СДСМ: Багателна распродажба во Аеродром: Земјиште за 2.000 денари по квадрат, - Канал 5

СДСМ: Багателна распродажба во Аеродром: Земјиште за 2.000 денари по квадрат,

Багателна распродажба во Аеродром: Земјиште за 2.000 денари по квадрат, Николовски, Митевски, Ристовски, кој ја турка зделката?

СДСМ: Багателна распродажба во Аеродром: Земјиште за 2.000 денари по квадрат,

Секогаш кога ВМРО-ОКГ е на власт, продажбата на државно земјиште на атрактивни локации по багателни цени стапува на сцена. Дали овој пат, каконшро говорат информациите доставени до нас, режисери на една ваква зделка се токму Александар Николовски и Борко Ристовски а изведбата е на Дејан Митевски?

Општина Аеродром продава градежно земјиште по багателни 2.000 денари по метар квадратен. Земјиштето зафаќа површина од 23.000 метри и се наоѓа на атрактивна локација, непосредно до Хотел „Русија“ и СЦ Јане Сандански.

На електронската аукција закажана за почетокот на следниот месец за почетните 2.000 денари по метар квадратен градежно земјиште се бара банкарска гаранција од приближно 2 милиони евра.

Земјиштето е со намена Д3 спорт и рекреација и компатибилни Б намени за комерцијални и деловни објекти предвидува градежна парцела од приземје и три ката со вкупна градежна површина од 80.000 метри квадратни.

Ова отвара цела една низа на прашања и потпрашања поврзани со намерите кои се кријат зад оваа продажба.

Јавно го прашуваме градоначалникот Дејан Митески:

Дали позади цела оваа зделка, стојат директно Министерот за Транспорт Александар Николовски и Министерот за Спорт Борко Ристовски?

Зошто за земјиште што вреди багателни почетни 2.000 денари по метар квадратен или вкупно 47 милиони денари се бара банкарска гаранција од 2 милиони евра?

За кого е наменето ова земјиште?

Ќе никне ли уште еден уште еден спортски комерцијално деловен објект веднаш до Хотел Русија?

Кога конечно ќе се престане со бетонизацијата на урбаното јадро на општината?

Граѓаните бараат одговори и итно прекинување на распродажбата на градежно земјиште по багателни цени.

ВМРО-ОКГ во Аеродром доби доверба за домаќинско и одговорно управување со општината, а не за распродажба на државниот имот по багателни цени.

Прес конференција на ОО СДСМ Аеродром, Марко Даниловски, советник

YouTube video

Скопје, 10.06.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Папата Лав посети затворот во Барселона!Затвореничка: Благодарна сум, никој не се сеќава на нас

Папата Лав, силен застапник за правата на затворениците, денес за прв пат посети шпански затвор, повикувајќи ги затворениците да се искупат за своите злосторства и да водат подобар живот. 

Папата Лав посети затворот во Барселона!Затвореничка: Благодарна сум, никој не се сеќава на нас

Лав го посети Затворот „Бријанс 1“, изграден во 1991 година која е на околу 40 километри од Барселона, и во него има околу 1.000 затвореници.

Зборувајќи со затворениците во затвор во близина на Барселона, папата рече дека историјата на една личност „не ја одредува иднината, туку нуди можност да ги промениме нашите одлуки и избори“.

„Ова е можност што се случува еднаш во животот. Воопшто не можев да спијам“, рече Монтсе Бенавенте, затвореничка која разговараше со папата за нејзините борби со верата и штетата што нејзините постапки му ја нанеле на нејзиното семејство. Лав последен пат го посети затворот во април, кога беше во Екваторијална Гвинеја како дел од турнејата низ четири земји низ Африка.

Лав, првиот папа од Соединетите Американски Држави, е во еднонеделна посета на Шпанија, каде што предупреди дека интензивираните конфликти го турнале светот во длабока криза и повика на подобар третман на мигрантите.

За време на престојот во Шпанија Папата ќе ја инаугурира најновата кула на Саграда Фамилија, модернистичката базилика дизајнирана од Антони Гауди, која стана највисоката црква во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кошаркарската федерација на Македонија и Комерцијална банка ја продолжија соработката

Кошаркарската федерација на Македонија изразува искрена благодарност до Комерцијална банка АД Скопје за одлуката да ја продолжи соработката и поддршката на машката сениорска А репрезентација на Македонија.

Кошаркарската федерација на Македонија и Комерцијална банка ја продолжија соработката

Продолжувањето на ова партнерство претставува значајна потврда за довербата што Комерцијална банка ја има во македонската кошарка и во националниот тим, кој со гордост ја претставува нашата држава на меѓународната сцена.

Поддршката на нашата најдобра репрезентација е од особено значење во остварувањето на поставените спортски цели и обезбедувањето на најдобри можни услови за подготовка и настап на македонските репрезентативци.

Во име на Кошаркарската федерација на Македонија, стручниот штаб и сите репрезентативци, упатуваме искрена благодарност до раководството на Комерцијална банка АД Скопје за препознавањето на важноста од континуирана поддршка на националниот тим.

Уверени сме дека и во периодот што следува, заеднички ќе продолжиме да работиме во интерес на македонската кошарка и ќе се стремиме кон нови успеси кои ќе донесат радост и гордост за сите љубители на спортот во нашата земја.

Ви благодариме за довербата и поддршката!

Кошаркарска федерација на Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорче Петров ја одржа првата полуматурска парада – еден ден, шест училишта, една гордост

Со многу насмевки, позитивна енергија и искрена радост, денес во Реонскиот парк во Ѓорче Петров се одржа првата Полуматурска парада 2026, настан кој обедини повеќе од 500 полуматуранти од сите шест основни училишта на територијата на општината.

Ѓорче Петров ја одржа првата полуматурска парада – еден ден, шест училишта, една гордост

Полуматурантите, придружувани од своите наставници, родители и другари, заедно го одбележаа завршувањето на едно значајно поглавје од своето образование и почетокот на новите предизвици што ги очекуваат.

Настанот беше збогатен со настап на зурли и тапани, македонски народни песни и ора, преку кои полуматурантите испратија порака за почит кон традицијата, културното наследство и националниот идентитет.

Во рамки на парадата беа доделени признанија за ученик и наставник на генерација од секое основно училиште, избрани со гласање од самите ученици, како симбол на почит кон знаењето, посветеноста и личниот пример.

Меѓу највпечатливите моменти беше и потпишувањето на полуматурските маици, на кои учениците си оставаа пораки, желби и потписи како траен спомен од генерацијата 2026 и од годините поминати заедно во училишните клупи.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, упати честитка до сите полуматуранти и порача:

„Денес е ден за паметење. Ден исполнет со емоции, радост и гордост. Ви честитам за постигнатиот успех и за трудот што го вложувавте низ годините. Продолжете да сонувате големи соништа, да учите и да верувате во себе. Вие сте иднината на нашата општина и нашата држава. Честито полуматурци, наша гордост сте!“

Со оваа манифестација, Општина Ѓорче Петров поставува темел на нова традиција која во иднина ќе ги обединува младите генерации, ќе ги негува македонските културни вредности и ќе го одбележува завршувањето на едно значајно поглавје во нивното образование.

Општина Ѓорче Петров останува посветена на поддршката на младите, создавањето подобри услови за образование и поттикнувањето на вредностите кои ќе ги водат новите генерации кон успех.

На сите полуматуранти им посакуваме многу успех, нови пријателства и исполнување на нивните соништа во годините што следуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер