2Инфлација од 4,8% измери Државниот завод за статистика за месец мај споредбено со истиот период лани
МакедонијаСДСМ: Фронтот за вистина и правда е повик за надпартиско обединување за иднината на државатаКузеска посочи дека Македонија не смее да биде заложник на политики кои ја оддалечуваат од европскиот пат и дека е потребно обединување околу заедничките државни интереси.Наместо поделби, СДСМ нуди визија за обединување околу државните интереси, економски развој, борбата против корупцијата и европските вредности преку поширок Фронт за вистина и правда, порача портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција. Кузеска посочи дека Македонија не смее да биде заложник на политики кои ја оддалечуваат од европскиот пат и дека е потребно обединување околу заедничките државни интереси. „Фронтот за вистина и правда не е партиски проект туку широко надпартиско - општествено движење отворено за сите граѓани, организации, интелектуалци, професионалци, синдикати и општествени чинители“, рече Кузеска. Воедно, на прес-конференцијата Кузеска посочи дека со „Скопската иницијатива“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ СДСМ ја започнува новата етапа на политичко дејствување. „Етапа заснована на вредностите на социјалдемократијата, борбата за подобар животен стандард, борба против корупцијата и за европска иднина за Македонија.Програмската платформа „Твоја држава, твоја шанса“ е визијата на СДСМ за модерна, праведна и европска држава во која институциите работат за граѓаните, трудот е вреднуван, а младите имаат причина да останат и да ја градат својата иднина дома.Преку „Скопската иницијатива“, СДСМ ја потврди својата улога како обединувачки фактор на поширокото прогресивно движење во регионот и Европа, кое се спротивставува на корупцијата, авторитарноста и антиевропските политики“, рече Кузеска. Скопје, 08.06.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураЉутков: Скопското Кале ќе биде во во полн сјајЕден од најзначајните симболи на Скопје – зградата на „Пошта“ нема да биде готова кога Скопје ќе ја преземе титулата Европски град на културата – посочи на денешниот брифинг со новинарите министерот за култура – Зоран Љутков. Според него, нема обврзаност овој објект да биде завршен за година и половина од сега, а и не постои можност за истото бидејќи станува збор за посериозен зафат кој подлежи на конзервација. Што се однесува до Универзална сала – динамиката вели е според планираното и очекува до крајот на наредната година таа да биде подготвена, а и Калето најави дека ќе биде во полн сјај. Овој момент се работи само, фазно е решевањето во овој дел, бидејќи внатре мора да се прави конзервација на се она што го имаме, за да се работи на тоа мора прво проектната конструкција да се реши, проектот е готов, има средства, во моментов е министерство за транспорт и врски, не верувам дека ќе биде готова до 2028 година, подолг процес е за разлика од класичните градби. Во моментов се работи на Универзална, добивам информации на неделно ниво, и доколку се работи со вакво темпо до крајот на 2027 година треба да биде завршена, тоа го гледам и по делот на исплатата и на завршените фази. - Зоран Љутков – Министер за култура и туризам. Од почетокот на наредната година треба да започне и примената на новите механизми за употреба на македонски јазик во државните органи, институциите, медиумите и сите обврзани со закон. Сепак, проблемот е што во почетокот употребата на ниво на земјата ќе ја контролираат само петмина инспектори, бројка, која директорката Менче Андреева очекува да биде зголемена. Воедно утре треба да се знае и кој ќе биде новиот претседател на советот за Македонски јазик, откако Груевска Маџоска си поднесе оставка. -Јас во почетокот барав 12 инспектори, меѓутоа и со овие пет доволно е што ќе ја започнеме постапката и што ќе можат да почнат со обука, нема да застанеме тука, секако ќе продолжиме со екипирање на инспекторатот и зголемување на бројката на вработени. По вработувањето ќе почне постапката за обука, според закон една година, по завршувањето ќе полагаат за инспектор, односно да добијат лиценца инспектор за македонски јазик. Што се однесува до туризмот, кој во моментов е во незавидна позиција, Љутков очекува поразличен пристап со изготвената долгорочна стратегија која точно ќе ги мапира проблемите и ќе создаде подобри услови и промоција. Околу тоа дали станува се поизвесен УНЕСКО - статусот кој му се заканува на Охрид, како културно наследство во опасност, министерот вели дека на овој проблем се работи посветено и дека состојбите се подобруваат. А, што се однесува до неговата министерска позиција и дали ќе биде опфатен со најавената реконструкција на Влада, Љутков вели дека е спокоен и си ги врши своите должности. Со премиерот на оваа тема не разговарале и дека Мицкоски е тој кој ќе реши кој министер останува, а кој си заминува. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаИнфлација од 4,8% измери Државниот завод за статистика за месец мај споредбено со истиот период ланиИнфлација од 4,8% измери Државниот завод за статистика за месец мај споредбено со истиот период лани – додека на месечно ниво истата е зголемена за 0.6 %. Според статистика месечното зголемувањето најмногу се должи на растот на цените на транспорт и тоа за 1,6% и цените на храната кои пораснале за 1 %, ставки кои имаат најголемо влијание врз индкесот на трошоците за живот. Доколку се направи споредба на годишно ниво тогаш мај 2025 споредбено со истиот месец годинава цените на храната се зголемиле за 4,7 % додека транспортот за една година пораснал за 11 % ... Освен трошоците за живот, втор показател за инфлацијата е и индексот на цени на мало, кој пак од почетокот на годината до сега е значително зголемен, и во мај индексот на цените на мало бележи зголемување од 5,6 %. Од министерство за економија велат инфлацијата е во рамки на очекуваното и како Влада внимателно ги следат движењата на цените и состојбите на пазарот, со цел доколку се појават посреиозни притисоци да може навремено да реагираат. Меѓу можните мерки со кои би интервенирале се, како што посочија од економија, намалувањето на ДДВто кај одредени основни прехранбени прозиводи или пак таргетирани пакети за поддршка на нјаранливите категории. „Особено е важно што и покрај предизвиците на меѓународните пазари и промените кај цените на енергенсите и суровините, инфлацијата во земјата останува на умерено ниво. Истовремено, кај одредени категории е забележана стабилизација или намалување на цените, што укажува на постепено ублажување на инфлаторните притисоци. Во овој момент нема потреба од интервентни мерки, но институциите располагаат со механизми кои можат да бидат активирани доколку инфлацијата во наредниот период покаже позначителен раст.“ Министерство за економија. На годишно ниво во еврозоната во мај инфлацијата е 3,2%, додека во април изнесуваше 3 % - што е далеку од прогнозите на Европската централна банка за инфлација од 2 %. Растот на инфлацијата како кај нас, така и во еврозоната е најмногу поттикнат од растот на цената на енергенсите и глобалните ограничувања за снабдување поради војната на Блискиот исток. Цените на нафтата на светските берзи и натаму се околу 100 долари за барел и бележат зголемување од речиси 4 %. Со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика во земјава од ноќеска на полноќ, пак македонските граѓани ќе точат дизел по цена од 87 денари за литар што значи зголемување од 1,5 денар во споредба со претхната недела. Додека бенизните се намалуваат за 2 денари, и 95ка и 98ца ќе се продаваат по цени од 86 и 88 денари за литар, но на овие цени дел од комапниите кои се снабдуваат преку рафинеријата ОКТА имаат и дополнителен попуст од 2 денари за литар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМаленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
МакедонијаЗакон за правична застапеност в среда на пленарна седницаДолгонајавуваниот Закон за правична застапеност, кој треба да го замени т.н балансер в среда ќе се најде пред пратениците во прво чирање на пленарна седница. Собранискиот спикер Гаши не очекува блокади од опозициските партии и смета дека на таков начин не се носат квалитетни закони и повика тој да биде донесен, а понатаму доколку има потреба тој да се подобри. Порача дека Законот ќе се носи во редовна постапка и дека ќе се одржи и отворена јавна дебата пред тој и официјално да биде донесен. „Не мислам дека тое е начин како да дојдеме до поквалтетни закони ако ни е целта законите да бидат кавлтетни. Можеме да дебатираме, да се поднесат амандмани, да предлагаме, еве имаме свикано и јавна дебата по овој Закон, ќе ги слушнеме експертите, правниците, ајде да го подобриме законот, а не да блокираме. Јас ги повикувам сите пратеници да работиме заедно за подобри закони, а не за блокада. Тоа не е начин како би дошле до посакуваната цел, но сепак сите легитимни алатки кои им се на располагање на пратениците и на опозициските можат да ги употребат“– Африм Гаши, претседател на собрание. Со Законот за соодветна и правична застапеност се става крај на злоупотребите кои се правеле со балансерот, порачуваат од владеачката Вреди. Од таму појаснуваат дека Законот нема да важи само за вработувања во јавниот сектор, туку и за унапредувања, а неговото спроведување ќе го контролира координативно тело предвидено од вицепремиерот Беким Сали. „Во рок од шест месеци од донесувањето на законот ќе се донесе методологија што во практика ќе ја уреди правичната застапеност, годишните планови за вработување и конкурсите. Таа ќе се заснова на последниот попис на населението, за застапеноста да го одразува реалниот демографски состав. Законот го решава и проблемот со злоупотребите што ги видовме со балансерот. Самоизјаснувањето не може да биде покритие за измама и никој не смее да си игра со идентитетот заради конкурс. Проверката ќе се врши врз основа на официјални податоци, вклучително и личната карта“– Албрим Хоџа, ВРЕДИ. Законот за правична застапеност влезе во собраниска процедура уште минатата недела, кога во тенизчна атмосфера помина во Комисијата за политички ситем и во Комитетот за односи меѓу заедниците каде беше одлучено дека ќе се носи со т.н „мал бадентер“ – односно мнозинство гласови од присутните пратеници и мнозинство гласови од припадниците на немнозинските заедници. На овој начин скоро извесно е дека валдеачкото мнозиснтво ќе успее да обезбеди бадинтерова поддршка и без пратениците од ДУИ и партијата на Села, кои категорично се споритвставуваат на носењето на ваквото законско решение. Од ДУИ најавија и пружање физички отпор за Законот да не помине во собранието, а од „Албански сојуз“ на Села доставија свој паралелен предлог за правична заспеност во Собранието. Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook