Сателит од над два тона во моментов паѓа кон Земјата, каде ќе падне? (ВИДЕО) - Канал 5

Сателит од над два тона во моментов паѓа кон Земјата, каде ќе падне? (ВИДЕО)

Европскиот сателит ERS-2, тежок повеќе од два тона, моментално паѓа на Земјата по речиси 30 години во орбитата.

Сателит од над два тона во моментов паѓа кон Земјата, каде ќе падне? (ВИДЕО)

Европската вселенска агенција (ЕСА) соопшти дека опасноста да падне во населено место е мала и дека поголемиот дел ќе изгори. Според првичните проценки, во атмосферата требаше да влезе во 17:32 часот, но сега се очекува да се случи во 18:05 часот по средноевропско време.

- Влез во атмосферата се очекува во 18.05 часот. Неизвесноста ќе трае уште околу 30 минути - објави АВРМ на Икс (Твитер).

Според последните податоци, сателитот моментално се наоѓа над источниот Медитеран.

YouTube video

Револуционерниот европски сателит за далечинско набљудување ERS-2 беше лансиран во 1995 година како еден од двата речиси идентични сателити за далечинско набљудување на Земјата.

САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток

„Ју-Ес-Ес Џералд Р. Форд“ ќе замине за Европа следната недела, изјави официјален претставник на морнарицата, тоа ќе биде трет американски носач на авиони во близина на Блискиот Исток.

САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток

„Ударната група на носачот на авиони Џералд Форд ќе замине од Норфолк (Вирџинија) утрото на 24 јуни за редовно распоредување во зоната на одговорност на Европската команда на САД“, изјави официјален претставник на морнарицата.

Американскиот носач Карл Винсон е на Блискиот Исток од почетокот на оваа година, учествува во воздушна кампања против јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран.

И официјален претставник на американската одбрана потврди дека шефот на Пентагон, Пит Хегсет, наредил ударната група на носачот Нимиц да се испрати на Блискиот Исток, нагласувајќи дека тоа е „за да се одржи нашата одбранбена позиција и да се заштити американскиот персонал“.

Трамп изјави вчера изјави дека ќе одлучи дали да се придружи на нападите на Израел врз Иран во следните две недели, наведувајќи ја можноста за преговори за прекин на конфликтот.

Велика Британија го повлекува персоналот од Амбасадата во Иран

Велика Британија го повлекува персоналот од Амбасадата во Техеран поради моменталната безбедносна ситуација, соопшти Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој.

Велика Британија го повлекува персоналот од Амбасадата во Иран

Претходно, Велика Британија најави привремено повлекување на членовите на семејствата на вработените во Амбасадата и во Конзулатот во Израел поради безбедносни причини.

Додека претходно привремено беа затворени Амбасадата на Словачка и Амбасадата на Австралија во Техеран.

СДСМ нема да кандидира градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

Со одлука на Извршниот одбор, СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во неколку општини:  Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино, само листи за советници, брифираат од партијата.

СДСМ нема да кандидира градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

Претходно на прес-конференција, лидерот на СДСМ, Венко Филипче ги објави имињата на првите 19 кандидати за градоначалници од партијата.

За Општина Центар, актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.

За Општина Аеродром, д-р Александар Трајановски.

За Општина Ѓорче Петров – претседателот на општинската организација, Костадин Ацески.

За Општина Чучер Сандево, актуелниот градоначалник Сашо Комненовиќ.

За Општина Берово, актуелниот претседател на општинската организација Илија Рунтевски.

За Општина Крива Паланка, актуелниот градоначалник Сашо Митовски.

За Општина Лозово, Ацо Велковски.

За Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев.

Општина Богданци, Блаже Шопов.

Општина Дојран, Ристо Џинев.

Општина Могила - Зоран Ристевски.

Општина Неготино, Петар Мантев.

Општина Новаци, Љубе Кузманоски.

Општина Росоман, Стојанче Николов, актуелниот градоначалник.

Општина Вевчани, претседателот на општинската организација Стефан Радиноски.

Во Крушево, актуелниот градоначалник Томе Христовски.

Во Ресен, претседателот на општинската организација Александар Бузлевски.

Во Штип, исто така, претседателот на општинската организација Павел Иванов.

И претседателот на општинската организација во Општина Гази Баба, Влатко Митовски.

притисни ентер