3IN MEMORIAM: Почина проф. д-р Зоран Спировски, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија
Полисата за осигурување на „Титаник“ оди на аукција, била потпишана 19 дена пред трагедијата - се очекува рекордна сума
1Полисата за осигурување на „Титаник“ оди на аукција, била потпишана 19 дена пред трагедијата - се очекува рекордна сума
3Канје Вест одржа прва модна ревија по четири години, најголемо внимание привлече неговата сопруга Бјанка (ВИДЕО)
МакедонијаСДСМ: Гостивар без безбедна вода, Скопје со западнонилска треска – Клековски и Мицкоски не можат да го заштитат здравјето на граѓанитеСо Мицкоски, Клековски и ВМРО, здравјето на граѓаните е загрозено.На Клековски и Мицкоски им му се случија две здравствени кризи ама тие заминаа на одмор, на екскурзија. Наместо превенција, наместо итна реакција и решение, во двете кризи видовме целосен распад на системот и неспособност на Клековски и ВМРО. А се работи за здравјето на луѓето. Во Гостивар, граѓаните беа отруени, со недели без безбедна вода за пиење. 5.000 граѓани завршија во болница. По пет недели, и сега откако велат дека водата е безбедна, нема објавено ниту еден официјален документ кој ќе го потврди тоа. Резултатите од анализите на водата, кои не се објавуваат веќе пет недели, внесуваат несигурност и создаваат паника кај граѓаните. Ако сè е исправно, зошто резултатите досега не се објавени, кога испитувањата се прават секојдневно? Што се крие од граѓаните, додека министерот повикува на транспарентност? Сака да ги објави резултатите од 2017 година, а не сака да ги објави денешните. Тоа само покажува дека нешто не е во ред. Во Скопје ескалира кризата со западнонилската треска. 35 потврдени случаи од западнонилска треска. 3 починати. 6 лица во критична состојба на интензивна нега. Од една криза во друга. Од една епидемиолошка закана во друга. Пак задоцнето, сега допрва мерки, сега допрва прскање. Тотален колапс и хаос. Клековски, како и неговиот шеф Мицкоски, ги оставија граѓаните и заминаа на екскурзија. Додека Клековски ја сведува борбата против западно-нилскиот вирусот на апели за пријавување мртви гаврани и празнење на базени, граѓаните секојдневно се изложени на ризик. Ова е уште еден доказ за целосниот распад на системот. Општините не спроведуваат навремено прскање против комарци. Центрите за јавно здравје немаат капацитет за системска ентомолошка контрола. Агенцијата за храна и ветеринарство реагира само декларативно, без масовни проверки на живината. Резултатот е трагичен: заболени граѓани, смртни случаи и пациенти во критична состојба. Наместо системска акција според протокол - има молк, неспособност и префрлање на одговорноста врз граѓаните. СДСМ бара итна и системска реакција: следење на популацијата на комарци на територијата на град Скопје, лабораториско тестирање на примероци за присуство на вирусот, масовна дезинсекција и уништување на жариштата – канали, бари и водни површини. Да се направи итна контрола на живината и дивите птици, пријавување и тестирање на мртви птици. И, најважно, итна институционална координација помеѓу Министерството за здравство, центрите за јавно здравје, општините и Агенцијата за храна и ветеринарство. Граѓаните не смеат да бидат единствениот „аларм“ за епидемијата. Владата треба да ги штити нив. Клековски не може да го обезбеди тоа и треба да понесе одговорност. Прес-конференција на СДСМ, Кети Штерјова СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМурињо го собори рекордот на Ла Лига Реал Мадрид убедливо ја победи Валенсија со 3:0 на „Местаља“ вчера вечерта во 12-то коло од Ла Лига, а со таа победа тренерот Жозе Мурињо дополнително ја подобри својата веќе импресивна статистика. Тоа беше 97-ма победа на Португалецот во 126 натпревари, со што неговата стапка на успех достигна 77 проценти. Овој резултат го става Мурињо на првото место меѓу тренерите кои воделе најмалку 100 натпревари во шпанското првенство. Никој во историјата на натпреварувањето нема поголем процент на победи во таа категорија. Веднаш зад него е Пеп Гвардиола, кој забележа 116 победи во 152 натпревари, што претставува стапка на успех од 76,3 проценти. Флик има уште подобар процент Според податоците на шпанските статистичари, Карло Анчелоти е следен на листата со 71,1% (162 победи во 228 натпревари). Ханси Флик има уште подобар коефициент од Мурињо, 79,3 проценти победи, но сегашниот тренер на Барселона сè уште не ја достигнал границата од 100 водени натпревари. Флик забележа 69 победи во 87 натпревари. 1. Ханси Флик - 79,3 % (69 победи во 87 натпревари) 2. Жозе Мурињо - 77% (97 победи во 126 натпревари) 3. Пеп Гвардиола - 76,3 % (116 победи во 152 натпревари) 4. Карло Анчелоти - 71,1 % (162 победи во 228 натпревари) Во победата над Валенсија, Реал поведе со голот на Федерико Валверде во 28-та минута, а Арда Гулер го дуплираше водството во 36-та минута. Конечните 3:0 ги постави Килијан Мбапе во 75-та минута. За мадридскиот тим ова беше осма последователна победа во сите натпреварувања.Тагови: Жозе Мурињо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСе зголеми бројот на жртвите во железничката несреќа во Египет (ВИДЕО)Бројот на жртви во големата железничка несреќа во Египет се искачи на седум, а 112 лица се повредени, соопштија египетските власти.Несреќата се случила кога четири вагони од патнички воз излетале од шините во близина на селото Герза во египетската покраина Гиза и се судриле со друг воз, недалеку од Каиро, објави „Араб њуз“. Локалните медиуми претходно објавија дека 120 лица се повредени, без да ја прецизираат сериозноста на нивните повреди. Некои египетски медиуми објавија дека бројот на повредени е повеќе од 150. Несреќата се случила во областа Ал-Ајат, по што на местото на настанот биле испратени 50 амбулантни возила, екипи за цивилна одбрана и безбедносни сили, објави „Галф њуз“. Four train carriages have overturned in a major derailment, with up to 150 injuries reported and more than 50 ambulances dispatched to the scene in Giza, Egypt. https://t.co/PMGZobDwl7 — Weather Monitor (@WeatherMonitors) November 8, 2026 Повредените биле однесени во блиските болници во покраината Бени Суеф, додека болниците во Гиза биле ставени во состојба на готовност за лекување на повредените. Како што претходно објави „Ал Арабија“, машиновозачот им подлегнал на повредите. Египетското јавно обвинителство започна истрага за причините за железничката несреќа и ѝ наложи на полицијата да ги спроведе потребните проверки и да ги испраша сведоците и повредените патници. Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси изјави дека ја следи несреќата со „голема загриженост“ и им нареди на властите да спроведат итна истрага за да „ги повикаат на одговорност сите оние за кои е утврдено дека биле небрежни“.Тагови: Египет железничка несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветФинансаискиот директор на „Бајненс“ поднесе оставка по хакерската кражба на 6,3 милијарди долари „Бајненс“, најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека нејзиниот финансиски директор Кајзер Нг ја напушта функцијата и дека ќе биде наследен од Џастин Јек.„Бајненс“, најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека нејзиниот финансиски директор Кајзер Нг ја напушта функцијата и дека ќе биде наследен од Џастин Јек, само неколку дена откако хакерите украдоа криптовалути во вредност од 6,3 милијарди долари од платформата. „Кајзер Нг одлучи да започне нов потфат по повеќе од пет години во „Бајненс“, со план за транзиција кој беше имплементиран во текот на изминатите шест месеци. Му посакуваме се најдобро во неговото следно поглавје“, рече копретседателката на компанијата, Ји Хе, според „Блумберг“. Нг се приклучи на компанијата во јануари 2022 година, откако помина околу пет години на друга крипто берза, „Кракен“. Неговиот наследник, Џастин Јек, претходно беше потпретседател за финансии во компанијата за услуги за плаќања „Ервалекс“. „Воодушевен сум што ја преземам улогата на финансиски директор во „Бајненс“. Со нетрпение очекувам да го водам финансискиот сектор на компанијата додека продолжуваме одговорно да го шириме нашиот бизнис и да ја постигнеме нашата глобална мисија“, рече Џек во соопштението. Компанијата претходно објави дека хакерите минатата недела украле 6,3 милијарди долари криптовалути, што беше опишано како најголема кражба во историјата на индустријата. Федералното истражно биро на САД (ФБИ) на 31 октомври објави дека Северна Кореја стои зад нападот. „Бајненс“ по нападот соопшти дека вратила околу 90 проценти од украдените средства и продолжува да работи на целосно обештетување на корисниците. Нападите врз крипто платформите претставуваат растечки безбедносен предизвик за индустријата која се прошири на глобалниот финансиски пазар во последните години, соопшти американската агенција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook