СДСМ: ДКСК да постапи по случајот со тендерите во Министерството за дигитална трансформација - Канал 5

СДСМ: ДКСК да постапи по случајот со тендерите во Министерството за дигитална трансформација

СДСМ денеска на прес-конференција ја повикува Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) да постапи по случајот за тендерите во Министерството за дигитална трансформација. 

СДСМ: ДКСК да постапи по случајот со тендерите во Министерството за дигитална трансформација

-Сите докази и документи СДСМ јавно ги објави. Бараме итно постапување од ДКСК по овој случај кој мора целосно да биде расчистен. Министерот Стефан Андоновски на прес-конференција го призна скандалот со тендерите во неговото Министерство. Но наместо да понесе одговорност, да се извини, и да поднесе оставка, тој дрско ги бранеше договорите за тендери кои завршиле кај сопругот на државната секретарка Клинчарова, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска пред зградата на Антикорупциска.

Според неа, ова претставува јасен случај на конфликт на интереси, непотизам и основан сомнеж за корупција кои, вели, се одлики на ВМРО-ДПМНЕ.

-Министерот Андоновски не може да се извлече со обидите да го релативизира случајот тврдејќи дека државната секретарка не учествувала во постапката. Државниот секретар раководи со целата администрација во секое министерство. Клинчарова била надредена на сите кои биле вклучени во тендерската постапка што завршила кај нејзиниот сопруг, вели Кузеска.

Ги повика ДКСК и ЈО веднаш да преземат конкретни чекори, бидејќи, како што кажа, „ова не е само прашање на злоупотреба на функцијата туку и директен удар врз довербата на граѓаните во институциите“.

-Мора да има целосно расчистување на коруптивните шеми на власта, а министерот Андоновски веднаш треба да поднесе оставка за да не влијае на постапката. СДСМ нема да дозволи оваа афера да остане без санкција. Институциите мора да реагираат, а граѓаните заслужуваат одговорност и заслужуваат правда, рече Кузеска.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вчера на прес-конференција ги отфрли обвинувањата од опозициската СДСМ за конфликт на интерес, непотизам и сомнение за корупција во Министерството во врска со две јавни набавки во вредност од 50.000 евра што ги добила фирма која е во сопственост на сопругот на државната секретарка во ова Министерство. Кажа дека Министерството е посветено на транспарентост, отчетност и законитост во работењето.

Андоновски додаде дека државниот секретар во Министерството не учествува во ниту една постапка за јавна набавка, во ниту една фаза, а нејзиниот ангажман е во административно-буџетско работење на Министерството, па затоа не постои простор за судир на интерес или влијание на постапката од нејзина страна.

-Лага бр 1 на СДСМ е дека договорот е на сума од 2.5 милиони денари. Постигната е цена од 1.531.927,00 денари, која е за скоро 40 отсто поевтина од планираната сума за јавната набавка од 2.500.000,00 денари. На тој начин, заштедени се околу еден милион денари (16 илјади евра) пари на граѓаните. Предвидените производи се навремено и квалитетно испорачани при преселбата на Министерството. При дополнително направена анализа, направени се заштеди од 10 до 45 проценти по производ споредено со пазарните цени, нешто што никогаш не било случај во време на владеењето на СДСМ. И втората набавка, за проект кој СДСМ го блокираше, е мала набавка во која исто така се постигнати пониски цени од пазарните за до 40 отсто, рече вчера министерот за дигитална трансформација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Телефонот наскоро би можело да ве предупреди, доколку некој ве снима со паметни очила

Европскиот одбор за заштита на податоци (EDPB) предложи воведување технологија што ќе му овозможи на вашиот телефон да добие предупредување кога некој снима со паметни очила во близина. 

Телефонот наскоро би можело да ве предупреди, доколку некој ве снима со паметни очила

Предлогот е дел од поширока иницијатива на европските регулатори за спречување на тајно снимање на луѓе без нивна согласност.

За разлика од мобилните телефони, паметните очила често се тешки за забележување кога камерата е вклучена. Регулаторите затоа предлагаат воведување на Bluetooth сигнали, посилни светлосни индикатори и звучни предупредувања при снимање.

Некои европски земји веќе подготвуваат многу построги мерки. Норвешка планира привремено да ја забрани употребата на паметни очила на одредени јавни места, вклучувајќи паркови, плажи, музеи, трговски центри и училишта.

Холандската агенција за заштита на податоци отиде дотаму што на 19 ноември препорача граѓаните да не ги купуваат уредите, наведувајќи ризици за приватноста и безбедноста на корисниците и минувачите.

Мета, која учествува со 84 проценти од глобалните пратки на паметни очила, веќе го измени софтверот на своите модели Ray-Ban од втора генерација. Камерата автоматски се деактивира ако корисникот го покрие или измени индикаторот за снимање, додека физичкото отстранување трајно ја оневозможува камерата, објавува IEEE Spectrum.

Европските регулатори, исто така, сакаат автоматско замаглување на лицата на минувачите, ограничувања за континуирано снимање и пренос во живо, како и обработка на чувствителни податоци директно на очилата наместо на далечински сервери.

Во Германија, HateAid поднесе кривични пријави против Meta, Ray-Ban, Oakley и неколку трговци на мало, повикувајќи се на закон што забранува продажба на уреди дизајнирани за тајно снимање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Војската на Мјанмар нападнала училиште и свадба- загинаа десетици цивили

Десетици луѓе, вклучувајќи цивили на свадба и ученици во училиште, се убиени во серија воздушни напади извршени од војската на Мјанмар низ целата земја во последните денови.

Војската на Мјанмар нападнала училиште и свадба- загинаа десетици цивили

Спасувачите потврдија дека најмалку 21 лице е убиено во напад врз свадбена церемонија во селото Мое Баје во јужната држава Шан денес попладне. Уште 35 лица се ранети, пишува Би-Би-Си..

Порано, завчера, најмалку 20 цивили беа убиени во напад врз селото Ин Јон во централниот регион Магвај. Владата во егзил на Мјанмар (NUG) објави дека меѓу жртвите се студенти, млади монаси и наставници. Тоа е областа каде што дејствуваат силите на отпорот.

Цел на нападот вечерва беше и градот Мраук-У во западната држава Ракхине, каде што беше бомбардиран станбен кварт. Според првите информации, повеќе од 10 лица загинаа, а околу дваесет се ранети. Областа е контролирана од Армијата на Аракан (AA), една од најмоќните етнички групи што се борат против воениот режим. Воената влада на Мјанмар сè уште не ги коментирала нападите.

Меѓународниот суд на правдата го прогласи Мјанмар за одговорен за геноцидот

Воздушните напади станаа почести по воениот удар во 2021 година, со кој беше соборена избраната цивилна влада предводена од Аунг Сан Су Ќи. Тој настан предизвика долготрајна граѓанска војна во земјата. Армијата редовно спроведува копнени офанзиви и ги пали селата во областите што не се под нејзина контрола, а кои ги држат владата во егзил и вооружените етнички групи.

Новите напади дојдоа една недела откако Меѓународниот суд на правдата (МСП) го прогласи Мјанмар за одговорен за геноцидот врз малцинството Рохинџа. Пресудата се однесува на воена операција од 2017 година, за време на која беа убиени илјадници луѓе, а повеќе од 700.000 беа протерани од земјата.

Властите во Мјанмар потоа ги отфрлија обвинувањата за геноцид, тврдејќи дека армијата реагирала на напади од вооружени групи. Ова беше прва пресуда во историјата од меѓународен суд што ја прогласи државата за одговорна за извршување геноцид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево

Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар.

Почина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево

Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар, кој се играше во салата „Рамиз Салчин“ во Сараево, кога еден од играчите почина.

Како што потврди Klix.ba, ракометар на ОРК Босна починал на полувремето од срцев удар.

Потоа натпреварот беше прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер