СДСМ: Како изгледа „бизнисот“ на Максо и неговиот кум - Канал 5

СДСМ: Како изгледа „бизнисот“ на Максо и неговиот кум

Драган Митевски, кум на Максим Димитриевски, преку ноќ купил земјиште од Максим и неговото семејство за 250.000 евра.

СДСМ: Како изгледа „бизнисот“ на Максо и неговиот кум

Максо вели: „Погледнете во е-урбанизам“.

Ние погледнавме. Нема ништо за кумовските односи.

Нема договор како преку ноќ да се направат 350.000 евра.

Но еве, на Максо и на граѓаните јасно им објаснуваме:

Драган Митевски, кум на Максим Димитриевски, преку ноќ купил земјиште од Максим и неговото семејство за 250.000 евра.

Само неколку дена подоцна, истото земјиште го продал на Лидл за 600.000 евра.

Со нула инвестиција, заработил 350.000 евра чист профит.

Потоа, ги овластил купувачите да спроведат постапка за промена на ДУП кај неговиот кум – градоначалникот Максим Димитриевски.

Вчера, со одлука на Советот, ова е целосно реализирано.

Ова не е бизнис. Ова е класичен пример на корупција и злоупотреба на функција.

Максим Димитриевски, „антикорупционер“ познат по тендерите во Пошта, преку својот кум прави брзи и профитабилни трансакции, а потоа ја користи својата функција за да им обезбеди измена на урбанистичкиот план.

Ова е тендер-коалицијата ВМРО-ЗНАМ во акција.

Граѓаните заслужуваат да знаат:

Додека Мицкоски и Максим зборуваат за „борба против корупцијата“, нивните блиски прават стотици илјади евра преку ноќ со помош на јавната власт.

ЗНАМ беше формиран и финансиран од Мицкоски – само еден сателит за растурање на опозицијата, создаден од лични интереси, кому сега му истече рокот на употреба.

Ќе го потрошат Филков на темата Груевски и тука е крајот.

Најлошото е што Максо, кој прво ја предаде својата партија, а потоа и своите гласачи, денеска служи како мегафон на криминалната организација во заштита на партијата за која Мицкоски вели дека е „промакедонска“ – што е точно.

ВМРО е основана како бугарска партија, а денес нејзиното мнозинство го сочинуваат Бугари со македонски пасоши.

Оно што Максо мора да знае е дека не само тој, Филков и Сашо Петровски, туку и сите учесници во нивната криминална група предводена од шефот на бандата Христијан Мицкоски – ЌЕ ОДГОВАРААТ!

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО за прозивките од СДСМ: Предмети отвораме врз основа на докази, не на барања од политички партии

По прозивките од СДСМ, Јавното обвинителство соопшти дека предметите ги оформува исклучиво врз основа на прибавени докази и закони, а не под влијание или барања на политички субјекти.

ОЈО за прозивките од СДСМ: Предмети отвораме врз основа на докази, не на барања од политички партии

Од ОЈО Скопје посочуваат дека институцијата постапува согласно своите законски надлежности во сите случаи каде што постојат индиции или докази за сторено кривично дело.

Оваа реакција од Обвинителството доаѓа како одговор на прашањето дали ќе биде отворена истрага за случајот со „АЛТА банка“, по барањата и обвинувањата кои беа јавно изнесени од страна на опозицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кристијано Роналдо станува продуцент и влегува во Холивуд

Најдобро платениот светски фудбалер, легендарниот Кристијано Роналдо станува продуцент и влегува во Холивуд.

Кристијано Роналдо станува продуцент и влегува во Холивуд

Тој ги здружи сили со режисерот на хит филмот „Кингсман“.

41 годишниот Кристијано Роналдо ја проширува својата деловна империја и влегува во филмската индустрија.

Познатиот фудбалер ги здружи силите со режисерот Метју Вон (55), познат по филмовите од серијалот „Кингсман“ (Kingsman), со кого ја основаше филмската и телевизиска продукциска куќа „UR Marv“, пишува heute.at.

Првиот заеднички проект е акциона комедија „Stuntnuts“, во која се појавуваат и познати холивудски имиња, како што се Крис Хемсворт, Сем Роквел и Мет Дејмон.

Според германскиот „Билд“, филмот треба да им биде претставен на претставници од филмската индустрија на „Американскиот филмски пазар“ (American Film Market).

Дејството следи двајца талентирани каскадери кои прифаќаат ангажман во голема холивудска продукција, со цел да заработат доволно пари за да ја спасат својата локална теретана.

Специфичноста на филмот е во тоа што главните улоги ги играат професионални каскадери, а не класични филмски актери.

Меѓу нив се Боби Холанд Хантон (42), кој со години беше каскадер-двојник на Крис Хемсворт, и Грег Таунли (30), кој го заменуваше Том Холанд во филмовите за „Спајдермен“.

Во филмот настапуваат и Пол Лоу, кој работел на филмовите за „Хари Потер“ и на серијата „Игра на тронови“, како и Харука Ошима, позната по својата работа на филмовите „Не е време за умирање“ и „Матрикс“.

За време на подготовките за филмот се случи сериозна несреќа. Грег Таунли падна од водокула неколку месеци пред почетокот на снимањето, при што се здоби со фрактури на 'рбетот на три места. Поради неговата повреда, продукцијата беше одложена неколку месеци.

Несреќата подоцна беше вклучена во сценариото за да се истакнат опасностите со кои се соочуваат професионалните каскадери во својата работа.

За Роналдо, ова претставува нов деловен потфат надвор од фудбалот, а според медиумските извештаи, веќе се подготвуваат и други филмски и телевизиски проекти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ значително намалување на цените на горивата

Ново значително намалување на цените на горивата.

Од полноќ значително намалување на цените на горивата

Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар, а дизелот за 5,5 денари...

Од полноќ, новата цена на 95-ката ќе изнесува 86 денари, а на 98-ката, 88 денари за литар. Дизелот ќе се продава по 94,5 денари за литар.

Од регулаторна кажаа дека намалувањето на цените е резултат на падот на берзанските цени на нафтените деривати, понискиот курс на доларот, но и владините мерки за намалување на акцизите за бензините и дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер