Мајка, татко и син со измама краделе луксузни автомобили- пронајдени се возила вредни три милиони долари
2Мајка, татко и син со измама краделе луксузни автомобили- пронајдени се возила вредни три милиони долари
КултураСцените во Охрид подготвени да ги пречекат уметниците учесници на 61 издание на „Охридско лето Националната установа „Охридско лето" и Градот Охрид ги заокружуваат последните подготовки за престојното 61-во по ред издание на најголемата и најреномираната музичко-сценска манифестација во земјата.Се е подготвено за престојните 40 дена возбуда што пред бројната фестивалска публика ќе ја донесат повеќе од 500 уметници од 18 држави од Европа и целиот свет, прославени имиња од светската музичка елита и извонредни театарски креации. Како што изјави за МИА директорката на „Охридско лето" Наташа Поповиќ, благодарение на посветеноста и залагањата на фестивалскиот тим привршуваат подготовките за пречек на бројните уметници, на начин како што доликува на светска музичко-сценска манифестација и угледот што го ужива Фестивалот во глобални рамки. Поповиќ истакна дека сите фестивалски сцени, најатрактивните локации во градот како Античкиот театар, Предворјето на Света Софија, Долни Сарај, како и неповторливата катедрална црква Света Софија се целосно освежени, подготвени да блеснат во сиот раскош, на задоволство како на уметниците што ќе настапуваат така и за самата публика. Притоа, таа ја искористи приликата да се заблагодари на Општина Охрид за логистичката поддршка што ја дава на Фестивалот за некога беспрекорна реализација. Што се однесува на програмскиот дел, Поповиќ изрази задоволство што нема никакви откажувања, засега се е според планираното и предвиденото. – Воопшто не беше лесно да се организира програмата за една голема манифестација каква што е „Охридско лето". Договарањето настап на светски уметници за 40 фестивалски дена е сложен зафат и во нормални околности, а само ние знаеме како е тоа да се сработи во вонредни околности наметнати со епидемијата на коронавирусот, рече таа. Минатата година „Охридско лето" беше манифестацијата што беше прва на линијата кога станува збор за организирање настани од областа на културата, со предизвик да понуди квалитетна програма во вонредни околности. – Ланската година беше тежок тест за нас, Фестивалот го реализира минатогодишнот издание без какви било проблеми. Во вонредни услови реализиравме 34 настани во скратен термин, што е импозантна бројка и во нормални околности. Благодарение на минатогодишните искуства сме подготвени да се справиме со сите евентуални потешкотии, за кои се надевам дека воопшто нема да ги има, рече Поповиќ. Подготовките за оваа година, како што истакна таа, почнале веднаш после завршувањето на минатогодишното фестивалско издание, но во мошне отежнати околности со оглед на фактот што речиси сите предвидени настапи директно зависат од тоа каква ќе биде ситуацијата во светот со епидемијата на Ковид-19. – Ние уметниците сме желни за настапи, секој концерт, претстава, самата сцена е храна за нас. Секој уметник поканата да настапи на „Охридско лето" ја смета за предизвик, слободно може да се рече и за привилегија, но потврдата за нивното доаѓање на Охридско лето" директно зависеше од наметнатите протоколи за патување надвор од нивните матични држави. Во октомври минатата година никој од нив не можеше да знае каква ќе биде ситуацијата оваа година, така што беа потребни навистина големи вложувања и напори за креирање на програмата. Сега ситуациата е далеку порелаксирана, што е позитивно, кога станува збор за финалната реализација на фестивалското издание, истакна Поповиќ. Оваа година свеченото отворање на Фестивалот што секогаш е посебно доживување, е резервирано за големиот музичко-сценски спектакл, сочинет од најубавите дела на рускиот виртуоз, преку делови на балетската трилогија „Лебедово езеро", „Оревокршачка" и „Заспаната убавица", и извадоци од балетот „Ана Каренина" и операта „Евгениј Онегин", во изведба на Националната опера и балет. Повеќе од 90 балетски првенци, солисти, ансамблот и оркестарот на Националната опера и балет, предводени од диригентската палка на маестра Бисера Чадловска кои на 12 јули ќе настапат на Античкиот театар веќе в сабота доаѓаат во Охрид каде ќе ги имаат генералните проби за свеченото отворање. Оваа година на фестивалската програма се 34 уметнички концерти со прекрасна динамика, програма што од самиот почеток до крајот претставува една голема музичка приказна што има за цел да ја прослави уметноста преку различни музички композиции. Меѓу најдобрите и најхрабрите кои ќе допатуваат од сите страни на се врвни имиња од областа на музичката уметност како Александар Штаркман, Ѓуљсин Онај, Вихан квартет, Ирина Графенауер, Мате Бекавац Кирил Родин, Жени Захариева, Маја Богданович,Даниел Родан, Стојан Димов и Дино Имери, Дарко Костовски, Васко Дантас, барокниот ансамбл „Театро ала мода", Горѓи Цинциевски, Саимир Пиргу и Мерита Таршана, гудачки квинтет на филхармонијата од Загреб на чиј концерт ќе настапи нашиот млад виолинист Александар Иванов, Калина Мрмевска, Надја Неволовиќ, женскиот хор под раководство на диригентот Ивица Зориќ Менада, мешаниот хор на филхармонијата од Приштина, Елоизе Карлин, Барокни дијалози со камерниот ансамбл на Македонска филхармонија, Алесандро Фатони и Џорџо Мартану,Петру Иуга и Михаил Хориа, Хајди Елзесер и Ненад Лечиќ, Лирска вечер со фестивалски камерен оркестар и вокални солисти под диригентската палка на Паскал Галоа, Захариас Тарпагос и Валерија Харитиду, дуото гитари Горан Кривокапиќ и Даниел Церовиќ, Владимир Марковиќ и Јулијана Шуловиќ, Драган Средојевиќ и Ненад Ивовиќ. Фестивалот „Охридско лето" е еден од најголемите промотори и афирматори на македонската уметничка музика, но и на македонските композитори и изведувачи. – Заради пандемијата што минатата година го запре светот, која во голема мера ја засегна и уметноста, за оваа година заедно со селекторите на музичката и театарската програма решивме голем простор да им дадеме на уметници од Македонија, наши уметници кои се познати и веќе етаблирани на најпознатите светските сцени, а немале можност да настапат на „Охридско лето". Како новина е тоа што некои од наши врвни уметници кои живеат надвор, ги споивме со други странски уметници во дуети, квартети за да настапуваат на фестивалските сцени во Охрид, рече Поповиќ. Веќе востановена практика се и концертите што „Охридско лето" ги реализира во соработка со Амбасадите на други држави во Македонија, така што и ова година тука се концертите организирани со Словенечката амбасада, потоа со Амбасадите на Италија, Франција, Чешка, Турција… На драмската програма ова фестивалско издание се шест театарски претстави, на неколку сцените на Античкиот театар, Предворјето на Света Софија, Долни Сарај, дворот на училиштето „Свети Климент" и Центарот за култура„ Григор Прличев", секоја од нив со различни и уникатни естетики. Тоа се претставите „Крик за љубов" на Охридскиот театар, „History of Mother Fuckers" преработка на Вилијам Шекспир на Битолскиот театар, Српскиот народен театар од Нови Сад ќе ја донесе животната драма на Џенис Џоплин, Театарот комедија со претставата „Вечера за глупаци", Македонскиот народен театар ќе се претстави со „Само глас", а драмската програма на „Охридско лето" ќе биде заокружена со претставата „На отворено море" во изведба на актерската екипа на Југословенскиот драмски театар од Белград. „Охридско лето" како манифестација има своја особена специфика, со строги правила што се може да биде ставено на програмата. Но сепак, покрај оној класичен дел преку „офф програмата" нуди и неколку содржини наменети за пошироката публика. Оваа година тоа ќе биде концертот на Националниот ансамбл „Танец" кој јубилејот по повод 70-годишнината од формирањето ќе ја одбележи со настап заедно со националниот хрватски ансамбл „Ладо". Тука е и роденденскиот концер т на „Синтезис", а голем интерес кај пошироката публика има и за најновиот проект „Нашата вечер во Охрид" што српскиот драмски уметник и актер Иван Босиљчиќ специјално го подготвува за долго очекуваната средба со публиката на Фестивалот „Охридско лето".Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
ЗабаваСреде ММА борба ѝ испаднале градите, од тоа заработи богатство на OnlyFans (ВИДЕО)Мексиканската ММА борачка Лусеро Акоста (32) имаше инцидент за време на борбата против Канаѓанката Шенон Кларк на настанот од Лигата на професионални борци (PFL) одржан на 16 октомври во Чикаго. За време на третата рунда, нејзиниот спортски градник се помести, оставајќи ги нејзините гради накратко изложени на телевизиските камери. Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а Акоста по борбата објави дека инцидентот ѝ донел дополнителен приход на OnlyFans. Акоста, позната по прекарот Ла Лоба, го имаше своето деби за организацијата PFL во Чикаго. Таа добро ја отвори борбата, но Кларк постепено ја презеде контролата. Во третата рунда, Канаѓанката ја собори противничката и почна да ја удира додека лежеше на подот. За време на таа размена на удари, горниот дел од спортската опрема на Акоста се исфрли, оставајќи ја едната нејзина града изложена. Боречката ја продолжи борбата, но судијата ја запре по една минута и 59 секунди од третата рунда, а победата ѝ беше доделена на Кларк со технички нокаут. View this post on Instagram A post shared by Loba Acosta | Pro Fighter (@loba_acosta_) Таа откри дека инцидентот ѝ донел профит По борбата, Акоста се огласи на Инстаграм и објасни дека поради снимката што се прошири на интернет, интересот за нејзиниот профил на платформата OnlyFans, каде што објавува содржина за претплатници, се зголемил. „Дополнителна заработка на OnlyFans затоа што моите брадавици беа видливи за време на преносот во живо на PFL. Слатко. Официјален спонзор“, напиша мексиканската борачка. Во друга објава, таа ја наведе и бројката од 500.000, за која американските медиуми претпоставуваат дека се однесува на долари, или приближно 446.000 евра. Сепак, Акоста не објасни дали таа сума претставува вкупна заработка, дополнителен приход од претплатници или нешто друго. Таа дури и не понуди доказ за плаќање, па затоа наведената сума сè уште не е независно потврдена. View this post on Instagram A post shared by Loba Acosta | Pro Fighter (@loba_acosta_) Таа има повеќе од 500 илјади следбеници Пред да дојде во PFL, Акоста настапуваше во организацијата Combate Global, каде што стана препознатлива по својот агресивен начин на борба. Пред поразот од Кларк, таа имаше четири победи по ред помеѓу септември 2022 и април 2025 година. Поразот во Чикаго беше нејзин трет во професионалната кариера и прв со технички нокаут. Нејзиниот моментален сооднос е шест победи и три порази, додека Кларк со оваа победа достигна сооднос од 9:1. Мексиканката е популарна и надвор од ММА спортот. Таа има повеќе од 500.000 следбеници на Инстаграм, а претходно привлече внимание со видеа од подводен тренинг во бикини. Таа го користи OnlyFans како дополнителен извор на приход, а по последната борба тврди дека бројот на претплатници ѝ значително пораснал.Тагови: гради ММА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
СветФентанил не веќе единствен проблем- на улиците на САД се појави нова опасна дрога Нов бран на синтетички дроги ја продлабочува кризата со зависност во Соединетите Американски Држави, каде што на пазарот се појавуваат сè поопасни мешавини од психоактивни супстанции .Нов бран на синтетички дроги ја продлабочува кризата со зависност во Соединетите Американски Држави, каде што на пазарот се појавуваат сè поопасни мешавини од психоактивни супстанции кои го зголемуваат ризикот од фатални предозирања, објавува Би-Би-Си. Иако бројот на смртни случаи од предозирање во САД се намали од врвот од околу 110.000 во 2022 година на околу 70.000 минатата година, експертите предупредуваат дека кризата не е завршена, туку се менува поради зголемената преваленца на синтетички опиоиди и други хемиски супстанции. Тие не знаат кои супстанции ги земаат Фентанилот, синтетички опиоид кој е помеѓу 50 и 100 пати посилен од хероинот, често се меша со други супстанции, вклучувајќи синтетички седативи како што се ксилазин и медетомидин. Ваквите комбинации го отежнуваат уште повеќе лекувањето на предозирањата, бидејќи налоксонот, лек што се користи за враќање на ефектите на опиоидите, не делува на овие седативи. Според Би-Би-Си, последиците се особено видливи во градови како што се Колумбус, Охајо, и Чикаго, Илиноис, каде што корисниците на дрога честопати не знаат кои супстанции всушност ги земаат. Скот Сандерс, кој раководи со организација за поддршка на луѓе кои се опоравуваат од зависност во Колумбус, рече дека проблемот се проширил и на корисниците на стимуланси, вклучувајќи крек кокаин, кој може да се меша со фентанил без нивно знаење. Тој рече дека во округот Франклин, каде што се наоѓа Колумбус, 78 проценти од смртните случаи од предозирање во изминатите 12 месеци биле поврзани со стимуланси. Дополнителен предизвик за безбедносните служби Експертите, исто така, предупредуваат за појава на рани и сериозни оштетувања на кожата поврзани со употребата на ксилазин, додека комбинирањето на повеќе синтетички супстанции ја зголемува непредвидливоста на нивните ефекти. Новите начини за шверцување дрога претставуваат дополнителен предизвик за безбедносните служби. Затворот во округот Кук во Чикаго, еден од најголемите во Соединетите Американски Држави, забележа скок на смртните случаи во 2023 година поврзани со синтетички дроги доставени до затворениците вградени во страниците на книгите и писмата. Шерифот на округот Кук, Том Дарт, изјави дека затворските службеници морале да ги променат безбедносните процедури, а сега и да ја проверуваат поштата за влага за да откријат хартија натопена во недозволени супстанции. Дарт верува дека проблемот не може да се реши само со полициски мерки и пресретнување на поштата, туку дека е потребна многу поголема инвестиција во програми за лекување на зависност и закрепнување. Според него, ширењето на синтетичките дроги го отежнува уште повеќе справувањето со шверцот, бидејќи некои супстанции можат да се произведуваат во импровизирани лаборатории, без потреба од традиционални синџири на снабдување. Снабдувањето со дрога постојано се менува Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги прогласи нарко-картелите за „терористи“ и ја означи дрогата фентанил, моќен синтетички опиоид, како „оружје за масовно уништување“. Сепак, снабдувањето со дрога се менува и постојано се дизајнираат нови смртоносни синтетички лекови, вклучувајќи моќен седатив за животни познат на улица како „транк“. Би-Би-Си известува дека кризата со дрогата во САД се променила во текот на децениите, од хероин и опиоиди на рецепт до фентанил и нови синтетички соединенија, додека експертите предупредуваат дека непредвидливиот состав на уличните дроги претставува зголемен ризик за корисниците. Покрај борбата против шверцот, организациите што работат со зависници ја нагласуваат важноста на достапниот третман, програмите за превенција и тестирањето за дрога, со цел да се намали бројот на предозирања и да се спасат животи.Тагови: дрога фентанил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветГолем глад во Авганистан- погодени се 20 милиони луѓе Се очекува речиси 19,2 милиони луѓе во Авганистан да се соочат со акутна несигурност во исхраната оваа зима поради недостаток на средства, предупреди Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA).Помеѓу септември и октомври, 15,9 милиони луѓе, или речиси еден од тројца Авганистанци, се соочуваат со акутна несигурност во исхраната на кризно ниво или полошо, изјави Олга Черевко, портпаролка на OCHA во Авганистан, за новинарите во Женева. Оваа зима, рече таа, пет милиони луѓе би можеле да се соочат со вонредни нивоа на глад. „Се очекува повеќе од четири милиони деца на возраст од шест месеци до пет години да имаат потреба од третман за акутна неухранетост следната година, вклучувајќи речиси 1,1 милион деца со акутна неухранетост“, рече таа. 20 милиони луѓе се изложени на ризик Околу една третина од центрите за исхрана се затворени или прекинати со работа, делумно поради намалување на средствата. „Кога овие услуги ќе исчезнат, последиците можат да бидат неповратни, особено за децата“, предупреди Черевко. И покрај подобрите врнежи од дожд и зголеменото земјоделско производство, милиони луѓе сè уште не можат да си дозволат храна, а годините конфликт, суша и економски тешкотии ја ослабнаа способноста на семејствата да се справат со кризата, рече таа. „Но, една добра жетва по неколку години суша не може да ја поправи штетата“, додаде таа. Черевко, исто така, предупреди дека ограничувањата наметнати врз жените и девојчињата ја влошуваат кризата, повикувајќи се на проценките на УНИЦЕФ дека Авганистан би можел да изгуби до 20.000 наставнички и 5.400 здравствени работници до 2030 година ако продолжат сегашните ограничувања. Таа повика на итна хуманитарна помош пред зимата, со континуирани инвестиции во земјоделството, вработувањето, здравствената заштита и економските можности за жените.Тагови: Авганистан глад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50