Саудијците преговараат со УЕФА- сакаат свој клуб во Лигата на шампионите до 2025. - Канал 5

Саудијците преговараат со УЕФА- сакаат свој клуб во Лигата на шампионите до 2025.

Саудиските власти преговараат со УЕФА за можноста за сезоната 2025/2026. нивната лига да има претставник во Лигата на шампионите, објави денеска угледниот италијански весник Calcio e Finanza.

Саудијците преговараат со УЕФА- сакаат свој клуб во Лигата на шампионите до 2025.

Секако дека би се работело за шампионот, а во Лигата на шампионите би влегувал врз основа на некаква вајлд-карта, која УЕФА би ја одобрила.

Саудиските клубови веќе се натпреваруваат во две големи натпреварувања. Станува збор за арапскиот куп кој неодамна го освоија Ал Наср на Роналдо и за Азиската Лига на шампиони. Но, сето тоа не може да се спореди со престижот што го носи играњето во Лигата на европските шампиони, најголемото светско клупско натпреварување во секоја смисла.

Желбата на Саудијците е нивниот шампион да добие покана за Лигата на шампионите по стартот на новиот формат на натпреварувањето. Наместо досегашните 32 учесници во ЛШ, во иднина ќе има 36. Тоа значи 64 игри повеќе од претходно. Наместо 125, ќе се играат 189.

Најголема промена е трансформацијата на првата фаза од натпреварувањето од традиционалната група во лигата, во која ќе се натпреваруваат сите 36 клуба, но не сите против сите, туку поделени според коефициенти. На секој од учесниците ќе му се гарантираат минимум осум натпревари од лигашката фаза против осум различни клубови, по четири натпревари дома и на гости. Ова е зголемување на бројот на загарантирани натпревари во однос на досегашните шест против три ривали во групата.

Поради зголемувањето на бројот на натпревари, Лигата на шампионите за првпат во историјата ќе се игра во јануари. По завршувањето на „шампионатот во Лигата на шампионите“, осумте првопласирани клубови ќе се пласираат во нокаут фазата, а клубовите од 9. до 24. место ќе играат плеј-оф кој ќе ги даде преостанатите осум учесници во осминафиналето. .

Поразените клубови од тој плејоф ќе го продолжат натпреварувањето во Лига Европа. Клубовите кои основната фаза од ЛШ ја завршуваат во последната третина, од 25. на 36. место испаѓаат од Европа. Важна промена е поврзана со споменатиот плеј-оф за втората половина од местата во нокаут фазата. Во него ќе може да се среќаваат клубови од истите земји. Сега и до 2024 година можат да играат еден против друг само од четврт-финалето.

Најголема полемика се водеше околу критериумите по кои ќе се избираат четворица нови, дополнителни учесници во Лигата на шампионите. УЕФА сакаше да ги заштити што е можно повеќе пропаднати или паднати гиганти како Манчестер Јунајтед, Јувентус или до неодамна Барселона, поточно да направи сѐ за да не останат без нова Лига на шампиони, дури и ако во националните првенства завршат под четвртото место.

Планираше секоја сезона да дава по две места во ЛШ на клубови кои не ги освоиле во државните лиги, но „историски заслужија“ да ги имаат. УЕФА сакаше тие две места да ги добијат гигантите кои имаат највисок клупски коефициент во Европа во последните пет години.

Ова ги налути клубовите како Вест Хем, Лестер и Ајнтрахт, на кои би им била доделена Лигата на шампионите според споменатото правило, дури и ако завршат пред клуб на кој би му се гарантира ЛШ поради историска заслуга.

Наместо нив, гореспоменатите две места ќе ги добијат клубовите кои ги завршија националните првенства како први под ЛШ линијата во лигите чии клубови биле најуспешни во еврокуповите претходната година. Поточно, со оглед на тоа што сезонава тоа се Англија и Холандија, а на тие позиции моментално се Тотенхем и Феенорд, следната сезона би ги добиле споменатите дополнителни места во ЛШ.

Третото бонус место во ЛШ ќе го добие третопласираниот клуб во првенството на земјата што е петти на табелата на коефициенти на УЕФА. Во моментов тој клуб оди во третото прелиминарно коло од ЛШ, а во иднина директно оди во Лигата на шампионите. Сезонава петта меѓу европските лиги е француската, а Монако е трет во неа.

Четвртото место ќе го добие уште еден клуб од делот на квалификациите за ЛШ, кој се нарекува „Патот на шампионите“, во кој учествуваат националните шампиони на земјите на чии шампиони не им е загарантирано местото во ЛШ.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин истакнува дека „новата Лига на шампиони е достапна за сите“ и „доказ дека европскиот фудбал е пообединет од кога било“, но прашање е дали е тоа навистина така. Имено, со новата распределба на местата во Лигата на шампионите, можно е четирите најсилни национални првенства, шпанско, англиско, германско и италијанско, да имаат до седум претставници во главната фаза од Лигата на шампионите.

Еве како: првите четири се загарантирани, петтиот може да влезе благодарение на националниот коефициент од претходната сезона, потоа шестиот како победник во Лигата на шампионите и седмиот како победник во Лигата на Европа. Секако, под услов победниците на европските купови да не ја завршат сезоната меѓу четирите најдобри во првенството. Таков исход е тешко да се постигне, но теоретски е возможен и затоа мора да се спомене.

Проекцијата на УЕФА е дека редизајнот на Лигата на шампионите ќе ги зголеми приходите од натпреварувањето за дури 40 проценти, а тоа е секако најважната и една од двете причини зошто започнаа сите овие револуционерни промени. Втора е да се смират бунтовните гиганти кои почнаа да се отцепуваат од УЕФА и Лигата на шампионите со лансирање на Супер лигата.

Имплементацијата на таа идеја беше ставена во мирување бидејќи новата Лига на шампиони повторно ќе им го олесни влезот во неа и ќе им ја зголеми заработката од неа, па имаше многу критики дека УЕФА ја замени Супер лигата, која брутално и брзо ја потисна со сопствена Суперлига.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик

Делот од правосудниот испит во кој се симулира судски процес, ќе се полага само на македонски јазик, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик

Тој појасни дека понуденото предлог решение за правосудниот испит не значи овозможување за негово целосно полагање на албански јазик, туку можност теоретскиот дел да се полага на јазикот на кој студентите го завршиле високото образование, но не и практичниот.

„Нема да има решение со кое ќе се полага испитот на албански јазик. Студентите ќе можат оној дел којшто е поврзан со нивните додипломски студии на јазик различен од македонскиот, а во Македонија такви студии се одржуваат на три јазици на албански, турски и англиски да го полагаат на тој јазик на кој го дооформиле своето високо образование. Оној дел од правосудсниот испит што се симулира судски процес, дел од кривична постапка и дел од граѓанска постапка ќе биде на македонски и со тоа уште еднаш се потврдува дека правосудниот систем мора да биде по принципот на франка лингва тоа е македонскот јазик, бидејќи тоа е поврзано со владеењето на правото, а не со друго право или политиканства коишто се поврзани со тоа“-– Христијан Мицкоски, претседател на Влада .

Прашањето околу полагањето на правосудниот испит повторно се отвори во јавноста откако лидерот на владината колаициска партија ЗНАМ Максим Димитриевски се закани со можно напуштање на Владата ако се дозволи правосуден испит на албански јазик и најави дека од премиерот Мицкоски ќе побарал свикување лидерска средба на колициско ниво за утврдување на таканарачени црвени линии по ова прашање.

Ваквата изјава на Димитриевски пак наиде на остри реакции кај дел од политичарите од албанскиот политички блок од каде меѓудругото го обвинуваат и за шовинизам.

Инаку во предлог решението кое министерот за правда Јетотн Шасивари пред три недели го презентираше пред студентите Албанции, се нуди теоретскиот дел од правосудниот испит, кој опфаќа 12 предмети, да се полага на албански јазик, а практичниот дел, составен од два испита, на македонски.

За ваквиот предлог закон ќе се бара мислење и од Венецијанската комсија, па дури потоа ќе биде испратен во Собранието.

Студентите по средбата со Шасивари изразија незадоволство поради како што рекоа делумното решение и не ја исклучија можноста повторно да излезат на улица доколку нивното барање не биде исплнето во целост.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.

Во Основниот суд во Кочани се одржа првото рочиште во судскиот процес против Ива Михаилова, по нејзиното бегство во Бугарија.

Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.

Таа е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани, а по бегството, судот по предлог на обвинителство донесе решение да и се суди во отсуство и по неа да се распише потерница.

Во Кочани е Михајло Видимлиски. Михајло, Ива Михаилова преку тамошните медиуми порача дека нема намера да се враќа во земјава и побара да учествува на судењето преку видео-врска, но судот го одби барањето. Кое е образложението?

Михаилова не планира да се враќа, побара да ја учествува на судењето он-лајн од Бугарија, што е одбиено од судот.

-Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка против неа. Законот за кривична постапка предвидува такви ситуации во случај кога треба да се испитаат сведоци или вештаци а не и обвинети лица, образложи судијата Спиро Борисов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Законите или непостапувањето на институции – кои се причините што фемицидот зема замав во Македонија?

Македонското женско лоби, кое поднесува иницијативи до Собранието за унапредување на правата на жените, остро го осудува фемицидот во Богданци и ги поддржува барањата упатени од вчерашниот протест во Скопје.

Законите или непостапувањето на институции – кои се причините што фемицидот зема замав во Македонија?

Македонското женско лоби, кое поднесува иницијативи до Собранието за унапредување на правата на жените, остро го осудува фемицидот во Богданци и ги поддржува барањата упатени од вчерашниот протест во Скопје за подобра законска заштита од насилство врз жените. Сепак, извршната директорка Даниела Димитриевска, за Канал 5 посочи дека пред да се пристапи кон измени на постојното законско решение, мора да се утврди зошто тоа не ја дало очекуваната заштита и дали институциите доследно ги спроведуваат предвидените мерки.

– Се случува сега со закон да имаме многу повеќе насилство отколку во минатото кога немавме закон за семејно насилство. Што е причината, како да го ставиме во функција овој закон и да се сплотиме да најдеме заедничка платформа за акција,- изјави Даниела Димитриевска, извршна директорка на македонско женско лоби.

Во однос на конкретни мерки за превенција и спречување насилство, Димитриевска вели дека Собранието прво треба да размисли за воведување на електронски алки за насилници – предлог кој од порано не доби зелено светло во законодавниот дом, а за кој пратеничката Моника Зајкова од ЛДП поднесе и петиција истиот повторно да биде ставен на дневен ред.

– Мислам дека не е лоша идеја ова за нараквицата што се споменува – од едноставна причина што на жртвата ќе и даде време да не биде во близина насилникот – ќе и даде време да реагира да повика помош и така натака. Ова случување и сите претходни ни даваат еден индикатор дека ние мораме некако да реагираме,- изјави Даниела Димитриевска, извршна директорка на македонско женско лоби.

Последниот фемицид во Македонија се случи на 3 ноември во Богданци, кога телото на 17-годишната Билјана Ќириќ беше пронајдено во изгореното возило кое било опожарено од 21-годишниот виктор гунтаров, кој потоа и самиот си го одзел животот.

Малолетничката и од претходно го пријавувала насилството, а од обвинителството за Канал 5 велат дека на насилникот не му бил одреден притвор бидејќи било утврдено дека ги почитувал претходно определените итни мерки за заштита од насилство, кои вклучуваат забрана за комуникациај со жртвата. Ова е седми фемицид во земјава од почетокот на годината, а бројките на МВР покажуваат дека од 2021 до 2025 година биле убиени 26 жени.

На вчерашниот протест во Скопје, покрај усвојување на заглавените законски измени во Собранието, присутните побараа и разрешување на сите функционери кои го оправдуваат или нормализираат насилството врз жените.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер