СДСМ : Додека ВМРО – ДПМНЕ е против се` што е во интерес на граѓаните, Владата предводена од СДСМ е насочена кон економски раст

ВМРО – ДПМНЕ секојдневно потврдуваат дека остануваат на страната спротивно од  интересите на граѓаните реагираат од СДСМ  на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Откако претходно се изјаснија дека се против растот на минималната плата и против раст на платите во приватниот сектор, а со тоа и против парите да завршуваат назад кај граѓаните .

Политиките на Владата предводена од СДСМ се во насока на економски раст , намалување на буџетскиот дефицит, а со тоа и потребата од негово финансирање односно задолжување и стабилен јавен долг.

Истовремено предлог буџетот за 2020 година е развоен со акцент за инвестирање во човечкиот капитал. Тоа значи инвестирање во подобро здравство, образование, социјална грижа и воопшто, подобри услови за живот на сите наши граѓани.

При тоа, имаме финансирање на стари доспеани обврски. Па, така, следната година за враќање доспеваат 439 милиони евра по основ на стари долгови земени во 2013 година, кој доспева во јануари во висина од 155 милиони евра. И во декември во износ од 178 милиони евра по основ на еврообврзницата издадена во 2015 година.

Овие стари долгови мора да се рефинансираат, но како резултат на водење на политика за стабилизирање на долгот, како и сегашните поволни услови на пазарот на капитал, долговите ќе се рефинансираат по значително помали каматни стапки. Тоа значи помал трошок за државата и стеснување на долгот.

Според последните податоци, јавниот долг изнесува 47,7% од БДП, што е за 1,1 процентен поен понизок од 2016 година.

Според оценката на ММФ се очекува економскиот раст да забрза следната година, и го проектираат на 3,4%, што е подобрување на проекцијата за 0,3 процентни поени во однос на пролетната проекција. Пониските даноци и повисоките пензии и плати, вклучително и минималните плати, очекуваат да бидат дополнителен, стимул за потрошувачката.

Намалување бележиме и во невработеноста, кое пак е поддржано од значителното креирање на нови работни места. 17.8 отсто историски најмал процент на невработеност и 54 000 нови работни места .

Успешните политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати за што потврдуваат и официјалните бројки кои се јавно достапни.

ВМРО-ДПМНЕ залудно се обидува да манипулира со дезинформации. Се додека е против интересите на граѓаните ,ги очекува загарантирано фијаско на престојните избори во Април, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Јелена Карлеуша најави што ќе објавува на „OnlyFans“: Тоа не е дозволено на „Instagram“

На „Instagram“  ја следат речиси два ипол милиони следбеници, но и покрај тоа, оваа социјална мрежа има многу ограничувања, кои се „проблем“ за Јелена Карлеуша.

Иако многумина се надеваа дека содржината на пејачката на „OnlyFans“ ќе биде многу поексплицитна, таа проговори на оваа тема и објасни за што всушност се работи.

„Instagram ги заостри правилата и ја санкционира секоја поексплицитна содржина, па дури и фотографии во бикини. Затоа сум на „OnlyFans“. Реакциите се како да најавив снимање на порно, секакви работи“, изјави Јелена Карлеуша за Информер. .

Извор: Аваз

Членките на ЕУ одобрија построги ограничувања за CO2 за камиони и автобуси

Земјите-членки на Европската унија денеска одобрија нов закон со кој ќе се заострат ограничувањата за емисиите на јаглерод диоксид (CO2) од тешките патни возила, како камиони и автобуси.

Како што пренесе ДПА, законот ќе ги прошири правилата согласно кои моментално се регулираат камионите со тешки товари за да ги опфатат урбаните автобуси, автобусите и приколките.

Просечните емисии на CO2 за големите патни возила треба да се намалат за 45 проценти до 2030 година, 65 отсто до 2035 година и 90 проценти до 2040 година, во споредба со нивоата од 2019 година. Урбаните автобуси не би требало воопшто да испуштаат CO2 до 2040 година и да ја исполнат целта за намалување од 90 отсто до 2030 година.

Ограничувањата беа привремено договорени во јануари од Белгија, дејствувајќи во име на земјите-членки на ЕУ и преговарачите за Европскиот парламент. Највисоките дипломати потоа му дадоа зелено светло на тој договор во февруари, отворајќи го патот за позитивно гласање во Европскиот парламент во април.

Денешната одлука на министрите од земјите-членки е последниот чекор. Се очекува Европската комисија да го разгледа влијанието на законот во 2027 година.

Во соопштението за печатот на ЕУ се вели дека тешките возила се одговорни за 25 отсто од емисиите на стакленички гасови од патниот транспорт во ЕУ. Првите ограничувања за такви возила беа поставени во 2019 година. /МИА

Британскиот крал Чарлс му предаде воена улога на принцот Вилијам

Британскиот крал Чарлс официјално му ја предаде улогата на врховен полковник на армискиот воздушен корпус на принцот Вилијам за време на посетата на аеродромот во Хемпшир.

Чарлс, кој е инаугуриран носител на оваа титула веќе 32 години, попладнево се сретна со својот најстар син во редок заеднички официјален ангажман во базата Мидл Валоп за да му ја пренесе улогата.

Воздухопловниот корпус на Армијата е старата единица на војводата од Сасекс, во која служеше како командант на хеликоптер Апачи и копилот-стрелец за време на неговата втора воена служба во Авганистан во 2012 година.

Одлуката на кралот да му ја предаде улогата на Вилијам се сметаше за удар за Хари кога беше објавена минатата година.

Кралот рече дека е „голема радост“ да се сретне со војниците, нивните семејства и ветерани при претходна посета на Музејот на военото воздухопловство, но додаде дека предавањето било „преплавено со голема тага“.

- Се надевам дека во иднина ќе бидете се поуспешни со принцот од Велс како ваш нов врховен полковник, рече крајот Чарлс.

- Одлична работа е што тој навистина е многу добар пилот – па тоа е охрабрувачки, додаде британскиот крал. /МИА

притисни ентер