СДСМ и Левица ја поднесоа во собрание коригираната иницијатива за формирање анкетна комисија за Кочани - Канал 5

СДСМ и Левица ја поднесоа во собрание коригираната иницијатива за формирање анкетна комисија за Кочани

Двете иницијативи за формирање Анкета комисија поднесени од опозицијата и од власта -  едната само за трагедијата во Кочани, а другата и за случаите Дурмо турс, Беса Транс и Модуларната во Тетово влегуваат во собраниска процедура.

СДСМ и Левица ја поднесоа во собрание коригираната иницијатива за формирање анкетна комисија за Кочани

Откако еднаш ја отфрли како неделовнчка, а СДСМ и Левица ја корегираа ... овој пат Собранието ја одборило иницијативата како деловнички уредна и сега и двете се доставени на разгледување до пратениците, информираат за Канал 5 од собраниските служби. Дали и која иницијатива ќе биде прифатена ќе одлучуваат народните избраници, најпрво во матичните собраниски комисии за политички систем и законодавно-правната, а потоа и на пленарна седница. Од опозициската Левица не ја исклучуваат можноста да се формираат две Анкетни комисии и највија учество на нивни пратеници и во двете.

„Ние како пратеничка група имаме право на уечство и во двете комисии – по еден пратеник од нашите редови и ќе учествуваме и во двете, доколку се формираат. Очекувам на пленарна седница да бидат ставени и двете иницијативи на дневен ред“– Димитар Апасиев, пратеник и претседател на Левица .

Од владеачката Вреди, чии пратеници се дел од предлагачите заедно со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за формирање проширена Анкетна комисија на која освен за пожарот во Кочани, ќе се расправа и за оној во модуларната во Тетово и за автобуските несреќите на Дурмо Турс и Беса Транс сметаат дека само преку ваков сеопфатен пристап може да се лоцираат институционалните празнини, но и индивидуална одговорност во сите четири случаи.

Во меѓувреме за трагедијата во Кочани ќе се расправа и на постојаната Анкетна комисија за заштита на човековите права и слободи закажана за 9-ти декември, а со која претстедава пратеникот Апасиев. На дневен ред е преставката од родителите на жртвите во несреќата, поднесена до Собранието уште во јули. На ова комисија збор ќе имаат и родителите на загинатите деца, а поканети да присуствуваат се и спикерот Гаши, премеирот Мицкоски, претседателката Сињановска Давкова, министерот за внатрешни Топшковски како и коридинаторите на пратеничките групи. Целта на комисјата е лоцирање на политика одговорост и фомирање заклучоци за конкретни законски измени со цел адресирање и на системските пропусти кои довеле до најдолемата трагедија во земјава во која животите ги загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдена поддршката на Полска за европскиот пат на Македонија

Денеска во Собранието, Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Полска одржа средба со потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња и делегацијата.

Потврдена поддршката на Полска за европскиот пат на Македонија

На средбата покрај претседателката на Групата, Даниела Николова, присуствуваа и членовите: Оливер Спасовски, Весна Бендевска, Жан Дрвошанов и Драгана Бојковска.

Претседателката на Групата, Николова, им посака добредојде на потпретседателот Холовња и на членовите на полската делегација, изразувајќи задоволство од можноста за средба и размена на мислења. Таа ги истакна добрите и пријателски односи меѓу Република Македонија и Република Полска, нагласувајќи ја потребата од нивно натамошно продлабочување и унапредување.

Потпретседателот на полскиот Сејм, Холовња, се заблагодари за топлото добредојде потврдувајќи ја полската поддршката на патот кон ЕУ. Тој истакна дека земјата има значајно искуство во надминувањето на предизвиците и изнаоѓањето решенија за сложени прашања, изразувајќи надеж дека во блиска иднина ќе се надминат и отворените прашања со Република Бугарија.

Соговорниците ја истакнаа досегашната соработка помеѓу двете земји во областа на економијата, туризмот и образованието, исто така, беше нагласена и потребата од нејзино проширување и продлабочување во повеќе сектори и тоа не само на ниво на билатерална соработка туку и на ниво на работни тела/комисии бидејќи тие се сржта на парламентаризмот.

Томаш Глоговски, претседателот на Пратеничката група за соработка Полска – Балкан во полскиот Парламент, ја потврди поддршката за европските интеграции на Република Македонија. Тој истакна дека ги разбира предизвиците со кои се соочува земјата во моментот на евроинтегративниот пат, изразувајќи надеж дека во блиска иднина ќе се најде заемно прифатливо решение.

На крајот на средбата, соговорниците изразија подготвеност за продолжување на соработката преку интензивирање на меѓусебните контакти и размена на искуства, со цел зајакнување на билатералните односи и продлабочување на пријателските врски меѓу двете земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Приказни што оживуваат“: Децата го истражуваат надреалистичкиот свет на Салвадор Дали

Креативниот центар „Сончогледи“ продолжува со реализација на циклусот креативни работилници „Приказни што оживуваат – уметност, литература и пантомима за деца“, поддржан од Град Скопје. 

„Приказни што оживуваат“: Децата го истражуваат надреалистичкиот свет на Салвадор Дали

Второто издание од циклусот ќе биде посветено на Салвадор Дали, еден од највпечатливите претставници на надреализмот, чие творештво ја истражува границата меѓу реалноста, соништата и фантазијата.

Работилницата наменета за деца и млади над 6 години ќе се одржи во четврток, 29 октомври, со почеток во 18 часот, во просториите на креативниот центар „Сончогледи“, во Т.Ц. Олимпико, Тафталиџе.

Преку раскажување, набљудување и анализа на уметнички дела, децата и младите ќе се запознаат со животот и творештвото на Дали, неговиот необичен уметнички израз и светот на надреалистичката имагинација. Дел од неговата лична приказна ќе биде претставен преку глума и пантомима, со што литературата, ликовната уметност и сценскиот израз ќе се поврзат во едно интерактивно креативно искуство.

Практичниот дел од работилницата ќе биде посветен на сликањето со акрилни бои. Инспирирани од надреалистичките визии на Дали, учесниците ќе создаваат сопствени дела, експериментирајќи со формите, боите и неочекуваните комбинации. На тој начин, преку непосредно искуство и слободно творештво, ќе имаат можност да ја развиваат својата визуелна перцепција, креативно размислување и личен уметнички израз.

Циклусот „Приказни што оживуваат“ има за цел да им овозможи на децата и младите да ја доживеат уметноста како простор за истражување, прашања, имагинација и сопствено творештво, поврзувајќи ги литературата, ликовната уметност и пантомимата на пристапен и инспиративен начин.

Работилницата ќе ја водат Марина Туфекчиевска, комуниколог и дипломиран филолог по општа и компаративна книжевност; Кристина Таневска, визуелен уметник, ликовен педагог – вајар и магистер по сликарство; и Метo Јанакиевски, историчар на уметност и пантомимичар.

Учеството на работилницата е бесплатно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полициските службеници изминатите три дена констатираа 2720 сообраќајни прекршоци

Лишени од слобода 67 лица за безобѕирно управување на возило.

Полициските службеници изминатите три дена констатираа 2720 сообраќајни прекршоци

Во текот на изминатите три дена (23/24/25.10.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 2720 издадени платни налози, 1360 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 67 лица, од кои седум за возење под дејство на алкохол, 21 за возење без возачка дозвола, осум поради претходно изречена забрана за управување со возило, три поради возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, а едно лице поради возење со брзина поголема од дозволената надвор во населено место.

Во истиот период одземени се 27 возила по член 300-б од Кривичниот законик.

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите три дена евидентирани се 328 прекршоци за неправилно паркирање, како и 57 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 33 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем. Исто така санкционирани се 239 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 23 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а четири заради техничка неисправност. Санкционирани се и осум возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер