Саздов: Зачувување на културата на македонските иселеници и нови инвестиции - Канал 5

Саздов: Зачувување на културата на македонските иселеници и нови инвестиции

Павле Саздов, досегашен пратеник и носител на листа од ВМРО-ДПМНЕ во американската изборна единица, во интервју за МИА, вели дека е задоволен од стореното во досегашниот, тригодишен мандат, пред се од зголемениот број издадени македонски пасоши, отворени училишта на македонски јазик во Северна Америка и од привлечените американски и канадски инвестиции во Македонија.

Саздов: Зачувување на културата на македонските иселеници и нови инвестиции
- Дефинитивно сум задоволен од постигнатиот резултат. Работевме доста на управните постапки кои се важни за граѓаните, на замена на старите пасоши со нови, издавање на државјанства, го зголемивме бројот на училишта во кои се изучува македонскиот јазик за нашите најмлади и потпишавме многу договори и со САД и со Канада во областа на образованието, транспортот, медицината, договори кои и понатаму ја продлабочуваат соработката меѓу Македонија со САД и Канада во многу области. Општо земено, ги поддржувам сите наши македонски организации за сите нивни потреби. Достапен сум за сите иселеници 24/7. Има многу институции кои се одговорни за различна област, и изборот на пратеник од оваа единица дефинитивно помогна што поголем број наши иселеници да се информираат за многу работи кои Македонија ги нуди, вели Саздов.

Додава дека на неговите средби со македонските државјани во САД и Канада, најмногу прашања добива за зачувувањето на македонскиот јазик во иселеништво, за програмите за зачувување на македонската култура и национален идентитет, за спорот за името, и за можностите за инвестирање и водење бизнис во Македонија.

- Гледаме дека голем број американски компании се решија да инвестираат во Република Македонија. Воедно многу наши иселеници се решија дел од својот капитал да го вложат во Македонија. И понатаму ќе работиме на привлекување на странски инвестиции, за отворање што е можно повеќе работни места во Македонија. Знаеме за Џонсон контролс, кој изгради и втора фабрика во Штип, тука е Амфенол, Кемет електроникс, потоа имаме и наши иселеници од Њу Џерси кои инвестираат во хотелската индустрија, а голем број мали и средни претпријатија во битолската индустриска зона Жабени се изградени од иселеници од битолскиот крај. Од канадски инвестиции имаме една посериозна инвестиција во информатичките услуги, како и фирма која се занимава со геолошки истражувања на повеќе локации и веруваме тие секако ќе се претворат во концесии за минерални суровини. Работиме со многу други компании во Канада и во САД, да ги искористат поволните услови во Македонија, со цел да ја намалиме нашата стапка на невработеност, за која мора да признаеме дека со напорите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е намалена за цели 10 проценти, вели Саздов.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека е задоволен што бројот на македонски граѓани кои се пријавија за гласање во 8 изборна единица, двојно се зголеми во споредба со изборите во 2011 година, на 2.000 лица, и покрај тоа што на овие избори не важат старите патни исправи.

- Идејата нашите иселеници да учествуваат во изборите е вкоренета во ВМРО-ДПМНЕ од самите почетоци на партијата. Малкумина се сеќаваат дека и на референдумот за осамостојување на Македонија учествуваа иселениците, кои гласаа во црквите. За жал, таа пракса не продолжи во следните години, кога немаше политичка волја во Република Македонија за гласање на дијаспората. Меѓутоа, таа определба беше вкоренета во ВМРО-ДПМНЕ и ние правиме се што можеме да го вратиме тоа право на нашите граѓани да бираат и да бидат избрани, кое е уставно загарантирано. Имаме малку конзулати, има многу повеќе места каде што живеат Македонци, а имаме само 4 конзулати и 2 амбасади во Северна Америка. Во иднина, мораме да мислиме за пристапноста на гласачките места и за олеснување на самата постапка за пријавување на гласачите, вели Саздов. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. 

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

Секторот за санитарна контрола во периодот од 05.10.2026 до 09.10.2026 зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 53 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царинска управа: Пронајдена дрога кај германски државјанин, случајот снимен со боди-камерите

Царинските службеници на граничниот премин Табановце, на влез во државата, запленија хашиш, амфетамин, MDMA и тетрахидроканабинол пронајдени кај германски државјанин кој патувал со својот сопружник. 

Царинска управа: Пронајдена дрога кај германски државјанин, случајот снимен со боди-камерите

Случајот е документиран и со снимка од телесните камери кои беа обезбедени како донација од Министерството за правда на САД.

Во случајот, откако автомобилот бил селектиран за контрола, царинските службеници пронајдоа супстанца со зеленкаста боја спакувана во црна кесичка, жолта восочна супстанца спакувана во црни кутивчиња, дрога во форма на бомбони како и дробилки и вага за прецизно мерење. Извршен е и личен претрес на осомничениот, при што се пронајдени дополнителни количини на супстанци со зеленкаста боја, бела прашкаста материја, гел во бела боја и таблети со портокалова и кафена боја.

Лицето е приведено од страна на инспектори од Одделението за истраги и преземени се предистражни дејствија, во чии рамки под налог на јавен обвинител, извршено е и вештачење на дрогата со кое е утврден нејзиниот состав. Против сторителот е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 05.10 до 11.10.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 135 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Изминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

ЈП ПОЦ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер