СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во Струга и Кичево ако има заедничка советничка листа

СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на ВМРО ДПМНЕ во Струга и во Кичево но во исто време, бара тие да ја поддржат нејзината советничка листа, односно таа да биде заедничка, на двете партии, истакна Игор Ивановски, шеф на изборен штаб на СДСМ.


Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, посочи дека на тој начин членовите и поддржувачите на двете партии ќе гласаат за пакетот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и заедничка листа на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ - јави агенцијата МИА.

- Ние сме подготвени на тоа, ќе видиме како од другата страна ќе одговорат. Имајќи ја предвид специфичноста на некои општини, конкретно на Струга и Кичево, и во духот на внатрепартиската демократија и почитување на желбите на нашите членови и поддржувачи од овие општини, одлуката за Кичево и Струга ја децентрализиравме и оставивме нашите општински организации да ја донесат, рече Ивановски.

Идинината сега! Време е! - е слоганот на СДСМ за претстојните локални избори, информира денеска на прес-конференцијата Ивановски.

Прашан за тоа кои ќе бидат предлозите на СДСМ за членови на анкетната Комисија за утврдување на одговорноста за настаните од 24 декември, тој рече дека направиле консултации за двајца нивни членови и оти се подготвени да ги достават кога ќе биде побарано.

- До овој момент нема иницијатива од страна на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов за избор на петтиот, некои би рекле, најважниот претставник на оваа комисија. Првиот предлог на Ѓорѓе Иванов сега претрпи измена, па петтиот член на таа Комисија треба да биде избран со заедничка согласност и консензус меѓу политичките партии, а не да биде некој политички или партиски претставник, посочи Ивановски

„Гответе со Дракче“ - Макарони со печурки

Во среда (01.05.2024) во емисијата гостин ни беше Љубица Јаневска Ивановска.

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакетче макарони

1 конзерва помодори пелати

1 помало пакување свежи печурки

2 млади кромитчиња

2 млади лукчиња

2 гранчиња босилек

1 брокула

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Магдалена Гроно нов главен дипломатски советник на Мишел

Актуелната виша советничка за надворешна политика на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, Магдалена Гроно, дополнително е именувана и за негова нова главна дипломатска советничка. 

Како што соопшти Европскиот совет, Гроно ќе го наследи Симон Мордју, кој е избран за заменик генерален секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), на која должност треба да стапи на 1 јули годинава.

Во соопштението на Европскиот совет се наведува дека Мишел му се заблагодарува на Мордју за неговата професионалност и посветеност во работата.

- Неговиот придонес имаше влијание врз успесите во надворешната политика на ЕУ и беше високо ценет дома и во странство. Претседателот Мишел му посакува се најдобро на Симон на неговата нов должност, се наведува во соопштението и се изразува уверување дека Мордју ќе даде свој голем придонес во ЕЕАС. /МИА

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за корупција

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја Витјук, висок функционер во разузнавачката служба СБУ, поради обвинувања за корупција, јави ДПА.

Указот е објавен синоќа на веб-страницата на украинскиот претседател, без да се прецизираат причините за разрешувањето.

Витјук беше шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Претходно, украинските медиуми објавија истраги во кои беше наведено дека сопругата на Витјук купила луксузен стан во центарот на Киев. /МИА

притисни ентер