3Манасиевски : СДС и Филипче со години молчеа за небезбедната вода, а денес глумат загриженост за граѓаните
Фото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердуви
2Фото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердуви
МакедонијаСДСМ: Кого лаже ВМРО-ОКГ? Мастеф само од 2024 год и унгарскиот кредит има добиено 16,3 милиони евра!„Промакедонската„ партија ВМРО како што самата се нарекува а не македонска, инаку од основањето бугарска а денес со државјани на Бугарија кои ја водат Владата, дели тендери од кинески и унгарски кредити.Кого лажат од ВМРО-ОКГ? Од 2024 година до денес, откако ВМРО е на власт, Мастеф буквално растура со тендери. Заедносо унгарскиот кредит, со Мастеф се операционализирани 13 договори во вредност од 16,3 милиони евра. Оваа фирма досега вкупно има добиено 93 тендери, вредни над 18,3 милиони евра народни пари. Додека нема пари за плати, нема пари за пензии, нема пари за мерки за граѓаните, само има милиони за криминални тендери. Едни исти фирми добиваат сè – и на локално и на централно ниво. Во институции, општини и јавни претпријатија раководени од кадри на ВМРО-ОКГ. Така бездушно се испумпуваат парите на народот. Затоа Мицкоски и ВМРО-ОКГ не сакаат ЕУ, не сакаат европско обвинителство. Се плашат од одговорност. Но нема бегање од одговорноста. Ќе се одговара. Доаѓа време на одговорност, правда и вистина. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаРистовски: Иџе повторно ги поместува границите – Македонија добива нова причина за гордостМинистерот за спорт Борко Ристовски заедно со премиерот Христијан Mицкоски, денеска присуствуваше на промоција на новото натпреварувачко возило на најуспешниот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе.Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со премиерот Христијан Mицкоски, денеска присуствуваше на промоција на новото натпреварувачко возило на најуспешниот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, со кое тој ќе настапува во претстојната натпреварувачка сезона. Настанот, кој се одржа на Водно, означи почеток на едно ново поглавје во кариерата на македонскиот автомобилист кој со години е синоним за врвни резултати, професионализам и промоција на Македонија на европските патеки. Министерот Ристовски истакна дека успесите на Игор Стефановски се инспирација за младите генерации и доказ дека со посветеност, дисциплина и упорност македонските спортисти можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите во Европа. -Иџе со години е еден од најсилните амбасадори на македонскиот спорт. Секој негов настап е промоција на нашата држава, а секој негов успех е успех на Македонија. Министерството за спорт ќе продолжи да ги поддржува спортистите кои со својата работа, резултати и професионален однос ја афирмираат државата на меѓународната сцена. Верувам дека и оваа сезона ќе донесе нови победи и ќе испише уште едно значајно поглавје во историјата на македонскиот автомобилизам - изјави министерот Борко Ристовски. Новото натпреварувачко возило претставува значаен чекор во кариерата на Игор Стефановски – Иџе и е дел од подготовките за новите предизвици на европската сцена, каде што македонскиот шампион и оваа сезона ќе се бори за највисок пласман.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Вокален и пијанистички огномет“ за роденденот на „Охридско лето“Со вокален раскош, пијанистичка виртуозност и уметничка енергија, „Охридско лето“ го одбележа својот 66. роденден. Во прекрасната „Света Софија“ каде и започна приказната за „Охридско лето“, фестивалската публика имаше можност да ужива во впечатливиот настап на Мајан Лихт, контратенор од Израел и Пшемек Виницки, пијанист од Полска, уметници кои со својата интерпретација донесоа посебна енергија и уметничка емоција на фестивалската сцена. -Роденденот на „Охридско лето“ секогаш е посебен момент за нас, затоа што го славиме она што е суштината на фестивалот – уметноста, врвните уметници и публиката. Годинава овој значаен ден го одбележавме со два исклучителни уметници, Мајан Лихт и Пшемек Виницки, кои приредија концерт исполнет со виртуозност и емоција. Особено ми е драго што и оваа година роденденската вечер беше пред полна „Света Софија“ и што публиката заедно со нас го сподели овој убав момент. Тоа е најголемата потврда дека традицијата на „Охридско лето“ продолжува да живее, вели директорот на „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски. Лихт, еден од највозбудливите вокални уметници на денешницата, со својот специфичен глас и впечатлива сценска интерпретација донесе несекојдневна музичка енергија. Неговата вокална виртуозност дојде до израз во внимателно одбраната програма, која ги обедини барокот, романтизмот и познатите оперски нумери. -Се радуваме што настапуваме на 66. Роденден на „Охридско лето“. Станува збор за култен фестивал што постои толку многу години и на кој секоја година доаѓаат врвни уметници, а тука сме и ние, изјави талентираниот Лихт по завршувањето на концертот. Во акустичниот амбиент под сводовите на црквата одекнаа дела од Хендл, Броши, Глинка, Шимановски, Персл и Бизе, меѓу кои „Ombra mai fu“, „Venti, turbini“, „Lascia ch’io pianga“, „The Cold Song“ и „Хабанера“ од „Кармен“. Посебен дел од вечерта беше посветен на пијанистичката виртуозност. Пшемек Виницки се претстави со дела од Менделсон и Бетовен, меѓу кои и прочуената „Патетична“ соната, внесувајќи дополнителна динамика и раскош во роденденската концертна програма. Роденденската вечер во „Света Софија“ заврши со долг аплауз од публиката, која со воодушевување ги поздрави уметниците и нивната извонредна изведба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
ФудбалСалах претставен во својот нов клуб, ќе заработува 17 милиони евра годишноДосегашната ѕвезда на Премиерлигата и Ливерпул, 34 годишниот Мохамед Салах беше претставен како нов играч на Трабзонспор. Трансферот на легендарното египетско крило во Трабзонспор претставува неочекуван потег, со оглед на тоа што во изминатите месеци тој главно се поврзуваше со клубови од Саудиска Арабија и со Бешикташ. Приказната за Трабзон се појави неодамна, а работата брзо беше завршена. Поранешниот фудбалер на Ливерпул – со кого клубот спогодбено го раскина договорот – ја даде својата прва изјава за веб-страницата на Трабзонспор. „Трабзон, дали сте подготвени? Ве слушам. Се гледаме наскоро“, рече Салах. 𝐒𝐚𝐥𝐚𝐡 𝐌𝐨𝐝𝐞: ON 🔥 pic.twitter.com/mqi1DLa9DH — Trabzonspor (@Trabzonspor) August 5, 2026 Трабзонспор се смета за четвртиот најголем турски клуб, покрај истанбулските гиганти Фенербахче, Галатасарај и Бешикташ. Минатата сезона тие завршија на третото место и ќе играат во квалификациите за Лигата на Европа. Bordo-Mavili formasıyla ilk kez kameraların karşısında… İlk mesajı Büyük Trabzonspor Taraftarına: “Bize Her Yer Trabzon!” ❤️💙#SalahIsComing pic.twitter.com/Sr1KcRDwpk — Trabzonspor (@Trabzonspor) August 5, 2026 Салах го напушти Ливерпул по девет години, период во кој постигна 257 гола на 442 натпревари. Со клубот освои две титули во англиското првенство и Лигата на шампионите. Сезоната 2024/25 беше негова најуспешна; со 29 гола и 18 асистенции, тој постави нов рекорд во Премиер-лигата за вкупен придонес кон голови во сезона со 38 натпревари. Исто така, стана првиот играч што во иста сезона ги освоил наградите за најдобар играч, најдобар стрелец и најдобар асистент. 34-годишникот ја започна својата европска кариера во Базел во 2012 година, а пред да дојде во Ливерпул во 2017 година, настапуваше за Челси, Фиорентина и Рома. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter