Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот
2Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот
3ВРЕДИ: ДУИ со нова лага и нов театар, кога немаат одговор за сопствениот имот и афери, измислуваат конструкции за ВРЕДИ
МакедонијаСДСМ денеска го бира новото раководствоПретседателот на СДСМ Венко Филипче најави дека денеска ќе биде познато новото раководство на партијата откако на негово барање на почетокот на декември оставка поднесе целото раководство, освен партискиот лидер.Новото раководство треба да биде потврдено на денешната седница на Централниот одбор. Во синоќешното интервју за „360 степени“ на МРТ, Филипче рече дека веќе е готов списокот со лицата кои ќе бидат дел од новото раководство и оти тоа ќе биде комбинација од искусни и млади луѓе. Најави дека позицијата генерален секретар ќе ја задржи Александар Саша Димитријевиќ и дека еден од потпретседателите ќе биде ортопедот кој беше кандидат за градоначалник на Аеродром, Александар Трајановски. - Еден од најголемите предизвици кога се прави тим е да се обезбеди комбинација на искусни луѓе, што секако ќе ги има, и на млади луѓе коишто сакаат да се развиваат, да работат во таа сфера. И тој предизвик не е само во политиката, туку насекаде – да се обезбеди смена на генерации. Тука да бидат искусните и старите, да знаат дека не им е завртен грбот, дека секогаш е отворена вратата, дека имаат со кого да работат, на кого да го пренесат своето знаење и искуство. И таков еден тим сега ќе се формира и ќе се официјализира утре, рече лидерот на СДСМ. На прашањето зошто тој е единствениот од раководните структури на партијата кој не поднесе оставка по поразот на локалните избори, Филипче вели дека функцијата ја презел неодамна. На 2 декември на барање на претседателот на партијата, оставка поднесе целото раководство на СДСМ. - Со овој одговорен и морален чекор раководството на СДСМ отвори простор за ново поглавје. Следува период на кадровско освежување и зајакнување, вклучување и на нови лица, организациска поставеност, внатрешна мобилизација, за нова сила и нова енергија на СДСМ, соопштија тогаш од партијата.Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФилипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
ЗабаваФото: Сексипилна водителка покажа како се подготвува за Светското првенствоСветското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, наскоро доаѓа, а спортските новинари ширум светот ќе имаат полни раце работа.Италијанските новинарки доминираат во спортскиот свет, а по Дилета Леота, уште една убавица го привлекува вниманието на јавноста. Станува збор за новинарка по име Елеонора Инкардона. Се чини дека италијанската спортска новинарка Елеонора Инкардона решила да ги „наполни батериите“ за претстојното првенство, а за тоа морала да отпатува во Египет. View this post on Instagram A post shared by Eleonora Incardona (@eleonoraincardona) Таа сега објави фотографии од одморот на Инстаграм, а своите верни обожаватели ги почасти со жешки сцени. На фотките, секси водителка позира во бикини, а во прв план се нејзините облини во мали бикини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизКим Кардашијан веќе не се крие: Ја објави првата заедничка фотографија со новото момчеНајпознатата американска старлета, Ким Кардашијан и големиот шампион од Формула 1, Луис Хамилтон, повеќе не кријат дека се во врска.По месеци шпекулации за нивната врска, Ким и Луис ја испратија најјасната порака досега - нивната романса стана јавна. На почетокот на јуни, Ким објави серија фотографии од својот секојдневен живот на својот Инстаграм профил, а посебно внимание привлече еден момент забележан додека вози велосипед низ улиците на Њујорк. Видеото и фотографиите го прикажуваат како се обидува да направи заедничко селфи со Луис Хамилтон, по што накратко ја губи рамнотежата, што предизвика смеа кај присутните. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Ова е нивната прва заедничка објава на социјалните мрежи, а доаѓа кратко откако за прв пат беа видени заедно на јавен настан. На почетокот на мај, тие заедно присуствуваа на бродвејската претстава „Страв од 13“, а откако го напуштија театарот, фотографите ги фотографираа држејќи се за раце.Тагови: Ким Кардашијан Луис Хамилтон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамВидео: Нов супер автомобил од Ауди: 987 КС и брзина од над 350 км/чГерманскиот производител на автомобили Ауди го претстави новиот супер автомобил Нуволари, модел кој не го враќа името R8, туку ја презема улогата на врвен спортски автомобил во понудата на германскиот производител.Именуван е по легендарниот италијански возач Тачо Нуволари, кој победи за Ауто Јунион, претходникот на денешниот Ауди, кон крајот на 1930-тите. Нуволари користи плуг-ин хибриден погон базиран на 4,0-литарски двоен турбо V8 мотор, заедно со три електрични мотори, за вкупна системска моќност од 987 КС. Ауди вели дека моторот може да се сврти до 10.000 вртежи во минута, додека автомобилот забрзува од 0 до 100 км/ч за 2,6 секунди и достигнува максимална брзина од повеќе од 350 км/ч. Ауди ќе произведе само 499 единици од овој модел, а премиерните испораки се закажани за првата половина на 2027 година. Nuvolari со тоа станува најмоќниот и најбрзиот сериски Audi досега, надминувајќи го дури и електричниот RS e-tron GT Performance. Audi présente sa première hypercar Baptisée : Nuvolari V8 4.0 litres bi-turbo hybride de 978 ch Rev limit 10,000 tr/min 0-100km/h en 2.5s 0-200 en 6.8s 499 exemplaires au monde ~ 600,000€ (hors taxes et malus) pic.twitter.com/YU8uXz09hh — FinTales ⏳ (@FinTales_) June 4, 2026 Ова не е прв пат Audi да го користи името Nuvolari. Уште во 2003 година беше претставен концептот Nuvolari quattro со V10 мотор, кој го најави дизајнерскиот правец на подоцнежните модели како што е првата генерација Audi A5. Новиот Nuvolari сега се враќа на името во сосема поинакво издание, како ограничен хибриден супер автомобил што го означува почетокот на нова спортска ера за брендот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook