СДСМ: Куманово чека правда за скандалите на Максим Димитриевски и кумските шеми - Канал 5

СДСМ: Куманово чека правда за скандалите на Максим Димитриевски и кумските шеми

Куманово чека правда за скандалите на Максим Димитриевски и кумските шеми со профити од 350.000 евра!

СДСМ: Куманово чека правда за скандалите на Максим Димитриевски и кумските шеми

Прес-конференција, Атина Мургашанска, советничка во Советот на општина Куманово

Правдата никако да стигне до нашиот град - Куманово. Тоа мора да се промени.

Скандалите поврзани со работата на градоначалникот од ЗНАМ, Максим Димитриевски никако да добијат институционална разрешница.

Станува збор за основани сомнежи кои мора до крај да бидат расчистени, сомнежи за судир на интереси, перење пари и коруптивни шеми, злоупотреба на функцијата и институциите во Општина Куманово.

Сомнежи за систем кој наместо на граѓаните им служи на личните бизнис интереси и кумовски врски предводен лично од градоначалникот Максим Димитриевски.

1.Мора да се истражи најголемиот коруптивен скандал во општина Куманово со земјиште, во организација на Максим Димитриевски и неговиот кум и бизнис партнер Драган Митевски.

Кумот на Димитриевски купува земјиште од семејството на Димитриевски за 248.000 евра а само месец дена подоцна тоа исто земјиште го препродава на ЛИДЛ за 600.000 евра.

За ова земјиште се менува и ДУП-от за кој гласа братот на Митевски кој е координатор на советничката група на ЗНАМ.

Кој повеќе е заглавен во конфликт на интереси во овој скандал?

Како Димитриевски и неговиот кум заработиле 350.000 евра? Институциите мора да дадат одговор.

Понатаму, мора да се истражат и другите скандали.

2. Како тоа Димитриевски добива стан од 97 метри квадратни во центарот на Куманово вреден 70.000 евра за само 2.500 евра? Каква е таа размена на земјиште од својот кум?

Има ли тука грам пазарна логика? На што личи ова освен како уредено сценарио за прикриен профит и перење пари?

Значи кумот купува, продава, заменува препродава и најважно од се профитира. А сето тоа е индеиректно овозможено од Димитриевски.

Овие случаи не се изолирани инциденти – туку дел од системски образец: користење на политичката функција за лично и семејно богатење на Димитриевски.

Институциите не смеат да замижуваат пред овие криминали, кумовски шеми за големи профити.

СДСМ јавно повикува:

Антикорупциска комисија да отвори предмет за скандалите со Димитриевски.

Финансиска полиција и Јавното обвинителство да постапат по допрен глас.

Конечно, правдата да стигне и до Куманово.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што да направите ако ви се закачил крлеж?

Крлежите се речиси невидливи, но болестите што ги пренесуваат можат трајно да го загрозат здравјето.

 Што да направите ако ви се закачил крлеж?

Крлежите се речиси невидливи, но болестите што ги пренесуваат можат трајно да го загрозат здравјето. Во нашиот регион најраспространети се шумските крлежи (Ixodes ricinus), кои ја пренесуваат две болести: лајмска борелиоза и менингоенцефалитис.

Лајмската болест е една од најчестите болести предизвикани од крлежи. Помеѓу 70% и 80% од луѓето заразени со лајмска болест развиваат карактеристичен осип во облик на мета. Заедно со осипот, постојат и симптоми слични на грип, како што се повишена температура, треска, болки во телото и замор. Навременото лекување со антибиотици може да ја запре инфекцијата.

Доколку лајмската болест не се лекува, може да напредува до силни главоболки, Белова парализа или губење на мускулниот тонус на едната или двете страни на лицето, тежок артритис, срцеви проблеми, вртоглавица или отежнато дишење. Некои пациенти со дијагностицирана акутна лајмска болест и примена терапија, сепак развиваат хронични симптоми.

Како да се заштитите?

Носете долги ракави и панталони кога престојувате во нивни живеалишта. Користете средство против инсекти кое делува и на нив.

Постојат и спрејови кои ги убиваат крлежите при контакт: Перметринот се нанесува на облеката и опремата и спречува крлежите да се закачат, но не смее да се нанесува директно на кожата. Концентрацијата во спрејовите може да предизвика чувство на пецкање, штетни се и за мачките.

Користете сушилница: По активности на отворено, ставете ја облеката во сушилница на висока температура околу 20 минути. Крлежите не можат да преживеат без влага.

Задолжително проверете се. Ако најдете крлеж пред каснување, нема опасност. Проверете го скалпот, косата, ушите, папокот, препоните, зад колената и пазувите. Туширањето по престојот надвор го олеснува забележувањето на крлежите.

Проверете ги и вашите миленици: Потребно е време за болеста да се прошири, па затоа е важно што побрзо да ги отстраните крлежите.

Заштита на дворот

Крлежите сакаат влажни места, паднати лисја и висока трева. Редовното косење тревници, одржувањето на градината и отстранувањето на лисјата може да ја намали веројатноста за нивен престој. Создавањето „тампон зона“ од дрвени струготини помеѓу вашиот тревник и обраснатите или пошумените области исто така може да помогне, особено ако користите струготини од кедар. Градината, игралиштето и просторот за дружба нека бидат подалеку од дивите, неуредни области во вашиот двор.

Инсектицидите за дворови базирани на бифентрин и перметрин може да ги намалат, но тоа треба да им се остави на професионалците. Рабовите и засенчените области обично се третираат, додека отворените, сончеви тревници генерално не бараат третман. Најдобро е хранилките за птици да ги чувате што е можно подалеку од вашиот дом бидејќи можат да привлечат глодари. Тие често носат патогени што крлежите ги собираат и ги пренесуваат на луѓето.

Што да направите по каснување?

Ако најдете крлеж на вас, важно е веднаш да го отстраните. Користејќи пинцета со тенок врв, фатете го крлежот што е можно поблиску до главата и кожата и повлечете го право нагоре. Не користете вазелин, есенцијални масла или детергент за миење садови. Јаките средства можат да го принудат крлежот да ја поврати својата содржина во вашиот крвоток, што може да го забрза пренесувањето на болеста.

Исчистете го местото на каснување како што би направиле со која било друга рана. Доколку е можно, зачувајте го крлежот за идентификација на видот. Ова ќе ви помогне да знаете на кои симптоми да внимавате, бидејќи различните видови носат различни болести.

Ако почнете да се чувствувате лошо, посетете лекар. Многу болести што се пренесуваат преку крлежи имаат општи симптоми слични на грип, и не сите инфекции имаат јасни знаци како што е осипот. Вашиот лекар може да направи тестови и да ви препише соодветен третман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку Том Холанд би можел да заработи на новиот Спајдермен

Том Холанд би можел да заработи помеѓу 20 и 25 милиони долари за својата улога во филмот "Spider-Man: Brand New Day" .

Познато е колку Том Холанд би можел да заработи на новиот Спајдермен

Оваа сума ја вклучува основниот хонорар и бонусите поврзани со заработката од бокс-офисот. Новиот акционен хит во режија на Дестин Даниел Кретон веќе го сруши американскиот рекорд на филмот „Avengers: Endgame“ за заработка во текот на првиот викенд од објавувањето, пишува „The Hollywood Reporter“.

YouTube video

Патот на Холанд до мултимилионски хонорар

Кога актерот се приклучи на кинематографскиот универзум на Марвел во „Captain America: Civil War“ во 2016 година, тој заработи околу 250.000 долари, според „CheatSheet“. После тоа, неговиот хонорар брзо растеше.

За „Spider-Man: Homecoming“ во 2017 година, тој доби 1,5 милиони долари, од кои 500.000 долари беа фиксен хонорар, а остатокот беа бонуси. Две години подоцна, тој заработи 4 милиони долари за „Far From Home“, додека се проценува дека добил околу 10 милиони долари за „No Way Home“ од 2021 година.

Филмот веќе надмина 1 милијарда долари приходи

„THR“ вчера објави дека „Brand New Day“ веќе надмина 1 милијарда долари приходи во кината ширум светот. „Sony Pictures“ потврди дека филмот, во кој глумат и Зендаја и Сејди Синк, заработил 1,05 милијарди долари за само шест дена од објавувањето. Ова го прави само втор филм во историјата што го сторил тоа за толку краток временски период.

Филмот „Avengers: Endgame“ заработил 1,2 милијарди долари ширум светот во својот прв викенд во април 2019 година. „Sony“ истакнува дека новиот „Спајдермен“ го срушил американскиот рекорд на „Endgame“, кој изнесувал 357,1 милиони долари. Сепак, „Endgame“ сè уште го држи светскиот рекорд за заработка во првиот викенд, со 1,2 милијарди долари, додека „Brand New Day“ заработил 932 милиони долари во истиот период.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Во Ново Село Организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите - затоа што се плашат од вистината!

Во Ново Село денеска мирни млади социјалдемократи го пречекаа Христијан Мицкоски со едноставна порака, Гостивар се труе, вие сте виновни.

СДСМ: Во Ново Село Организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите - затоа што се плашат од вистината!

Мирно. Културно. Без насилство.

Одговорот на организираната криминална група беше класичен: пратија околу десетмина да им се закануваат, да ги нападнат и да ги замолчат.

Меѓу нив и шофер на градоначалникот на Ново Село, Наско Димитриев.

Вчера поднесуваа кривични пријави за навреда.

Денеска праќаат насилници.

Ова е нивото на власт што ја води Мицкоски.

Кога нема аргументи - праќаат луѓе да тепаат.

Кога нема резултати - шират страв.

Кога народот прашува за труењето во Гостивар - тие напаѓаат млади.

Мицкоски ја загуби контролата.

Се плаши од вистината.

Се плаши од народот.

Се плаши од младите.

Затоа што младите не се купуваат со лаги.

Не се плашат од закани.

И не молчат додека цела Македонија се труе.

СДСМ бара од МВР веднаш да ги идентификува и уапси сите учесници во нападот.

Сите до еден. Без селективност. Без заштита.

А на младите социјалдемократи им порачуваме јасно:

Не сте сами!

Нема да ве замолчат.

Борбата против насилството и криминалната власт продолжува.

Народот е буден.

И стравот веќе не е на нивна страна.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер