СДСМ: Кој бара СДСМ да расчисти со Филипче и Заев, криминалната ДПМНЕ? - Канал 5

СДСМ: Кој бара СДСМ да расчисти со Филипче и Заев, криминалната ДПМНЕ?

ДПМНЕ води прљава кампања против челновите на СДСМ преку нивните портли и медиуми кои со години ги финансираат од црните пари украдени од граѓаните. 

СДСМ: Кој бара СДСМ да расчисти со Филипче и Заев, криминалната ДПМНЕ?

Очигледно мислат дека ако повторуваат едни исти лаги ќе станат вистина, но се лажат. Моделот на Гебелс кој го учеа од Груевски и Протуѓер не проаѓа веќе ниту меѓу граѓаните ниту кај медиумите.

Сите имаат меморија, очи и памет, гледаат, слушаат, знаат но и паметат!

Да расчисти СДСМ со Венко Филипче? Доктор специјалист кој лечи луѓе и спасува човечки животи, кој не само што ја предводеше борбата против ковид пандемијата туку и успешно се справи за што беа спасени многу животи, кој обезбеди повисоки плати за докторите, за специјлистите и македонското здравство го крена од дното кое крималната ДПМНЕ го остави.

Да расчисти СДСМ со Зоран Заев? Човекот кој ја објави вистината за криминалот на ДПМНЕ, го победи режимот на Никола Груевски и заедно со граѓаните ја ослободи Македонија и ја врати демократијата, со кој Македонија стана членка на НАТО, кој водеше политики за едно општество, поголеми плати, пензии, екононски раст и развој и европска иднина.

Кој го бара од СДСМ? Ајде да видиме.

Никола Груевски творец на режим, криминал и коруцпија од епски размери, кој покраде 2 милијарди евра од Македонија и побегна од правдата, за кого има меѓународна потерница и бројни судски пресуди за кои допрва треба да одговара?

Или Сашо Мијалков со сите злодела во време на режимот, прислушување на граѓаните, изборни измами, пресметки со опозиција и контрола на медиумите?

Криминалната ДПМНЕ ли бара да расчистува СДСМ со било кого?

Па Христијан Мицкоски е нивни ученик, кој ја спроведува истата криминална матрица, преку наместени тендери да се крадат пари од граѓаните.

Тоа што сега Мицкоски го применува, го учеше од прва рака во времето кога беше генерален скретар на ДПМНЕ, советник на Груевски, директор на ЕЛЕМ.

Ученикот Мицкоски сега сака да го врати учителот Груевски, за да може повеќе да приграбат.

Затоа СДСМ ја отвори борбата против криминалот и корупцијата на оваа власт и нема да застанеме. Ги повикуваме сите граѓани, невладини организации, интелектуалци, новинари, во нашата заедничка борба, крадењето да запре а криминалците да одговараат. СДСМ ги спреми своите нови бомби и се ќе објавиме.

Груевски беше осуден, Мијалков беше осуден, на ред е Мицкоски да се соочи со одговорноста.

До тогаш работата со расчистување со криминалот нема да биде завршена.

Скопје, 30.11.2025

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со „Скопска иницијатива“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ СДСМ отвора ново поглавје за иднината на Македонија

СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување, заснована на вредностите на социјалдемократијата, борбата за подобар животен стадард, борба против корупцијата и за европската иднина.

Со „Скопска иницијатива“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ СДСМ отвора ново поглавје за иднината на Македонија

Со усвојувањето на програмската платформа „Твоја држава, твоја шанса“, СДСМ ја претстави својата визија за модерна, напредна, праведна и европска Македонија – држава во која трудот се вреднува, институциите работат за граѓаните, а младите ја гледаат својата иднина дома.

СДСМ е на страната на младите, на работниците, пензионерите, земјоделците и сите граѓани кои чесно живеат од својот труд.

Во оваа насока „Твоја држава, твоја шанса“ нуди конкретен одговор на најголемите предизвици со кои денес се соочуваат граѓаните: високите цени, ниските плати, иселувањето на младите, корупцијата и слабите институции.

СДСМ се обврзува на политики што ќе обезбедат раст на платите, заштита на работничките права, правично оданочување, силна борба против корупцијата, независно судство, достапно здравство и квалитетно образование.

Преку „Скопската иницијатива“, СДСМ ја потврди својата улога како обединувачки фактор на поширокото прогресивно движење во регионот и Европа, кое се спротивставува на корупцијата, авторитарноста и антиевропските политики.

Европа не е апстрактна политичка цел, туку подобар живот дома, повисоки плати, владеење на правото и повеќе шанси за секој човек.

Македонија не смее да остане заглавена во национализам, популизам и политички манипулации кои ја оддалечуваат од европската иднина. Наместо поделби, СДСМ нуди визија за обединување околу државните интереси, економски развој и европски вредности преку поширок Фронт за вистина и правда.

Скопје, 08.06.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Косово избори: Самоопределување на Курти 43%, Српска листа води во сите општини со српско мнозинство

Според првичните резултати на вчерашните  вонредни парламентарни изборите во Косово, Самоопределување освои 43,03% од гласовите, додека Српска листа има 5,89% и води во сите општини со српско мнозинство.

Косово избори: Самоопределување на Курти 43%, Српска листа води во сите општини со српско мнозинство

Движењето Самоопределување на Албин Курти е во водство на вонредните парламентарни избори во Косово, покажуваат прелиминарните резултати на Централната изборна комисија (ЦИК) врз основа на обработени 97,76 проценти од гласачките места.

Самоопределување освои 43,03 проценти од гласовите, односно 294.251 глас, што е помалку во споредба со изборите од декември 2025 година кога партијата доби 49,34 проценти од поддршката.

На второто место е Демократската партија на Косово (ДПК) со 21,15 проценти или 144.618 гласови, додека трета е Демократската лига на Косово (ЛДК) со 17,68 проценти или 120.870 гласови.

Најсилната српска политичка партија во Косово, Српска листа, освои 5,89 проценти или 40.291 глас и, според податоците на ЦИК, забележа убедлива победа во сите општини со српско мнозинство.

Другата српска партија која учествуваше на изборите, „За слобода, правда и опстанок“, освои 0,73 проценти или 4.962 гласа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европската слободна алијанса усвои резолуција за заштита на македонското малцинство во Албанија

Генералното собрание на европската слободна алијанса што се одржува во Гандија, Шпанија, едногласно ја усвои резолуцијата, предложена од Македонска алијанса за европска интеграција  за заштита на македонското малцинство во Албанија.

Европската слободна алијанса усвои резолуција за заштита на македонското малцинство во Албанија

Генералното собрание на европската слободна алијанса што се одржува во Гандија, Шпанија, едногласно ја усвои резолуцијата, предложена од Македонска алијанса за европска интеграција за заштита на македонското малцинство во Албанија и на правата на малцинствата во процесот на проширување на ЕУ..

Со резолуцијата се повикува на доследен и принципиелен пристап како од страна на албанските власти, така и од институциите на ЕУ, за да се осигура дека малцинските права не само што ќе бидат признаени, туку и ефективно спроведени.

Од албанската влада се бара да обезбеди целосно спроведување на малцинските права на целата територија каде што живеат Македонци, вклучувајќи го и пристапот до образование на Македонски јазик секаде каде што има соодветна побарувачка, изјави претседателот на Македонската алијанса, Васил Стерјовски..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер