СДСМ: 6 дена до уште една голема лага и неисполнето ветување на Мицкоски - Канал 5

СДСМ: 6 дена до уште една голема лага и неисполнето ветување на Мицкоски

Уште само 6 дена остануваат до 1 јуни, рокот што самиот Христијан Мицкоски си го постави за целосно исполнување на Реформската агенда и клучните обврски за продолжување на европскиот пат.

СДСМ: 6 дена до уште една голема лага и неисполнето ветување на Мицкоски

6 дена до уште една голема лага и неисполнето ветување на Мицкоски.

6 дена до уште една потврда дека ВМРО-ОКГ намерно ја држи државата заглавена, изолирана и далеку од Европа заради сопствени бизниси и криминални тендери.

Од 10 клучни точки од Реформската агенда, реализирани се само мал дел и тоа делумно.

Клучно за продолжување на европскиот пат се уставните измени и внесувањето на малцинствата во Уставот, обврска без која нема помрднување од мртва точка.

Без тоа, нема отворање на следната фаза од преговорите, нема членство во ЕУ, нема ништо.

Нема нови европски фондови. Нема повеќе инвестиции. Нема подобар животен стандард за граѓаните.

Мицкоски самиот тврдеше дека има апсолутно мнозинство. Самиот ја укина Техничката влада без консензус, со сила и без опозицијата.

Сега нека ги заврши реформите, нека ги исполни обврските до 1 јуни, како што ветуваше. Да не ја обвинува ЕУ дека сака да ни го загрози идентитетот туку нека ги внесе малцинствата во Уставот.

Или јавно нека признае дека не сака членство во ЕУ затоа што се плаши од европско обвинителство, независно правосудство и од одговорност, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младеновска: „Твоја држава, твоја шанса“: Плати што го следат животот, економија што работи за луѓето

Вистината е дека македонската економија се распаѓа -  граѓаните живеат се полошо и имаат помалку пари.

Младеновска: „Твоја држава, твоја шанса“:  Плати што го следат животот, економија што работи за луѓето

На средина од годината нема пари во буџетот, веќе е испразнет. Дури и планираниот годишен дефицит е веќе пробиен за над 18 милиони евра.

Владата на Мицкоски создаде нов долг од 2,5 милијарди евра а пари нема. Нема за граѓаните, нема за 600 евра минимална плата, нема за земјоделците. Само за криминални тендери има пари. Сега снемува пари и за тендери штом му се брза со избори.

СДСМ во Платформата „Твоја држава, твоја шанса“ нуди нов економски пристап, економијата да работи за луѓето, а не само за малкумина привилегирани.

Правично е државната поддршка да ја добиваат компании што носат резултати и придонесуваат во економијата, а не фирми што се блиски до власта и напредуваат по партиска линија.

Затоа предвидуваме строга ревизија на секои 18 месеци, на секоја мерка.

Ако компанијата не испорачува резултати, ако нема ефект врз продуктивноста, средствата ќе се пренасочуваат кај поуспешни корисници.

Предвидуваме долгорочна поддршка и следење на компаниите што се извозно ориентирани и имаат потенцијал за раст, преку Развојната банка на Македонија.

Економијата мора да се развива во сите региони. Затоа ќе развиваме индустриски кластери според локалните потенцијали.

Финансиската поддршка за компаниите ќе биде условена со обука на работниците, воведување стандарди и пристап до нови пазари.

Праведно е пари да се даваат за успех, а не за преживување.

Економијата не е бројка на хартија, тоа е платата што работникот ја носи дома, пензијата на пензионерот, цената на храната и сметките - достоинството на секое семејство.

Затоа, во нашата платформа, за работниците создаваме шанса за повисоки плати и достоинствен живот.

Минималната плата автоматски ќе се усогласува со трошоците за живот, инфлацијата и просечната плата. Ако растат цените, мора да растат и платите.

Ако профитот на компанијата расте, ќе мора да расте и платата на работникот.

Така е правично.

Твоја држава, твоја шанса!

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата

Изјава за медиуми на премиерот Мицкоски од пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден.

Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата

„Почитувани претставници на медиумите

Денеска сме овде да го одбележиме отворањето на овој прекрасен објект, приватна инвестиција целосно.

Наша цел и задача како Влада е да поддржуваме приватни иницијативи, посебно кога тие иницијативи имаат цел да го олеснат животот, да бидат додадена вредност и да го зголемат квалитетот на животот на нашите сограѓани, така што ние како Влада апсолутно поддржуваме ваков претприемачки дух.

Јас му честитам и на инвеститорот и на сопственикот на овој објект и на луѓето коишто ќе ги користат услугите на овој објект, бидејќи навистина претставува храброст пред сè да се влезе во една ваква инвестиција, за мене луѓето коишто влегуваат во вакви инвестиции се во суштина најголемите патриоти коишто обезбедуваат едно работно место повеќе, коишто се грижат да обезбедат плата повеќе во месецот, така што ние како Влада секогаш ќе бидеме на страната на бизнисот коишто секогаш се труди да направи повеќе.

Колку е поуспешен бизнисот толку е и државата поуспешна, тоа јас сум го кажал многупати, а колку е државата пак поуспешна тогаш и бизнисот е повреден, тоа е отприлика како двонасочна улица, така што за мене претставува чест и благодарност до сопственикот на објектот, овде за денеска што ме покани да свечено го отвориме овој објект.

Благодарам и до градоначалникот на Општина Илинден којшто како институција застана целосно позади реализацијата на оваа инвестиција и се разбира уште многу инвестиции да се множат во периодот којшто следи.

Ви благодарам.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС повторно лаже, повисоки субвенции, сточарството бележи позитивни резултати

Времето на СДС, сточарите го паметат и по 17 месеци неисплатени субвенции за предадено млеко.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС повторно лаже, повисоки субвенции, сточарството бележи позитивни резултати

Напредокот во делот на сточарството го потврдуваат и статистичките податоци на Државниот завод за статистика.

За прв пат по 10 години во 2025-та година бележиме зголемување на произведените количини на кравјото млеко за 2,7% во споредба со 2024-та година.

Зголемување имаме и во производство на овчото млеко за 4% повеќе во однос на 2024-та година.

Наспроти деструкцијата и хаосот што владееле во минатото, денеска имаме и зголемување на субвенциите во делот на сточарството.

Финансиската поддршка за предадено млеко се зголеми и тоа:

-кравјо од 5 на 6 денари.

-овчо и козјо од 6 на 7 денари.

Се зголеми и финансиската поддршка од 4.000 на 6.000 денари за товни раси на говеда и зголемување од 3.000 на 4.500 денари за сите остананати раси или мешавини од различни раси.

За обележани грла овци постари од 12 месеци, има зголемување на поддршката од 2.000 на 3.000 денари, исто така и за обележани грла кози постари од 12 месеци, се зголеми поддршката од 2.000 на 3.000 денари.

По неколку години застој, се креираше нова мерка за зголемување на бројот на основното стадо во која висината на поддршката е за 30% повисока од основните мерки за пријавен број на обележани говеда, овци и кози.

Со ова фармерите ќе се поттикнат за зголемување на бројот на основните стада.

СДС го уништи сточарството во Македонија со нивните штетни политики.

Политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се насочени кон создавање на модерно и конкурентно земјоделство.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер