СДСМ го повика Mицкоски пратениците од ВМРО -ДПМНЕ да ja поддржат собраниската иницијатива

Јавноста а ниту политичките експоненти не се смирени по најавите на Уставниот суд за разгледување на иницијативата за уставноста на членот 11 -а од Законот за аболиција .

Трет ден не стивнуваат реакциите по најавата дека Уставниот суд ќе ја преиспитува установста на членот 11-а од Закнот за помилување од 2016-та година, што му овозможи на поранешниот претседател Ѓорге Иванов да ги поништи помилувањата кој самиот ги даде за 56 лица, меѓу кои поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ обвинети и осомничени во случаите на СЈО.

За дел од претстаниците на правната фела ова прашање мора да има завршница еднаш засекогаш, бидејќи ако се остави така ќе може секогаш да се актуелизира. Поранешниот претседател на Врховниот суд Дане Илиев за Канал 5 вели доколку Уставниот суд го поништи членот ќе се направи голема штета. Тој е на став дека треба да се бара одговорност од поранешнот претседател Иванов.

Од СДСМ ги повикаа од ВМРО - ДПМНЕ нивните пратеници да ја поддржат иницијативата за автентично толкување од Собранието. Потпретседателот на на владејачката партија Оливер Спасовски од граѓанската трибина во Неготино упати порака и до претседателот на Уставниот суд, повикувајќи го да остане стожер на заштитата на уставноста и законитоста.

За ВМРО-ДПМНЕ повторното актуелзиирање на три години старата иницијатива е политички мотивирана со цел да се покријат актуелните афери. Претседателот на партијата Христијан Мицкоски од партиската трибина во Кочани се произнесе и за иницијативата на Уставниот суд.

Партијата и денеска без јасен став дали би дале поддршка во Собранието за автентично толкување на членот 11 а од Законот за помилување.

“ Јасен е и нарачaтелот кој што може да стои зад оваа одлука. Само на политичар кој што е аболициран за тежок криминал, може да му текне да ја злоупотреби аболицијата во овој момент. ВМРО-ДПМНЕ принципиелно е против амнестии и против аболиции. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи амнестии и аболиции. Доколку Заев продолжи со неговиот план и ги разгневи граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со нив на протести. “

Канал 5 и по прес конференцијата на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, се обиде да дознае стриктен став од партијата но и во телефонскиот разговор со Стоилковски.

Од ДУИ вчера кажаа дека за барањето ќе се консултираат со домашни и меѓународни независни експерти.

Со став се огласија и од партијата пензионерите од каде велат дека Уставниот суд, со ваквата одлука, ризикува да создаде услови со кои ќе се урнисаат сите досегашни напори за правда и нулта толеранција на корупцијата и да промовира неправда, неказнивост и заштита на криминалот.

За оваа иницијатива Уставниот суд има рок од триесет дена да се произнесе, а веќе во среда ќе се разгледува и иницијативата за преиспитување на Законот за амнестија врз основ на кој беа амнестирани инволвирани лица во упадот во Собранието од 27ми април, меѓу кои се и петмината пратеници Крсто Мукоски, Сашо Василески, Јохан Трчуловски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов.

Фјури побара реванш, Усик прифати

Британскиот боксер Тајсон Фјури, по поразот од Украинецот Олександр Усик во главниот меч на боксерската вечер во Ријад, потсети на клаузулата во договорот која предвидува реванш.

По објавувањето на резултатот, боксерите разговараа за одржување на реванш во октомври.

Усик, кој стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век, одговори: „Подготвен сум“.

За 35-годишниот Фјури ова беше прв пораз во кариерата. Пред оваа борба тој освои 34 победи и една борба со негово учество заврши нерешено.

Триесет и седумгодишниот Усик сега има 22 победи во 22 борби./МИА

Инцидент при слетувањето на хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси

Иранската државна телевизија објави дека хеликоптерот, со кој се превезувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“.

Телевизијата не соопшти детали за инцидентот, само дека спасувачи се обидуваат да стигнат до хеликоптерот со кој се превезуваа Раиси и други функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан.

Раиси патувал во иранската провинција Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

На социјалните мрежи се појави и видео од насобрани луѓе кои се молат за здравјето на Раиси.

Сафади: Јордан бара меѓународна истрага за можни воени злосторства во Газа

Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади денеска соопшти дека неговата земја бара меѓународна истрага за наводните бројни воени злосторства извршени за време на војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Сафади, кој денеска во Аман се сретна со шефот на Агенцијата на ОН за помош за палестинските бегалци (УНРВА) Филипe Лазарини, на заедничката прес-конференција рече дека одговорните за документираните злосторства треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

Минатиот месец, Советот за човекови права на Обединетите нации усвои резолуција со која Израел се повикува на одговорност за можни воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа.

За резолуцијата гласаа 28 земји, 13 беа воздржани, а шест гласаа против резолуцијата, вклучително и САД и Германија.

Резолуцијата ја нагласува „потребата да се обезбеди одговорност за сите прекршувања на меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за заштита на човековите права со цел да се стави крај на неказнивоста“. /МИА

притисни ентер