Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен
2Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен
МакедонијаСДСМ: 15 дена до неисполнување на реформската агенда и ветувањата на Мицкоски – алиби нема да добие од СДСМСега бараат алиби, бидејќи до 1 јуни останаа 15 дена и тие не можат да ги исполнат преостанатите точки, бидејќи за неколку точки им беа потребни 2 години.По признанијата на Христијан Мицкоски, Тимчо Муцунски, Гордана Силјановска дека Преспа е ремек-дело на дипломатијата, дека јазикот, културата и македонскиот националент идентитет се апсолутно заштитени и дека НАТО е нешто најдобро што Македонија го добила бидејќи обезбедува апсолутна безбедност и создава клима за инвестиции, остануива фактот дека Мицкоски и неговата криминална организација не направија ништо на полето на завршување на реформската агенда повеќе од две години. Сега бараат алиби, бидејќи до 1 јуни останаа 15 дена и тие не можат да ги исполнат преостанатите точки, бидејќи за неколку точки им беа потребни 2 години. Сега најавува Мицкоски дека ќе испорача 9,5 од 10, или сепак 7 или 8 точки. Бројките одат како томбола. Никому не му е јасно освен нему, кој по кој знае кој пат ЛАЖЕ! Никому веќе не му е јасно освен дека бара алиби за да се оправда за неисполнувањето на реформите. Но Мицкоски не сака да ја каже главната работа. Без измени на Уставот, без малцинства во Уставот, нема ни 7, 8, ниту 9,5 или 10 исполнети. НЕМА НИШТО! Она што го крие е дека без малцинства во Уставот нема поместување од мртва точка. Нема продолжување на ЕУ интеграциите без разлика на исполнувањето на останатите точки од агендата. Прашањето на малцинствата не е прашање на Бугарите, тоа е прашање на сите малцинства во Македонија. Ние не преговараме со Бугарија, туку со ЕУ. Со сите 27 земји членки и услов се малцинствата! Малцинствата не се само Бугари, туку и Срби, Хрвати, Роми, Бошњаци, Турци, Албанци… сите наши соседи, пријатели, колеги, роднини… сите тие се граѓани на Македонија. Една од 10-те точки е Изборниот закон за кој Мицкоски рече дека ќе биде тема кон крајот на јуни! Затоа му порачуваме на Мицкоски да не бара алиби за неисполнување на реформската агенда, туку да ги реши останатите точки до 1 јуни, како што вети, и да ги внесе малцинствата во Уставот за да продолжи процесот на ЕУ интеграции. Доста веќе лаги и манипулации со граѓаните. Како што рече дека има мнозинство и дека тоа го докажал повеќе пати, како што рече дека сами без СДСМ ќе ги завршат реформите и дека СДСМ не им е потребен – нека ги завршат реформите. Како што сè изгласа сам, без СДСМ, како што ја укина Техничката влада без консензус и меѓународната заедница, сега нека ги заврши сите точки од агендата. За Изборниот закон има, како што рече, време до крајот на јуни. Нека престане да бара алиби, нека престане да g ЛАЖЕ граѓаните и нека го заврши тоа што го ветил! Нека ги испратат документите за екстрадиција на Груевски, за да ѝ покажат на Европа и на граѓаните дека сакаат ЕУ. Не можеме во ЕУ, а да штитиме бегалци, симболи на криминал и корупција во Македонија. Мицкоски и неговата банда не сакаат ЕУ. Не сакаат европски закони, не сакаат европско правосудство, не сакаат Европско обвинителство, бидејќи тогаш мора да се одговара за криминал и корупција. Тогаш нема наредување на обвинител од собраниската говорница, тогаш не може пораки да се испраќаат преку медиуми и не може телефонски да се бараат процеси. Тогаш обвинителот е независен како насекаде во ЕУ. Не сакаат слободни медиуми, бидејќи тогаш нема лажни вести, измислени афери и навредување на политички противник. Нема труење на медиумскиот простор, туку – ВИСТИНА! Мицкоски и криминалната група ВМРО и нивниот партнер од тендер коалицијата ЗНАМ не сакаат да одговараат. Нека излезат и да им кажат на граѓаните на Македонија дека НЕ САКААТ ЕУ! Нека им ја кажат еднаш вистината, а не да лажат дека Преспанскиот договор не чини, да лажат дека ќе го вратат името и дека секогаш некој друг им е виновен. Доста беа лагите на Мицкоски и неговата банда! Ние алиби нема да им дадеме. Доаѓа време на вистина, правда и одговорност. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеНедоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките креветиДел од сумплементите за малнутриција или состојба кога некој не прима доволно хранливи материи заради здравствена состојба а со тоа и губи мусклулна маса се на твоар на фондот за здравство. Малнутрицијата мора да го заземе важното место во делот на лекување на пациентот пред операција и по операција со цел да има целосно заздравување а пацинетот да не биде со недели во болнички кревет заради неисхранетост. Оваа тема денеска ги собира сите доктори од КАРИЛ и клиниката за гастро каде треба да се влијае на подоборување на системот од примарно ниво. На Клиниката за дигестивна хирургија и клиниката за гастро објаснуваат дека системот со правилна храна, психолошка помош е најважна во процесот на лекување. Најчесто станува збор за пациенти кои имале онколошки проблеми и интревнеции, постари пациенти и пациенти од интензвините единци за лекување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПо ветото на Сиљановска-Давкова, СДСМ поднесе над 2.000 амандмани за законот за јавни набавки Ќе добие ли втора шанса во Собрание Законот за јавни набавки чијшто указ претседателката Сиљановска одби да го потпише? Таа го врати со една забелешка, но сега предлогот доби над 2000 амандмани, од кои повеќето од опозициската СДСМ. Во пресрет на утрешната седница кадешто ќе се разгледува во трето читање, од пратеничката група на СДСМ за Канал 5 велат дека предлог законот сериозно влијае на транспарентноста на јавните набавки бидејќи се зголемуваат лимити за трошење на јавни пари без тендер. - 10000 евра може да потроши функционер каде сака и по било кои цени без да има никаква постапка, односно јавна набавка. - Се укинува обврската воведена во 2019та институциите да добиваат мислење од Бирото за јавни набавки за постапките со преговарање без оглас. Ова ќе даде можност за склучување договори во четири очи без никаква контрола. - Три пати се зголемуваат надоместоците за поднесување жалба. Целта на ова е да се обесхрабрат фирмите, особено помалите, да поднесуваат жалби и да укажуваат на неправилности во постапките за јавни набавки. Пратеничка група на СДСМ Но, и покрај бројните критики од опозицијата, од ВМРО-ДПМНЕ се уверени дека законот ќе биде усвоен, бидејќи според член 183 од Деловникот, амандмани во трето читање може да се поднесуваат единствено во врска со укажувањето на претседателот. За нив е прифатлива забелешката на претседателката Силјановска, која е против неограничена можност за реизбор на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки. -СДСМ имаше време кога да ги отвора овие дилеми низ комисиските процедури, но не го направи тоа. ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандман со кој се опфатени забелешките на Претседателката и тие ќе бидат коригирани. Законот ќе биде донесен. Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ Со измените на законот прагот за набавки на стоки и услуги без тендер се менува од 1.000 на 2.000 евра, за градежни работи од 5.000 на 10.000 евра, а годишниот лимит за набавки по интитуција расте од 12 на 25.000 вера. Од министерството за финансии ваквите измени ги оправдуваат со потребата од приспособување на економските услови, посочувајки дека праговите не биле менувани од 2019 година. Овие измени се дел од реформската агенда, а очекувањата на властите се дека ќе има поедноставни постапките, помали административните трошоци и поквалитетно трошење на јавните пари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВетеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на теренВетеринарите излегоа на протест пред АХВ и Владата.Се жалат на лошата состојба во секторот, недоволното финансирање и застојот во спроведувањето на превентивните мерки за заштита на здравјето на животните. Игор Манасиевски го следеше протестот.. Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook