СДСМ доби силна поддршка за евроинтерагиите од Социјалдемократската партија на Финска

Делегација на СДСМ составена од потпретседателката Мила Царовска и секретарот за меѓународна соработка Дане Талевски се сретна со генералниот секретар на Социјалдемократската партија на Финска, Антон Ранхолм.

Според партиското соопштени,на средбата беа разменети мислења и искуства за социјалдемократските политики, актуелните рефорни и политики, особено за постигнатите резултати во социјалната политика и родовата рамноправност.

Претставниците на СДСМ се заблагодарија за поддршката на нашата евроинтеграција, додека Финска беше претседавач во Европската унија, за поддршката од финската социјалдемократска партија, како и за поддршката на фондацијата Калеви Сорса на институтот Прогрес.

Членството во ЕУ и НАТО нема алтернатива за нашата земја, беше истакнато на средбата, а тоа што ЕУ не успеа да донесе одлука за започнување на преговори со нашата земја е историска грешка, за што зборува силната поддршка од големото мнозинвсто на земјите членки на ЕУ.

Социјалдемократите во двете земји, како што нагласија, се соочуваат со исти предизвици на радикална десница, национализам, популизам и лажни вести.

На средбата стана збор и за претстојните избори во Северна Македонија и во Финска. Генералниот секретар на Социјалдемократската партија на Финска, Антон Ранхолм, даде силна поддршка на СДСМ за парламентраните избори.

Со спроведувањето на социјалдемократските политики и решавањето на децениските проблеми, кои ја држеа земјата во изолација нема дилема дека СДСМ оди на победа на изборите и продолжува напред кон европските стандарди, заклучи на денешната средба во Скопје партиската делегација на СДСМ составена од потпретседателката Мила Царовска и секретарот за меѓународна соработка Дане Талевски со генералниот секретар на финските социјалдемократи Антон Ранхолм, соопштуваат од СДСМ.

Ахмети: Да се почитува волјата на народот

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на прес конференција во Мала Речица рече дека резултатите од изборите се легитимни и доколку има неправилности , за тоа ќе се произнесе ДИК .

Ахмети ја одржа прес конференцијата во славеничка атмосфера.

Украина во војска ќе може да повикува и затвореници

Парламентот на Украина денеска гласаше за мерка со која се дозволува воена мобилизација на некои затвореници во замена за условно ослободување.

Повеќе од 26 месеци по почетокот на руската инвазија, Украина се обидува да го надополни недостигот од војници, што некои воени аналитичари го сметаат за најголем предизвик за Киев во борбата против многу поголемиот непријател.

Се очекува дека новата мерка ќе ги зајакне вооружените сили само за неколку од вкупно 20-те илјади затвореници, изјави пратеникот Дејвид Арахамиа.

Не се однесува на оние кои извршиле најтешки кривични дела – осудени за убиство со умисла на две или повеќе лица, силување, сексуално насилство, кривични дела против националната безбедност и тешки кривични дела за корупција.

„Не е тајна дека мобилизацискиот потенцијал на нашиот непријател е огромен, затоа мора да ги искористиме сите расположливи решенија за да се бориме како вооружена сила“, стои во белешката што ја придружува усвоената мерка. „Дел од тие луѓе се мотивирани патриотски граѓани кои се подготвени да се искупат пред општеството на бојното поле.“

Минатиот месец Украина ја намали возраста за мобилизација од 27 на 25 години и ги промени правилата за регрутирање цивили во армијата за да ја зајакне и да ги ротира војниците.

Владата, исто така, привремено ги суспендираше конзуларните услуги за работоспособните мажи кои живеат во странство, жалејќи се дека тие не и помагаат на нивната земја која се бори.

притисни ентер