ранливите категории граѓани во вредност од 2,6 милијарди евра. Платите во приватниот сектор почнаа да растат, а стандардот бележеше напредок. Тоа беа конкретни политики со реални резултати. Денес, гледаме потполна стагнација. Ниту една антикризна мерка. Ниту едно покачување. Само политичко калкулирање и игнорирање на реалните потреби на граѓаните. Потребна е одговорна економска политика што ќе обезбеди достоинствен живот, а не гол популизам без резултати. СДСМ ќе продолжи да се бори за платите на работниците, за реални реформи и за стандарден живот на секој граѓанин. Македонија заслужува повеќе. Работниците заслужуваат повеќе. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканОгромен пожар избувна во близина на Мостар; Паника (ВИДЕО)Голем пожар избувна денес во областа на Мостар, а пожарот би можел да го блокира главниот пат, бидејќи пожарот сè уште не е ставен под контрола, ниту пак е утврдена неговата причина, објавија локалните медиуми.Пожарот избувнал на Буна, спроти Намекс, во правец на реката Неретва, а Професионалната противпожарна служба на Мостар потврди дека екипи се на терен и работат на гаснење на пожарот, објави веб-страницата на Требињеданас. Сè уште не е познато што го предизвикало пожарот или колку површина е зафатена од пожарот, но фотографиите од терен покажуваат дека пожарот се заканува да го блокира главниот пат Мостар-Сараево, додека целата област е покриена со густ чад. Požar na Buni, vatrogasci na terenu. Opširnije pročitajte na portalu https://t.co/ulFqWb6hu6 pic.twitter.com/F07QflzkyJ — Bljesak.info (@Bljesak) June 15, 2026 Извор:Б92Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАкциска контрола во сообраќајот во Скопје, изречени 219 санкции, одземен еден мопедНа 14.06.2026 во периодот од 16:00 до 24:00 часот на подрачјето на Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во сообраќајот.Притоа, беа преземени вкупно 219 мерки, од кои - 66 мерки за управување мотоцикл без кацига, шест мерки за возење со несоодветна категорија, 15 мерки за возење велосипед со помошен мотор без положен возачки испит, една мерка за нерегистриран мотоцикл, две мерки затоа што не застанале на даден знак и 129 мерки по останати прекршоци - не носеле возачка или сообраќајна дозвола, не била истакната регистарска табличка, недавање првенство на возила или на пешаци и друго. При акциската контрола, констатирано е едно кривично дело безобѕирно управување со мопед, односно присуство на алкохол во крвта од 1,93 промили по член 297-а од Кривичниот законик, по што мопедот е одземен.Тагови: Акциска контрола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБрза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската АмбасадаВеднаш по пријавата за пожар на две службени возила сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје денеска (15.06.2026) во 12.13 часот, СВР Скопје презеде интензивни мерки и активности за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.Во рамки на преземените активности, во краток временски период е идентификувано и пронајдено лицето за кое постои основано сомнение дека го сторило делото. Станува збор за И.Д. (44) од Скопје, кој е лишен од слобода и задржан во полициска станица. При преземените дејствија е пронајдена и облеката што лицето ја носело во моментот на извршување на делото. Во координација со надлежен јавен обвинител се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по итна постапка. Тагови: Бугарска амбасада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook