СДСМ: Ја унапредуваме здравствената заштита и условите за работа на медицинскиот персонал

Владата предводена од СДСМ постојано вложува во унапредување на здравствената заштита и подобрување на условите за работа на медицинскиот персонал.

Мерките и политиките ги насочуваме кон обезбедување на достојни услови за работа и привлекување на младите доктори.

Веднаш по завршувањето на образованието тие имаат отворена шанса за работа во здравствените установи.

Веќе се објавени два јавни повика за шест месечна платена работа за лекари и патронажни сестри.

Сите 290 заинтересирани и пријавени кандидати ќе започнат со работа во следниот период.

За првпат, Владата предводена од СДСМ обезбеди средства за приватните специјализанти и одобрени се 931 специјализација за четири годишниот период.

Платите во здравството постојано растат.

Покачена е платата за 10 отсто на медицинските сестри и 15 отсто на докторите специјалисти.

Со ребалансот на буџетот, септемвриската плата во во здравството се зголемува за дополнителни 5 отсто.

Остануваме на нашето ветување до крајот на мандатот, платата на лекарите специјалисти да изнесува 100 илјади денари.

Матичните лекари од следниот месец ќе добијат поголема капитација со што ќе се реши уште еден долгогодишен проблем наследен од ВМРО-ДПМНЕ.

Ги зголемивме коефициентите за исплата на дежурства, ноќен труд и дополнителна работа на здравствените работници. Со тоа ги мотивираме лекарите и медицинскиот персонал, да останат тука, да продолжат да работат во јавното здравство.

Како одговорна партија преку конкретни мерки остануваме посветени на грижата кон пациентите и здравствените работници.

Го унапредуваме здравственот систем во интерес на граѓаните, лекарите и медицинскиот персонал.

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Крис Павловски, директор на Рамбл

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го прими Крис Павловски, директорот на водечката светска компанија за дигитални платформи Рамбл, кој е во посета на земјата во рамките на конференцијата Македонија 2025.

На средбата, Павловски ја претстави работата на Рамбл, компанија која котира на индексот Наздак на берзата во Њујорк, со нејзината етаблирана видео платформа и е во подем во дејноста на развојот на дигиталната инфраструктура и клауд услугите. Како водечки претприемач со македонско потекло, господинот Павловски изнесе мислења за состојбата во дигиталниот сектор, за трендовите и перспективите кои може да се искористат.

Претседателката Сиљановска Давкова го информираше Павловски за нејзината иницијатива за развивање на соработката со македонската дијаспора, со цел максимално да се искористат сите можности за економски развој на земјава.

Фоден прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата

Крилниот напаѓач на Манчестер сити, Фил Фоден е прогласен за најдобар играч на сезоната во англиското фудбалско првенство, објавено е на официјалниот сајт на градот.

Оваа сезона во Премиер лигата, 23-годишниот играч од средниот ред одигра 34 натпревари, постигнувајќи 17 гола и постигна осум асистенции.

Пазарната вредност на Фоден на фудбалскиот пазар се проценува на 130 милиони евра.

Договорот на играчот со Манчестер сити е до летото 2027 година./МИА

Буркина Фасо, Мали и Нигер го финализираа проектот за создавање тристран сојуз

Буркина Фасо, Мали и Нигер во Ниамеј го финализираа нацрт-текстот за создавање сојуз на земјите од Сахел. Нацртот се очекува да биде усвоен од трите земји предводени од воените хунти во наредните недели.

Во главниот град на Нигерија вчера се одржа состанок помеѓу министрите за надворешни работи на Мали, Буркина Фасо и Нигер, Абдулај Диоп, Карамоко Жан Мари Траоре и Бакари Јау Сангари.

- Целта на средбата беше да се финализира нацрт-текстот поврзан со институционализацијата и функционирањето на Конфедерацијата на Сахелските држави, истакна Сангари.

Буркина Фасо, Мали и Нигер се поранешни француски колонии, кои ја продлабочуваат соработката со Русија. /МИА

притисни ентер