Македонскиот бакар во глобалната трка за критични минерали: Ќе успее ли европа да се ослободи од зависноста од Кина?
За 7 месеци некои институции го потрошиле речиси целиот буџет за капитални инвестиции, некои ниту денар
1Македонскиот бакар во глобалната трка за критични минерали: Ќе успее ли европа да се ослободи од зависноста од Кина?
2За 7 месеци некои институции го потрошиле речиси целиот буџет за капитални инвестиции, некои ниту денар
3ЈО: Обвинение за возачот на „Сеат Алтеа“, му го пресекол патот на мотоциклистот што загина кaj Радишани и избегал
МакедонијаСДСМ: Четири години ВМРО ДПМНЕ нема направено ништо за заштита на ОхридКого лаже Пецаков? Вистината не може да се сокрие, четири години како локална власт ВМРО ДПМНЕ и Пецаков не направија ништо за заштита на Охрид, туку напротив.Во време на СДСМ беше донесен Планот за управување, Стратегијата за рехабилитација, а Комисијата за управување со светското наследство, која постоеше само на хартија од 2012, започна со работа дури во 2018 и шест години функционираше ефикасно. Тоа беше препознаено и пофалено во секој извештај на УНЕСКО. А што направи Пецаков? Катна гаража во заштитена зона, платформи што беа отстранети – вратени и доградени. Тоа директно го констатира реактивната мисија на УНЕСКО од 2024 година. Наместо заштита – легализација на уништувањето. Полн мандат имаа – не ги спроведоа ни основните препораки од мисиите на УНЕСКО во 2020 и 2024 година. Имаа цела година да покажат напредок и да испратат извештај до Комитетот. Не го направија ни тоа. А за да покажеш напредок – треба да сработиш. А не да се сликаш и лажење да продаваш. Граѓаните на Охрид и државата заслужуваат одговорна власт, не политиканство и неработење кое носи ризик да го изгубиме статусот на светско наследство. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонскиот бакар во глобалната трка за критични минерали: Ќе успее ли европа да се ослободи од зависноста од Кина?Додека Европа трча по критични минерали и се обидува да ја намали зависноста од Кина, Пекинг веќе има изградено доминантна позиција во нивната преработка. Според американскиот Центар за стратегии за критични минерали, Кина од 2001 до 2023 година насочила речиси 100 милијарди долари кон проекти поврзани со критични минерали. Дополнително, според извештајот доминира и во нивното топење и рафинирање ,клучните фази во кои рудата се претвора во материјали неопходни за современата индустрија и технологија. Во оваа глобална трка, според експертите, Македонија има ресурс кој може да и донесе значителна економска корист и да ја позиционира како важен дел од европските синџири на снабдување – бакарот. - Ако пред пет години беше оценуван како неподобен метал за екстракција, за експлоатација и така натаму во функција на заштита на животната средина, денеска на европската листа на метали се наоѓа на зелената листа. Така да состојбите се менуваат... Било каде да се свртиме околу нас, тоа се минерали, тоа се метали вградени во фунционалноста на нашето живеење и ние за тоа треба да бидеме свесни и да го користиме тој потенцијал што го имаме.- Соња Лепиткова - претседателката на Македонското геолошко друштво Како еден од проектите со кој земјава би можела да се вклучи во синџирите на снабдување со критични минерали, Лепиткова го нагласува рудникот за бакар во Иловица. Проектот со години е во застој, иако за него веќе е обезбеден приватен капитал. Според досегашните проектни податоци, предвидено е годишно да се експлоатираат околу 10 милиони тони руда, со просечно производство од над 10 илјади тони бакар годишно. Според проценетите резерви, рудникот би работел околу 23 години. Но, отворањето на нови рударски капацитети, според Лепиткова, мора да оди паралелно со највисоки еколошки стандарди и постојана контрола. - Секој рудник е приказна за себе, секое подрачје има своја специфика. Стручната јавност е таа на којашто треба да ѝ се верува и таа треба исто така на ист начин да пристапи во аспектот на отворање на еден рудник – а да се запазат максимално еколошките стандарди, да се управува вистински со отпадот, со отпадните води, да се применат најсовремени технологии и државата да прави континуиран мониторинг.- Соња Лепиткова - претседателката на Македонското геолошко друштво За Иловица покрај потенцијалното производство на бакар, инвеститорот најавува и поширок економски ефект. Првата фаза од изградбата на рударскиот комплекс би била вредна околу 340 милиони евра, а проектот би отворил стотици работни места. Дополнително, според инвеститорот, во текот на оперативниот период околу 75 милиони евра годишно би се слевале кон локални и регионални компании од различни дејности, од угостителство, земјоделство и прехранбена индустрија, до текстилната, хемиската и дрвната индустрија, како и занаетчиството и сервисните услуги. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗа 7 месеци некои институции го потрошиле речиси целиот буџет за капитални инвестиции, некои ниту денарЗа половина година – реализирани речиси половина од планираните капитални инвестиции. Заклучно со 30 ти јули, според податоците објавени на министерството за финансии расходите на буџетските корисници наменети за патишта, училишта, студентски домови, болници, здравствени апарати, спортски објекти, опрема, софтвери, се реалзизирани со 47,74 % од вкупно предвидени околу 659 милиони евра . Со висок процент на реализација на листата на министерството за финансии, која брои вкупно 85 буџетски корисници, е министерството за транспорт. Од предвидени нешто над 168 милиони евра, за 6 месеци реализирани биле над 165 милиони или 83,73%, а за трошење имаат само уште 30-тина милиони евра. Владата и СОЗР искористиле по 67% односно 59,95% од вкупните средства кој им биле на располагање, со што на Владата и остануваат уште околу 6 милиони еввра додека во Службата за општи и заеднички работи преостануваат уште 2 милиони. Со по околу 38 % искористеност на средствата се министерствата за образование и здравство. Со многу низок процент на реализација на капиталните расходи се издвојуваат министерството за финансии со само 3,86 %, потоа економија, правда како и министерството за одбрана, кое има еден од повисоките буџети за оваа намена, како дел од обврските од членството во НАТО. Сепак, ресорното министерство од вкупнопредвидени околу 150 милиони евра има искористено само 43 или речиси 30%. За разика од овие, десетина буџетски корисници, немаат потрошено речиси ниту едно евро од предводените пари за капитални инвестиции, такви се фискалниот совет, оперативно техничката агенција, агенција за иновации, биро за судски вештачења. Инаку со ребалансот на Буџетот, кој беше донесен минатиот месец, капиталните расходи се зголемија за 14,5 %, согласно фискалните правила, тие иснитуции што нема да ги исористат парите, истите ќе им бидат одземени и прераспрелени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈО: Обвинение за возачот на „Сеат Алтеа“, му го пресекол патот на мотоциклистот што загина кaj Радишани и избегал Се обидел да избегне еден автомобил, но, за жал, завршил директно во друг. 19-годишниот Никола Макрачевски со својот мотор загинал преминувајќи во спротивната коловозна лента за да избегне возило. Зад несреќата според Обвинителството, стои маневар на 46-годишен возач на „сеат алтеа“ кој му го пресекол патот и започнал да свртува налево кон ул.18. На крстосницата немало сообраќајни знаци, но како што соопштија од Обвинителството, возачот не ги пропуштил возилата што доаѓале од спротивната страна на ул. Радишанска.Така возачот на „алтеата“ му го пресекол патот на Никола, кој со мотоцикл „кавасаки“ се движел право. Во обид да избегне директен судар, Никола свртел налево и преминал во коловозната лента наменета за возилата што се движат во спротивна насока. Но, таму се движел автомобил „алфа ромео“. Мотоциклот директно удрил во автомобилот, а од силината на ударот Никола излетал и паднал на коловозот. Се здобил со тешки телесни повреди од кои починал. Полесно бил повреден и возачот на „алфа ромеото“. Според Обвинителството, 46-годишникот по несреќата не застанал да им помогне на повредените, туку го напуштил местото. Тој сега се гони за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода. -Со цел обезбедување на лицето во текот на постапката, јавниот обвинител предложи да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува во Судот, привремено одземање на патната исправа и одземање на возачката дозвола“, соопштија од Обвинителството. Откако 46-годишникот од Арачиново, каде беше пронајдено и неговото возило беше уапсен завчера, денеска со новите детали од Обвинителството официјално се открива и улогата на третото возило во несреќата. Првично, од МВР беше соопштено дека во судирот учествувале мотоциклот и „алфа ромеото“, но според новите детали и обезбеден видео запис при увидот, токму возачот на „сеатот“ го натерал Никола да се обиде да го избегне сударот и да премине во спротивната лента, што заврши кобно за младиот мотоциклист. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook