Димитриеска Кочоска: Законски измени за зајакнување на надзорот и воспоставување повисоки стандарди за работа на финансиските друштва
2Димитриеска Кочоска: Законски измени за зајакнување на надзорот и воспоставување повисоки стандарди за работа на финансиските друштва
3Божиновска во Истанбул: Македонија ги претставува енергетските и инвестициските потенцијали пред турскиот бизнис
МакедонијаСДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекотоДодека Мицкоски и ВМРО го штитат Трипуновски и сточарството во Македонија тоне во криза.Откупната цена на млекото е намалена, откупот на млеко е несигурен, а субвенциите не се исплатени. Се намалува откупната цена на млекото во време кога се зголемуваат цените на млекото во маркетите. Тоа значи дека некој дебело профитира на грбот на сточарите во Македонија. Кризата со откупот се зголемува. Две млекарници во делчевскиот регион веќе најавија прекин на откупот на млеко, со што голем број производители остануваат без пласман за своето производство и без сигурност за сопствената егзистенција. Сточарите трпат загуби, а валаста дозволи големите фирми профитираат од високите малопродажни цени на млекото и млечните производи. Дополнително две недели се крие кои се фирмите чии млечни и месни производи отстапуваат од декларираните состојки. Мицкоски и Трипуновски за две години го доведоа земјоделството до целосен колапс. Бараме итна реакција за да се обезбеди непречен откуп на млекото и да се спречи дополнителна штета. Власта преку интервентната програма веднаш да воведе посебна мерка за поддршка на производителите на кравјо млеко, за да се ублажат последиците од кризата. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
МакедонијаПожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле каблиУтринава околу 6 часот наутро изби пожар во орман за струја пред зграда на адреса Булевар Борис Трајковски бр. 23 во скопската населба Кисела Вода .Во пожарот, според полицијата, биле зафатени и изгореле кабли.„Пожарот е изгаснат од екипи на бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје“,таму е Дејан Трајкоски. Според МВР, се преземаат мерки за утврдување на причините за избувнувањето на пожарот, како и за целосно расчистување на случајот.според податоците на центарот за управување со кризи , пожарот настанал откако се запалила електрична инсталација пред зграда на трим и лум. Според очевидци станарите биле разбудени од полицијата, како и од силни детонации и звуци кои, како што велат, потсетувале на експлозии и се слушале дури до повисоките катови на зградата, а силен чад го исполнил влезот за неколку минути. Во видеото погледнете го целиот извештај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Салата со макарони и тунаВо петок (05.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Софија Теодор.Состојки за денешниот рецепт: 1 пакување ситни макарони 1 главица кромид 150 мл. доматен сос 2 чешниња лук 1 голема конзерва туна малку магдонос масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриеска Кочоска: Законски измени за зајакнување на надзорот и воспоставување повисоки стандарди за работа на финансиските друштваМинистерството за финансии работи на измени и дополнувања на Законот за финансиски друштва, со цел зајакнување на регулаторната рамка, поголема заштита на граѓаните и унапредување на транспарентноста.Министерството за финансии работи на измени и дополнувања на Законот за финансиски друштва, со цел зајакнување на регулаторната рамка, поголема заштита на граѓаните и унапредување на транспарентноста и стабилноста во работењето на овие субјекти. Се работи на Законски измени кои предвидуваат воведување на задолжителни внатрешни тела во секое финансиско друштво, како одбор за внатрешна ревизија, одбор за кредитен ризик, надзорен одбор и слично. Дополнително, се зајакнува контролата при отворање на нови деловни простории, при што ќе биде потребна претходна согласност од Министерството за финансии, со утврдени критериуми за условите на работење. Со измените се предвидува и зголемување на основната главнина на финансиските друштва, како и укинување на исплатите во готовина, со што кредитните средства ќе може да се исплаќаат исклучиво преку банкарска сметка. Целта е поголема следливост на финансиските текови и намалување на ризиците од злоупотреби. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интерву за Телма Телевизија истакна дека измените се резултат на засилени контроли и утврдени недоследности во работењето на дел од финансиските друштва. “Имаме законски измени кои што ги подготвуваме во периодот што следи. По спроведените контроли утврдивме одредени слабости и непрецизности во постојната регулатива кои оставаат простор за различни толкувања и практики. Затоа пристапуваме кон заострување на критериумите и воведување поголем надзор, вклучително и задолжителни внатрешни одбори и ограничување на готовинските исплати. Целта е поголема заштита на граѓаните и стабилно функционирање на секторот“,кажа министерката. Како што појасни министерката, досегашните контроли резултирале со утврдени неправилности, а во одредени случаи биле преземени и мерки како одземање на лиценца. Дел од постапките се иницирани и по пријави од граѓани, кои, како што нагласи министерката, имаат значајна улога во откривањето на неправилности. Со овие измени според Димитриеска-Кочоска се очекува значително зајакнување на надзорот и воспоставување повисоки стандарди за работа на финансиските друштва во земјата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter