СДСМ: Криминалната ВМРО-ДПМНЕ мора да разбере дека одговорност ќе има за сите вмешани во случајот со прислушување

ВМРО-ДПМНЕ шири лаги од нивниот скапоцен дворец којшто е симбол за криминал, расипништво, злоупотреби и прекршување на човекови права, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ. 

Крајно несериозно и потценувачки кон јавноста и граѓаните е ВМРО-ДПМНЕ лажно да обвинува други за прислушување. Освен тоа што ВМРО ДПМНЕ е партијата што го спроведе масовното прислушување, јавно соопштените информации од надлежните институции говорат дека и опремата за прислушување во ЈО била инсталирана во 2013 година кога оваа партија имаше апсолутна власт во државата.

Јавни признанија и сведоштва секојдневно потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ги прислушувала сите кои немале исто мислење со нив, новинари, лидери на партии. Според јавните искази, токму „8миот кат на скапоцениот дворец“ бил центар од каде бил испланиран и спроведен бруталниот напад на Собранието на 27ми април.

Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ остануваат посветени единствено на одбрана на криминалот на Груевски

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ мора да разбере дека ќе има одговорност за сите кои се вклучени во случајот со прислушување на Јавното обвинителство.

Истрагата е во тек и ќе се откријат сите инволвирани во овој скандал.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер