СДСМ:Граѓаните се за светла иднина, за членство во НАТО и ЕУ, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став за референдумот и не кажуваат за што се

Христијан Мицкоски да не се крие зад лажните вести што ги пласира неговата ВМРО-ДПМНЕ, туку да излезе пред граѓаните и да соопшти за што е. се наведува во соопштението на СДСМ. 

Или е за светла иднина, напредок, членство во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет или за уназадување, криминал, изолација, враќање назад кон темно минато.

Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ постојано зборуваше за референдум а сега нема јасен став.Несериозно и неодговорно кон граѓаните и државата е да се нема јасен став за референдумот, за најважните прашање за иднината на државата.

Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ и НАТО.Граѓаните се определени за светла иднина наместо за небиднина.

На референдумот на 30 септември граѓаните ќе изберат ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зајакнат и признаен македонски идентитет од целиот свет.

Да за македонската иднина.

Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа

Бајден рече дека верува оти постигнувањето прекин на огнот со Хамас е најдобриот начин да се заштитат животите на израелските заложници во Газа, наведуваат агенциите, цитирајќи неименуван портпарол на Белата куќа.

Претседателот на САД, Џозеф Бајден, денеска во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја повтори загриженоста на САД поради инвазијата врз Рафа, каде што повеќе од милион цивили се засолниле од другите делови на Појасот Газа и побара итно отворање на преминот Керем Шалом кон Појасот Газа со цел хуманитарната помош да стигне до таа палестинска енклава, пренесуваат светските медиуми.

Бајден рече дека верува оти постигнувањето прекин на огнот со Хамас е најдобриот начин да се заштитат животите на израелските заложници во Газа, наведуваат агенциите, цитирајќи неименуван портпарол на Белата куќа.

Разговорот се одржа неколку часа пред Бајден да го угости јорданскиот крал Абдула Втори на приватен ручек во Белата куќа.

Нетанјаху вчера го отфрли меѓународниот притисок за прекин на војната во Газа, велејќи дека ако Израел биде принуден да биде сам, ќе остане сам.

„Им велам на светските лидери: никаков притисок, ниту една одлука на кој било меѓународен форум нема да го спречи Израел да се брани“, рече тој, зборувајќи на англиски и додаде „никогаш повеќе е сега“.

Видео: Потег на годината во УФЦ 301 рингот!!

Бразилскиот боксер Мишел Переира, го изведе еден од најспектакуларните потези во „UFC 301“рингот.

Переира за 54 секунди го победи противникот, Ихори Потиерија, со спектакуларен скок и зафат наречен „гилотина“.

Переира по половина минута најпрвин со одмерена сила го собори Украинецот, а потоа со назад салто се фрли кон него и почна да го удира.

Бразилскиот борец победи за само 54 секунди, но пред тоа изведе неколку спектакуларни потези.

Судијата се обиде да ги раздвои и го прекина мечот, а Украинецот само падна на подот без свест.

Ова беше 31. победа во кариерата за Бразилецот.

Далас го продолжи договорот со Кид

НБА лигашот Далас Маверикс потпиша нов повеќегодишен договор со својот досегашен тренер Џејсон Кид, кој е на нивната клупа од летото 2021 година, јавија денеска американските медиуми.

Во две од трите сезони поминати на клупата на Далас, Кид постигна 50 или повеќе победи во една сезона (52 во сезоната 2021/22 и 50 во тековната сезона) и во двата наврати тимот влезе во плеј-офот и го помина првиот круг.

Пред две години стигна до финалето на Западот, а годинава ќе игра во второто коло против Оклахома Сити, додека минатата сезона тимот потфрли со скор од 38-44.

„Возбудени сме што тренерот Кид ќе продолжи да го води нашиот тим и во наредните години благодарение на заслуженото продолжување на договорот, изјави мнозинскиот сопственик на Далас, Патрик Думонт.

притисни ентер