Сателит на НАСА утре ќе падне на Земјата, објавени се шансите дали би паднал на населено место - Канал 5

Сателит на НАСА утре ќе падне на Земјата, објавени се шансите дали би паднал на населено место

Вселенската агенција НАСА и американското Министерство за одбрана веруваат дека деактивираното летало, познато како Реси, ќе пропадне низ атмосферата утре вечер.

Сателит на НАСА утре ќе падне на Земјата, објавени се шансите дали би паднал на населено место

Експертите тврдат дека има мали шанси стариот сателит на НАСА да претставува некаква опасност, пишува Sky News.

Поголемиот дел од сателитот тежок 300 килограми се очекува да изгори додека се движи низ горната атмосфера, но некои делови се очекува да паднат на Земјата. Во соопштението на вселенската агенција се вели дека ризикот некој на површината да биде повреден од паѓање на делови од сателитот е „мал“ - околу еден на 2467.

Rhessi, што е кратенка за Reuven Ramaty Solar Spectroscopic Imager со висока енергија, отиде во орбитата во 2002 година за да го проучува Сонцето.

Пред да биде исклучен во 2018 година поради проблеми во комуникацијата, сателитот забележал сончеви блесоци, како и коронални масовни исфрлања од Сонцето. Тој направил снимки користејќи високоенергетски рендгенски зраци и гама зраци, снимајќи повеќе од 100.000 сончеви настани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Чаир: На Бит пазар станува збор за замена на постојните продажни боксови

Во однос на актуелните активности на Бит Пазар, Општина Чаир информира дека станува збор за замена на постојните продажни боксови, кои со текот на годините се амортизирани, со нови и современи боксови.

Општина Чаир: На Бит пазар станува збор за замена на постојните продажни боксови

Целта е Бит Пазар да добие целосно уреден, модерен и унифициран изглед, како што веќе има поголемиот дел од пазарот. Со обновувањето на преостанатиот дел се создаваат подобри и похигиенски услови за работа за продавачите, но и поуредна, почиста и попријатна средина за сите граѓани кои секојдневно го посетуваат пазарот.

Важно е да се нагласи дека суштинската намена на просторот не се менува. Постојните продажни места остануваат, но добиваат нов и посовремен изглед, а продавачите продолжуваат да ја извршуваат својата дејност. Целта е процесот на модернизација да придонесе Бит Пазар да стане пофункционален, поуреден и попријатен простор и за оние кои работат таму и за граѓаните.

Воедно, станува збор за активности на приватен имот во сопственост на „Скопски пазар“.

Општина Чаир го поздравува секое уредување и подобрување кое придонесува за почиста, посовремена и поуредна средина за граѓаните. Нашата заедничка цел треба да биде Бит Пазар да го задржи своето значење и традиција, но истовремено да добие современ изглед и услови што одговараат на потребите на граѓаните и на времето во кое живееме, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода арачиновец во Липково, превезувал огревни дрва без документација (ВИДЕО)

Против него ќе следува соодветна пријава.

Лишен од слобода арачиновец во Липково, превезувал огревни дрва без документација (ВИДЕО)

На 05.10.2026 во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Џ.А.(65) од село Арачиново. Тој во село Липково управувал товарно возило во кое превезувало дрва без жиг и не застанал на даден знак стоп од полициски службеници и се обидел да побегне.

Џ.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По 11 години – Охрид конечно ќе добие затворен базен!

По речиси 11 години застој, затворениот базен во Охрид конечно ќе биде завршен и ставен во функција.

По 11 години – Охрид конечно ќе добие затворен базен!

Владата на Република Македонија на денешната седница ја усвои точката со која се овозможува продолжување и конечно завршување на затворениот базен во Охрид.

Обезбедени се 470 милиони денари за негово целосно завршување.

Ова за мене е многу повеќе од уште еден инфраструктурен проект. Ова е инвестиција во младите, во спортистите, во пливањето. Во иднината на спортот во Охрид и во целата држава.

Со завршувањето на базенот, спортистите ќе добијат современи услови за тренинг, младите категории ќе добијат простор за развој, а Охрид ќе добие услови за организирање натпревари и за понатамошен развој на спортот.

Како Влада и како Министерство за спорт не сакаме капитални спортски објекти да стојат со години и да чекаат. Сакам да ги гледаме завршени и ставени во функција.

Токму затоа ова е еден од проектите на кои сме посебно посветени и драго ми е што денес можеме да кажеме дека по 11 години – конечно се движиме кон неговата реализација.

Голема благодарност до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и до Владата за поддршката и за јасната определба да инвестираме во спортот и во спортската инфраструктура.

Охрид заслужува затворен базен. Охрид ќе го добие.

Продолжуваме со работа, се наведува во соопштението на Влада на Македонија/Министерство за спорт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер