СДСМ: Драган Петрушев е втор заштитен од Мицкоски и Коцевски - Канал 5

СДСМ: Драган Петрушев е втор заштитен од Мицкоски и Коцевски

Мицкоски и Коцевски ја продолжуваат голготата на родителите од Кочани кои речиси три месеци бараат правда  за нивните починати деца.

СДСМ: Драган Петрушев е втор заштитен од Мицкоски и Коцевски

Христијан Мицкоски не може да ги погледне овие луѓе во очи затоа што прави се за вистинските виновници за смртта на нивните деца да ги заштити и никогаш да не го видат лицето на правдата.

Родителите на починатите и повредените деца од Кочани јавно ги посочуваат виновниците во институциите, но поради политички притисок од власта ниту еден актуелен државен функционер не е опфатен со истрагата на обвинителството.

Коцевски и Мицкоски им должат одговор на родителите од Кочани зошто досега нема обвинение против Драган Казак Петрушев сменоводител кој вечерта раководел со акциската контрола во дискотеката Пулс?

Дали е точно дека постои снимка на која се гледа дека лично Драган Петрушев спротивно на стандардните оперативни процедури ги заклучува вратите на дискотеката Пулс и не дозволува никој да го напушти објектот?

Ако обвинителството поседува ваква снимка од безбедносните камери на дискотеката зошто досега нема обвинение против Петрушев?

Дали Драган Петрушев има објаснување зошто акциската контола на објектот Пулс не ја прави во 12:30 часот на почетокот на забавата туку спротивно на добиената наредба прави контрола во друг објект, па дури при крајот на забавата во Пулс прави контрола во објектот кој бил должен да го контролира согласно наредбата уште во 12:30 часот?

Мицкоски и Коцевски мора да им одговорат на родителите дали постоела комуникација помеѓу сопственикот на дискотеката и Драган Петрушев и дали барањето од газда Деко било да се прави акциска контрола пред крајот на забавата со цел да го зголеми профитот?

Дали е точно дека против Петрушев се води уште една постапка за издавање на службена тајна и контакт со криминалци кои наместо да ги гони ги информирал за постапките кои се водат против нив?

Дали Драган Казак Петрушев е заштитен затоа што е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани и ги врши валканите работи на партијата во градот со години?

Дали можеби Петрушев е заштитен затоа што поседува компромитирачки материјали за истакнати функционери на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и пратеници?

Зошто Петрушев присуствува на речиси секој протест во Кочани во формален капацитет како полицаец, дали целта на Панче Тошковски и Христијан Мицкоски е да ги заплашува родителите на починатите од Кочани да не говорат за што се случувало кобната вечер?

Колку време е оставено на вистинските виновници за трагедијата во Кочани да прикриваа и уништуваат докази?

Колку време им е оставено вистинските виновници да прават притисок врз сведоците и оштетените, да им се закаануваат на родитиелите на починатите во Пулс?

СДСМ остави повеќе од доволно време институциите да донесат правда за жртвите на ова власт, но по се изгледа залудно.

СДСМ нема да дозволи да нема правда за 62 починати млади деца и 200 повредени кои се директни жртви на институциите со кои раководи ВМРО-ДПМНЕ!

СДСМ на целата македонска јавност ќе и ја обзнани вистината за трагедијата во Кочани.

Продолжуваме со објавување на Вистината за трагедијата во Кочани.

YouTube video

Зошто Мицкоски јавно не го одбие планот за мигрантски кампови во Македонија?

Прашање: Британските медиуми пишуваат дека премиерот Страмер не се откажува од плановите за враќање во земјите на Западен Балкан. Ваш коментар?

Одговор: Да, меѓу нив и реномираниот британски Тајмс. Значи британските медиуми и разузнавачки служби го демантираат премиерот Мицкоски. Прашањето е дали нешто се разговара зад грбот на народот. Зошто Мицкоски јавно не го одбие планот на британскиот премиер Страмер за мигрантски кампови во Македонија?

YouTube video

Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

25 години од загинувањето на 8 бранители кај Љуботенски Бачила

Со положување венци и свежо цвеќе, денеска ќе се одбележат 25 години од загинувањето на 8 припадници на резервниот состав на армијата кај месноста Љуботенски Бачила.

25 години од загинувањето на 8 бранители кај Љуботенски Бачила

На 10 август 2001 година воено товарно возило нагази на две против тенковски мини на патот кон месноста љуботенски бачила на Скопска Црна Гора, поставени од припадници на она, при што загинаа Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски...

Делегација од армијата и министерството за одбрана, предводена од началникот на генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе положи венци со свежо цвеќе на споменикот на паднатите бранители во село Волково, пред споменикот на загинати бранители во село Љубанци и пред спомен-плоча во касарната „Илинден“, најавија од министерството за одбрана...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и многу топло време

Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. 

Сончево и многу топло време

УХМР ги измери температурите во градовите низ Македонија, ова утро во осум часот. Од рано наутро, температурата во Кавдарци е 26 степени, со што е најтопол град.

На Попова Шапка се измерени 18 степени, а тоа е најниската температура утрово во осум часот во Македонија.

Во Скопје во осум часот УХМР измери 24 степени.

Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните температури ќе се движат од 14 до 24 степени, додека максималните ќе достигнат од 32 до 40 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 10. август 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 10. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 10. август 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе настојувате дас е опуштите во пријатен круг на ваши блиски луѓе и така да го надминете незадоволството од приватните односи.

Кариера

Додека чекате одговори на некои опд порано поставени прашања, ги организирате луѓето и контактите. Одговорите и натаму ќе доцнат.

Здравје

Бидете трпеливи.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се трудите да бидете поопуштени и да заземете пријателски став за да ја надминете дистанцата во приватните односи.

Кариера

Вашите заслуги не се спорни , но ќе очекувате повеќе да ве разгалуваат. Шефовите тоа ќе го препознаат , но ќе има такви кои ќе негодуваат.

Здравје

Ништо не мора да се направи по секоја цена.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ако се обидете да најдете некоја стара тема во односот со саканата личност , тоа ќе ве растревожи , иако врската и натаму ви е многу добра.

Кариера

Ништо не можете да прескокнете , иако би посакале да е така.Секое скалило на успехот треба да го одработите од почеток до крај.

Здравје

Поработете на својата спонтаност.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои ќе бидат преокупирани со семејни проблеми кои им задаваат главоболка, така што нема да имаат време за љубов.

Кариера

Контактите ви се добри , комуникациите пријатни , стабилни сте и цврстиво своите деловни планови.

Здравје

Не сте расположени , иако нема причина.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Во квалитетните приватни односи , ќе се замешаат некои прашања кои се непотребни. Ќе се покаже подоцна дека тие биле само губење време.

Кариера

Не заборавајте да направите попис на важните и на помалку важните задачи на работа , а особено ако размислувате за измени.

Здравје

Почитувајте го трудот на другите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе наидете на мали разлики и повторно ќе се соедините во хармонична двојка. Ќе бидете задоволни и подготвениз а секаков вид уживање.

Кариера

Вашите шефови денеска ќе покажат смисол за креативност , но ќе бидат необјективни во одлучувањето.

Здравје

Проверувајте го рокот на продуктите што ги конзумирате.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои премногу ќе се занимаваат со анализи , а помалку со љубовни дела.Во случај нешто да ви недостасува , свртете се кон ова второто.

Кариера

Би сакале да добиете одговори на одредени теми , па поставувате дополнителни прашања. Нешто ќе дознаете , но тоа не е се.

Здравје

Верувајте во подобро утре.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Пријатни сте за околината , ве сакаат и ценат , зрачите со самоувереност.Сите тие се добитни комбинации за љубов.

Кариера

Чувствувате дека во вас расте плима од амбиции и дека можете да работите повеќе и подобро. Затоа знаете дека и резултатите ќе бидат одлични.

Здравје

Продолжете понатаму.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Мали нервози ќе внесуваат преоден немир во односите , но и ќе ве поттикнуваат повеќе да се ангажирате.

Кариера

Ќе ви недостига чувството на слобода. Притисоците за да ги завршите навреме обврските сега ги чувствувате како товар.

Здравје

Вежбајте јога.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Денешниот ден ќе ве поттикне кон сите лични проблеми да пристапите филозофски и со стил.

Кариера

Добивате шанса зада го покажете своето знаење во областа на креативната уметност или декорација.

Здравје

Одморете го долниот дел од рбетот.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Би можеле да барате изговор за вашите мали испади. Немојте да лажете , туку бидете искрени.

Кариера

Веројатен е контакт или деловна кореспонденција со луѓе поврзани со море или вода. Добро ќе соработувате.

Здравје

Бидете појасни.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Вашиот љубовен период продолжува и денеска. Ќе бидете интерсни , како за себе , така и за другите.

Кариера

Денеска во финанасиските прашања би можеле да се покажете како вистибнски волшебник , кој може да реши секаков проблем.

Здравје

Во одлична форма сте.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер