СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов - ајде Мицкоски нека каже за врската со Нацев - Канал 5

СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов - ајде Мицкоски нека каже за врската со Нацев

Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ се штанцаат лаги, конструкции и валкани манипулации, насочени кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов - ајде Мицкоски нека каже за врската со Нацев

Јавно, јасно и гласно повторуваме: Венко Филипче нема никаква врска со Крмзов, ниту со било кои измислени сценарија што панично ги пласира ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа очајна црна кампања само ја разоткрива внатрешната нервоза и стравот кој владее кај Мицкоски и неговата партија. Наместо идеи, резултати или одговори на сериозните прашања од јавноста, ВМРО-ДПМНЕ се крие зад фабрикувани обвинувања и дезинформации.

Вистината е јасна – ова е обид на Мицкоски да ја тргне фокусот од својот долгогодишен соработник и близок партиски кадар, Александар Нацев – притворениот сопственик на обезбедувањето „Рубикон“, осомничен за трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани.

Нацев е дел од ВМРО-ДПМНЕ – член на Комисијата за одбрана и безбедност, делегат на конгресот на кој Мицкоски беше избран за претседател, со редовни настапи од истата таа говорница од која денес се шират лаги.

Мицкоски и Насев имаат заедничка историја, заеднички фотографии, заедничка одговорност. Тоа е дебела врска сплетена околу вратот на кочанчани, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кети Пери подготвува одмазда против екс сопругот Расел Бренд

Кети Пери подготвува одмазда против екс сопругот Расел Бренд, по пресудата, светската музичка ѕвезда сака да ги открие мрачните тајни од нивниот брак.

Кети Пери подготвува одмазда против екс сопругот Расел Бренд

Откако нејзиниот поранешен сопруг, комичарот Расел Бренд, беше прогласен за виновен за силување и сексуален напад, пејачката Кети Пери наводно размислува за првпат јавно да ги изнесе сите детали од нивниот бурен брак.

Според британските медиуми, поп-ѕвездата сака да ја раскаже својата верзија на приказната преку автобиографија, како и преку документарна серија која би можела да биде достапна на некоја од големите платформи за стриминг.

Како што пренесува „Мејл он сандеј“ (Mail on Sunday), преговорите за овој проект наводно веќе се започнати, а нејзиниот тим стапил во контакт со „Нетфликс“ (Netflix) и „Хулу“ (Hulu).

Според извори, пејачката со години одбивала понуди да зборува за својот поранешен сопруг, чекајќи да завршат судските постапки против него. Со години таа молчеше за својот брак со контроверзниот комичар.

Мегапопуларната Пери наводно сакала да почека да заврши судењето пред да одлучи дали пред јавноста ќе открие што се случувало зад затворените врати на нивниот дом. – Кети со текот на годините добила неколку понуди да ја раскаже својата приказна, но не сакала да разгледа ниту една од нив пред да заврши судењето. Од тој брак има многу работи што јавноста не ги знае. Тоа беше многу мрачен период од нејзиниот живот – изјавил извор за британскиот весник.

Расел Бренд минатата недела во Лондон беше прогласен за виновен за силување и сексуален напад врз неколку жени. Злосторствата за кои е осуден се случиле во периодот од 2004 до 2009 година, пред тој да се ожени со познатата пејачка.

Љубовната приказна на Кејти Пери и Расел Бренд некогаш изгледаше како бајка. Тие се венчаа во 2010 година во Индија, но нивниот брак не потрае ниту година и пол. Пејачката претходно откри дека за одлуката за развод дознала преку текстуална порака.

Со години по разделбата, таа навестуваше дека во нивната врска имало многу повеќе отколку што некогаш му открила на јавноста. Исто така, призна дека на почетокот се обвинувала себеси за крајот на бракот, но дека со текот на времето ја дознала вистината. – Мислев дека јас сум виновна што бракот заврши, но потоа ја дознав вистинската вистина – изјави таа тогаш.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Басани од Светската банка: Народната банка е силна институција што придонесува за стабилен и отпорен банкарски сектор

Народната банка има докажани резултати во зачувувањето на монетарната и финансиската стабилност. 

Басани од Светската банка: Народната банка е силна институција што придонесува за стабилен и отпорен банкарски сектор

Таа придонесе за создавање стабилен и отпорен банкарски сектор и за зајакнување на капацитетите на земјата за управување со економијата во согласност со европските стандарди, оценува Антонела Басани, потпретседателка на Светската банка за Европа и Централна Азија, во интервју по повод одбележувањето 80 години централнобанкарско работење во државава.

Басани нагласува дека осумдесетгодишнината на Народната банка е потсетник дека силните институции се градат со постојани вложувања, професионализам и континуитет низ генерациите. „Во Северна Македонија, кредибилната и независна централна банка има суштинско значење за зачувувањето на монетарната и финансиската стабилност во периоди на значителна глобална економска и геополитичка неизвесност. Групацијата на Светската банка е горда на извонредното партнерство што го градиме со Народната банка во изминативе децении, како и на напредокот што го постигнавме заедно“, посочува Басани.

Како значајни достигнувања од долгогодишната соработка, Басани ги издвојува модернизацијата на платежниот систем, пристапувањето на земјата кон Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) и подготовките за воспоставување национален систем за инстант плаќања, заснован врз моделот на Европската централна банка. Според неа, овие достигнувања покажуваат како долгорочната соработка придонесува за градење посилни институции и носи конкретни придобивки за граѓаните и компаниите. „Овие придобивки ја зајакнуваат економската интеграција преку поедноставно и поевтино испраќање и примање средства низ Европа, а истовремено им овозможуваат на компаниите, особено на малите и средните претпријатија, полесно да инвестираат, да се натпреваруваат и да растат“, нагласува Басани.

Притоа, таа ја нагласува и значајната улога на Народната банка во процесот на европската интеграција. „Со напредокот на земјата во процесот на пристапување кон Европската Унија, Народната банка ќе има клучна улога во усогласувањето на финансиската регулаторна рамка со правото на ЕУ, вклучително и во областа на прудентната регулатива, супервизорските практики, механизмите за управување со кризи и осигурувањето на депозитите, платежните системи, како и новите европски стандарди во областите на одржливите финансии и дигиталната отпорност“, порачува потпретседателката на Светската банка, Басани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одложена прес конферецнија во земјоделство за кравите во Крива Паланка

Денеска не се одржа вториот состанок во министерството за земјоделство за проблемот со кравите во Крива Паланка и се одложи прес конференцијата, потврди градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.

Одложена прес конферецнија во земјоделство за кравите во Крива Паланка

На првиот состанок заедно со министерството за земјоделство и Агенцијата за храна било предложено план за делување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер