ЈСП заштедило половина милион евра за гориво, Скопје ќе добие новогодишен дочек со македонски изведувачи
1ЈСП заштедило половина милион евра за гориво, Скопје ќе добие новогодишен дочек со македонски изведувачи
Веб ТВМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во АтинаМинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска престојува во Атина, каде ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈСП заштедило половина милион евра за гориво, Скопје ќе добие новогодишен дочек со македонски изведувачиЈСП годинава остварило заштеда од околу половина милион евра за гориво, и покрај тоа што бројот на автобуси во сообраќај е зголемен за околу 50, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.ЈСП годинава остварило заштеда од околу половина милион евра за гориво, и покрај тоа што бројот на автобуси во сообраќај е зголемен за околу 50, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на вклучување во живо на Фејсбук, во кое разговараше со граѓаните за подготовката на буџетот за следната година. Тој посочи дека кога ја презел функцијата сообраќале 148 автобуси, а денес на линиите има над 200. Заштедата ја поврза со подобрата контрола на потрошувачката преку ГПС-систем и сонди за мерење на горивото. Најави и дека наскоро се очекува пристигнување на 100 нови еколошки автобуси, за кои се подготвува потребната инфраструктура за полнење. Ѓорѓиевски најави и дека Скопје ќе организира дочек на новата 2027 година со програма посветена на македонската музика и домашните изведувачи. Во организацијата повторно ќе помогне Државната лотарија, а новогодишната програма ќе започне околу 15 дена пред 31 декември. Градоначалникот најави дека градот навреме ќе биде украсен за претстојните празници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзвештајот на ЕК пред Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграцииИзвештајот на Европската комисија за земјава денеска ќе се најде пред членовите на на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, коишто ќе одржат заедничка седница.Во годишниот извештај е констатиран напредок во спроведувањето на реформската агенда и планот за раст, стопроцентна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и напредок во дигиталната трансформација и науката. Денеска предмет на собраниска расправа е и работната верзија на предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа, во организација на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во рамки на 90. седница. Предложеното законско решение ги опфаќа организациската поставеност, надлежностите и начинот на функционирање на органите на државната управа, како дел од извршната власт.Тагови: ЕК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во АтинаМинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска престојува во Атина, каде ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“.Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување на нивниот пристапен процес кон Европската Унија. Во Атина е Афродита Рамос. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook