СДСМ: Jа донесовме победата за македонскиот јазик во ЕУ, Мицкоски ја претвори во пораз - Канал 5

СДСМ: Jа донесовме победата за македонскиот јазик во ЕУ, Мицкоски ја претвори во пораз

Христијан Мицкоски е единствениот политичар во Македонија кој директно придонел за понижување на македонскиот јазик и негово бришење од Европскиот парламент

СДСМ: Jа донесовме победата за македонскиот јазик во ЕУ, Мицкоски ја претвори во пораз

Затоа се поставува прашањето: Дали иницијативите на Мицкоски за “меѓународна верификација” на македонскиот јазик и идентитет се однапред осмислена фарса, смислена да заврши со неуспех?

Фактите го говорат спротивното од неговата реторика. Еве дел од најзначајните меѓународни потврди на македонскиот идентитет и јазик во времето на СДСМ од 2017 – 2024 година:

-1 август 2017 – Потпишан е Договорот за добрососедство со Бугарија, на македонски јазик.

-17 јуни 2018 – Преспанскиот договор со Грција експлицитно го потврдува македонскиот јазик и идентитет, согласно член 1(3) и член 7.

-2019 година – Обединетите Нации го потврдуваат македонскиот јазик како официјален за меѓународна употреба.

-Јули 2022 – Усвоена е преговарачката рамка со ЕУ, каде јазикот е јасно именуван како „македонски“.

-28 јули 2022 – Регистриран Центарот за македонски јазик во Грција.

-19 март 2023 – Основниот суд во Лерин ги отфрла барањата за укинување на регистрацијата на Центарот.

-15 јуни 2023 – Бундестагот усвојува резолуција за поддршка на македонскиот јазик, култура и идентитет.

-Септември 2023 – Сојузните држави Мичиген и Илиноис прогласуваат месец на македонската култура во САД.

-17 јуни 2024 – Метју Нимиц: „Посебноста на македонскиот јазик е светски призната и потврдена, не може да се преговара за нечиј идентитет“.

Овие факти се доказ за успесите на македонската дипломатија под водство на СДСМ. Сите овие верификации се постигнати низ труд, преговори, и државнички однос кон националните прашања – нешто што Мицкоски очигледно свесно го поткопува а Тимчо Муцунски нема ниту знаење, ниту капацитет, едноставно не го бива.

Македонскиот јазик не се брани со лажни иницијативи и театар, туку со резултати. А Мицкоски треба да сноси одговорност за тоа што прв – и единствен – го избриша македонскиот јазик од Европскиот парламент, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Целта е институциите и претпријатијата да се адаптираат на новите текови кои ги носи ВИ

Утринава се дискутираше на темата новата ера на вештачката интелигенција во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ.

Андоновски: Целта е институциите и претпријатијата  да се адаптираат  на новите текови кои ги носи ВИ

Целта според министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски со проектот Везилка целта е државаните институции и пртепријатијата полесно да се адаптираат на новите современи текови кои ги носи вештачката интелегенција

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Салата со пилешко месо

Во среда (11.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Татјана Петровска.

„Гответе со Дракче“ - Салата со пилешко месо

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. пилешки стек

300 гр. кашкавал

400 гр. кисели краставички

500 гр. кисела павлака

150 гр. мајонез

3 јајца

150 гр. кикиритки

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин!

Финскиот претседател Александар Стуб ги повика европските лидери директно да преговараат со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на војната во Украина. 

Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин!

Стуб за британскиот весник „Фајненшел тајмс“ изјави дека е неодговорно задачата за преговарање за мир во Украина да им се препушти на Соединетите Американски Држави.

„Предолго им препуштавме на другите да се занимаваат со односите меѓу Европа и Русија; сметам дека тоа беше неодговорно“, рече Стуб.

„Сега, кога го имаме рамковниот пристап (европски претставници за преговори), верувам дека европските лидери треба директно да стапат во контакт со Путин, да му ја пренесат истата порака и да разговараат за истите теми“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер