СДСМ: Јаневска продолжува со хаосот во образованието – удри врз учениците, го партизираше системот - Канал 5

СДСМ: Јаневска продолжува со хаосот во образованието – удри врз учениците, го партизираше системот

Јаневска продолжува со хаосот во образованието – удри врз учениците, го партизираше системот, а сега ќе затворала и училишта.

СДСМ: Јаневска продолжува со хаосот во образованието – удри врз учениците, го партизираше системот

Министерка Весна Јаневска во само една година успеа да направи незапаметен хаос во образованието, целосно да го урне достоинството на просветните работници и да нанесе штета врз учениците.

Образовниот систем Јаневска го претвори во лабораторија за политички експерименти на ВМРО-ДПМНЕ на штета на учениците и просветните работници. Сега најавува затворање на 100 училишта и без срам вели дека треба да се пренаменат во старски домови.

Ова е крајниот доказ дека Јаневска и ВМРО-ДПМНЕ немаат ниту визија, ниту план за образованието. Не знаат што да прават, па ќе затвораат стотици училишта.

Училиштата се срцето на секое општество, тие се иднината на земјата. Очигледно Јаневска и ВМРО-ДПМНЕ не ја разбираат ниту улогата ниту значењето на училиштето.

Наставниците се понижени, нивниот труд е погазен целосно.

Јаневска удри и врз учениците, и тоа врз најранливите, врз најчувствителната група ученици.

Ги избрка искусните и обучени образовни асистенти и ги замени со партиски кадри. Наместо децата да го добијат лицето на кое му веруваат, добија непознати луѓе без искуство, но со членска книшка од ВМРО-ДПМНЕ.

Јаневска го руши инклузивното образование за да вдоми партиски војници!

Но тука не застана. Државниот просветен инспекторат е целосно ставен под лична и партиска контрола. Наместо независна институција, Јаневска го претвори во алатка за притисок, закани и политички реваншизам врз директори и наставници.

Им се заканува со неисплаќање на патните трошоци на државните просветни инспектори, заканувајќи се од собраниската говорница дека таа е авторитетот на инспекторите. Донела Правилник за патните трошоци во нетранспарентна процедура со ретроградно дејство на штета на инспекторите. Со партиски подобните инспектори прави хајка, закани и притисоци врз директорите за нивно разрешување. Ова е брутална партизација на образованието!

Јаневска како опозиција ја напаѓаше новата концепција за основно образование, а сега признава дека имала „добри елементи“. Зошто тогаш ја блокираше цела една генерација ученици? Зошто дозволивте тие деца да бидат оставени без системска поддршка за нивната иднина?

Дури Јаневска оди до таму што јавно признава дека „тие се договориле“ да не ги сменува директорите на ресурсните центри затоа што промената на директор можело да биде голем потрес. А сменети се 3 од 5 директори.

Со кого сте се договарале, министерке? Со партијата? Како тоа ВИЕ се договарате да НЕ ги смените директорите на ресурсните центри?

Кои сте тоа ВИЕ, министерке, да одлучувате на кого ќе му остане мандат, а кого ќе смените? Директорите се именувани со мандат.

Ова не е ваша приватна фирма, туку образовен систем што мора да функционира според закон, а не според вашите партиски калкулации.

СДСМ остро го осудува ова безредие, партизација и уривање на образовниот систем.

Ја повикуваме министерката Јаневска: да ја прекине политичката злоупотреба, да ги повлече сите незаконски решенија и притисоци, и да отпочне итна, јавна и транспарентна дебата за сите образовни политики.

СДСМ ќе биде гласот на родителите, учениците и наставниците. Ќе ве следиме, ќе ве надгледуваме и ќе ви се спротивставиме – затоа што ова не е борба за партија, туку за иднината на нашите деца!

Прес конференција на СДСМ, Јованче Манасков – Комисија за образование

YouTube video

Скопје, 21.07.2025

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО-ОКГ

Вчера во Охрид се случи уште еден грозоморен чин на брутално насилство врз млада девојка. Сара. Безмилосно е претепана, фрлена на улица и оставена да умре. Сторителот е син на високи вмровски функционери.

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО-ОКГ

Вчера во Охрид се случи уште еден грозоморен чин на брутално насилство врз млада девојка. Сара. Безмилосно е претепана, фрлена на улица и оставена да умре. Сторителот е син на високи вмровски функционери.

За среќа, девојката преживеала.

Потресно е сведоштво на мајката на Сара, која се наоѓа во болница.

Изразуваме целосна поддршка и солидарност со Сара и целото нејзиното семејство. Таа заслужува заштита, мир и услови за закрепнување. Не страв дека повторно ќе биде нападната.

Според јавното сведоштво на мајката, осомничениот бил пуштен на слобода, додека нејзината ќерка стравува за сопствената безбедност.

Имало обиди за прикривање на случајот и влијание врз медицинската документација.

Само затоа што насилникот е син на Љубинка Корабоска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), предложена на таа функција од ВМРО-ДПМНЕ, и на Гоце Корабоски, инспектор во УЈП, за кого се зборува дека има блиски релации со Мицкоски.

Ова е последица заштитата којашто Панче Тошковски им ја овозможува на криминалците на власт, неказинивоста, контролата над судството и обвинителството и партизацијата на системот од страна на ВМРО.

Телохранител на Мицкоски кој ја тепаше сопругата па беше ослободен, во Богданци млада девојка беше жива запалена, за 5 тони дрога нема одговорност, Симо наместо во затвор е пуштен за гласови, во Куманово сериски убиец, секој ден жртви на насилство.

Нема пари за електронски алки а има за Гета од 5,53 милиони евра.

Неказнивоста ги охрабрува насилниците. Пропустите на МВР и штитењето на криминалот имаат фатални последици.

Затоа бараме веднаш да се утврдат сите пропусти, влијанија и обиди за заштита на осомничениот насилник.

Бараме одговорност од сите и нивно разрешување од позииите. Бараме итна и ефективна заштита на Сара.

Како жени, нема да молчиме туку силно ќе се спротиставиме.

Нема да прифатиме жените во Македонија да живеат во страв, а насилниците да се чувствуваат недопирливи само затоа што се блики до ВМРО.

Пред нас е борба со мафијата – против злоупотребите на ВМРО, против злоупотреба на моќта, врските и притисоците, против неказнивоста.

Бандата ќе одговара.

Прес конференција на Форумот на жени на СДСМ, Кети Штерјова

YouTube video

Скопје, 16.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Внатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегство

Одделот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи ги испитува околностите под кои битолчанецот приведен за физичко и психичко насилство врз 21-годишната партнерка, избегал низ прозорец од СВР Битола и веќе пет дена е во бегство.

Внатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегство

Девојката на 10 ноември пријавила дека била физички нападната од партнерот, кој ја давел и ја удирал, по што побарала лекарска помош.

По пријавата, насилникот дошол во СВР Битола во придружба на родител, но, кога му било соопштено дека ќе биде задржан, скокнал низ прозорецот и избегал од полициската станица.

Бидејќи пријавениот сè уште не е пронајден, девојката е сместена во шелтер-центар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СВР Битола го лиши од слобода лицето пријавено за семејно насилство

Денеска полициски службеници од СВР Битола, во координација со бранителот на лицето К.У.(24) и Основното јавно обвинителство Битола, презедоа мерки лицето доброволно да се предаде во СВР Битола.

СВР Битола го лиши од слобода лицето пријавено за семејно насилство

Денеска во 12:00 часот, К.У. доброволно се предал и е лишен од слобода. Со него се врши службен разговор од страна на инспектори од криминалистичката полиција при СВР Битола.

Против него, на 11.11.2026 година, е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Загрозување при семејно насилство“ по член 144 став 3 и „Телесна повреда при семејно насилство“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик.

Се преземаат понатамошни мерки и активности во координација со надлежното Основно јавно обвинителство Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер