МакедонијаСДСМ: Jанушев е осомничено лице во предмет од СЈО „Дизајн“Реакција на прес-конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕИгор Јанушев од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е осомничено лице за злоупотреба на службена положба и овластувања во предмет од СЈО „Дизајн". Дали треба притвор и кој ќе сноси одговорност не е тема на која Јанушев одлучува, за тоа си има надлежни институции. Игор Јанушев од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е осомничено лице за злоупотреба на службена положба и овластувања во предмет од СЈО „Дизајн" и токму тоа е показател за вистинските намери на оваа очајна партија која се плаши од правдата. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски имаат единствена агенда на политичко делување: преку конструкции да ја урнат правната држава, да ги загрозат реформите и напредокот во интеграциите. Лицата кои се на снимките се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, лицата како Орце Камчев, Зоран Кичеец, но и други за кои се водат истраги, исто како и лицата кои ги објавуваат материјалите. Нема да успеат обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку претставување на тајкуните и криминалците како жртви, да ја оддалечат државата од влез во НАТО и започнување преговори со ЕУ. Очајните обиди на ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат, отворените постапки против раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема да пропаднат како што сонува Мицкоски. Напротив, сите отворени предмети мора да се расчистат до крај. Сите предмети како: Титаник, Тврдина, Таргет, Транспортер, ТНТ, Титаник 2, Тортура, Тврдина 2, Насилство во Центар, Трезор, Топлик, Тендери, Тарифа, Тенк, Труст, Триста, Тотал, Траекторија, Талир, Империја, Странски Служби, Актор, Лидери, Тарифа 2, Транспортер 2, Моќник, Дизајн, Поштенска банка, Пропаганда, Империја 2, Хармонија, Базни Станици, Подарок и еден куп други мора да добијат правен епилог, а оние кај кои ќе се утврди вина, да сносат одговорност. Тоа важи и за актуелниот случај кој треба брзо да се разреши и секој, од прв до последен, кој е поврзан мора да одговара, вклучително и тајкуните на режимот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter