Американските медиуми шпекулираат дека саудискиот принц Бин Салам е во врска со холивудската ѕвезда Линдзи Лохан.
Медиумите откриваат, дека актерката и принцот, кој е осомничен за убиство на саудискиот новинар Кашоги , се запознале минатата година, и оттогаш принцот цело време и испраќа подароци на Лохан.
Според американските медиуми, принцот Мухамед прв пат се сретнал со Лохан на една трка од Формула 1 шампионатот .
–Од тогаш редовно ја вози со својот приватен авион на секаде низ светот. Принцот дури на актерката и дал и кредитна картичка која Линдзи може да ја користи без никаков лимит, наведуваат за медиумите извори блиски до актерката.
Тие исто така неведуваат дека е еден од најбогатите луѓе на светот, кој е оженет во 2008 година, редовно се допишува со Лохан .
-Тој седи и само пишува пораки. Таа ни ги покажа, открива изворот.
Линдзи иако е во Австралија каде е на снимањето на едно музичко шоу, меѓу паузите наоѓа време за да се види со саудискиот принц, дополнуваат медиумите.