3Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија јавните претпријатија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, го повикуваме јавното обвинителство да постапи по ревизорските извештаи
СветСаркози: Не се откажувам, убеден сум дека вистината и невиноста ќе победатПоранешниот француски претседател Никола Саркози денеска во видео обраќање изјави дека нема да се откаже и дека останува убеден дека вистината и неговата невиност на крајот ќе победат.Поранешниот француски претседател Никола Саркози денеска во видео обраќање изјави дека нема да се откаже и дека останува убеден дека вистината и неговата невиност на крајот ќе победат, неколку дена откако беше осуден на пет години затвор за нелегално финансирање на претседателската кампања во 2007 година. Саркози им се заблагодари на граѓаните на Франција за, како што изјави, „илјадниците и илјадниците пораки за поддршка“, кои „го трогнаа повеќе отколку што можат да замислат“, објави францускиот Фигаро. „Моето семејство е длабоко потресено, а целото ова внимание, би рекол дури и љубов, ми дава непоколеблива сила“, рече поранешниот француски претседател. Саркози нагласи дека ја доживува поддршката со уште поголема благодарност со оглед на „тешката искушение“ низ која минуваат тој и неговото семејство, додавајќи дека „нема да се откаже“ и дека ќе „победи“, уверен дека „вистината и невиноста ќе триумфираат“. Саркози додаде дека нема да ја разочара Франција или нејзините граѓани додека се подготвува да ја отслужи затворската казна, за што е повикан да се јави кај судските органи на 13 октомври. „Ве носам со мене, ќе го надминам ова искушение, но знајте дека никогаш нема да ја напуштам Франција и францускиот народ“, нагласи Саркози. Поранешниот француски претседател Никола Саркози беше осуден на пет години затвор со условна егзекуција на крајот на септември, откако судот во Париз го прогласи за виновен за соучество во криминална организација во случај отворен поради сомневања за либиско финансирање на претседателската изборна кампања во 2007 година, објави BFMTV. Според францускиот телевизиски канал, ова значи дека Саркози ќе биде затворен во наредните недели. Поранешниот шеф на француската држава, кој ја водеше Франција од 2007 до 2012 година, беше прогласен за виновен за злосторничко здружување помеѓу 2005 и 2007 година, објавува Le Figaro. Во исто време, тој беше ослободен од обвиненијата за прикривање на проневера на јавни средства и пасивна корупција. Обвинителите побараа Саркози да биде осуден на седум години затвор. Објаснувајќи ја одлуката на судот, претседателката на судот, Натали Гаварино, изјави дека тој е виновен за злосторничко здружување бидејќи „им дозволил на своите блиски соработници да дејствуваат со цел да добијат финансиска поддршка“ од тогашните либиски власти предводени од Моамер Гадафи. Покрај Саркози, во истиот случај беа обвинети уште 11 лица, вклучувајќи тројца поранешни министри, од кои тројца беа ослободени.Тагови: вистината Саркози Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПропадна ли договорот за увоз на дизел меѓу Трамп и Путин? Контроверзниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на руски дизел во Соединетите Држави, пред изборите на средината на мандатот, се чини дека пропаѓа.Контроверзниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на руски дизел во Соединетите Држави, пред изборите на средината на мандатот, се чини дека пропаѓа, а два танкера што првично се упатиле кон американскиот брег наеднаш го промениле курсот, пишува „Фајненшал тајмс“. Промената на рутата доаѓа во момент кога состојбата со залихите на дизел во САД дополнително се влошува. Најновите податоци покажаа дека залихите паднале под 100 милиони барели, што се случува за првпат по повеќе од две децении. Овој недостиг би можел дополнително да го оптовари пазарот на горива, кој претставува една од клучните алки на американската економија. Неколку недли пред изборите, Трамп постигна договор со рускиот претседател Владимир Путин за купување и увоз на пратки со дизел во САД, со цел да ги намали цените на бензинските пумпи и да придобие гласачи. Овој потег не им донесе никаква корист на републиканците – во вторникот, демократските кандидати остварија убедливи победи ширум земјата и ја презедоа контролата врз двата дома на Конгресот. Танкерите со руска нафта веќе не патуваат кон САД. „Талисман“,руски танкер стар 20 години кој е под санкции од САД, Велика Британија и Европската унија, како и танкерот „Леру“ – кој е во сопственост на субјект од Хонгконг, плови под знамето на Сиера Леоне и е под санкции од Велика Британија, ЕУ и Канада – повеќе не ја наведуваат американската атлантска крајбрежна област како своја дестинација. Во понеделникот, „Леру“ (Leroux) го промени својот сигнал и како нова дестинација го наведе Бразил, додека „Талисман“ (Talisman) се оддалечи од Атлантскиот Океан и се упати назад кон Средоземното Море, каде што моментално се наоѓа во близина на алжирскиот брег. Овој брод емитува сигнал „чекање на наредби“, што значи дека за товарот сè уште нема потврден купувач или пристаниште за истовар. Третиот танкер натоварен со руски дизел, бродот „Агиои Фанендес“ (Agioi Fanendes) во грчка сопственост, според податоците за пловидба, сè уште се упатува кон САД, но исто така емитува сигнал „чекање на наредби“. Неговиот сопственик, компанијата „Истерн Медитеранеан Меритајм“ (Eastern Mediterranean Maritime), претходно за „Фајненшел тајмс“ (Financial Times) изјави дека бродот плови и чека наредби, бидејќи пристаништето за истовар сè уште не е потврдено. Во средата, компанијата не одговори на новото барање за коментар. Од друга страна, „Бист“ (Beast) – танкер под санкции, регистриран на Сејшелите, кој товарот го презел на 27 октомври во руското пристаниште Приморск – исто така се упати кон САД и емитува сигнал „Атлантик“ (Atlantic), што укажува дека негова дестинација е атлантскиот брег на САД.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Еролд МуслиуПендаровски призна дека објектот кој се гради во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу.Поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу кој беше директно назначен од Пендаровски, гради зграда во Влае, нешто коешто со административна плата како директор, или пак како обичен вработен, не се заработува таа сума. Токму ова е таа шема на СДС која за жал владееше со години во Македонија. Организираната криминална група е токму СДС на чело со криминалецот без тапија Филипче. Сите нивни функционери, кога излегоа од политиката или им завршија мандатите на функциите, веднаш отворија фирми, бизниси, градат згради, исто како што прават Филипче и Зоран Заев. Во таа насока, очекуваме јасни одговори од соработникот на Пендаровски, од каде му се милионите за изградба на зградата во Влае? Дали пријавените семејни приходи на Муслиу можат да го оправдаат ваквиот капитал и дали можеби има и судир на интереси? Бараме транспарентност, документи и одговори, а од надлежните институции очекуваме да го испитаат потеклото на средствата и евентуалните судири на интереси. Го повикуваме ЈО да постапи по допрен глас и да го истражи овој случај. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ФудбалВидео: Кристијано Роналдо се прости од репрезенативниот дрес на Португалија!Долгогодишниот капитен на фудбалската репрезентација на Португалија, Кристијано Роналдо одлучи дека повеќе нема да игра за националниот тим. Легендарниот португалски фудбалер, кој има 41 година, ја објави својата одлука преку видео објавено на Инстаграм, ставајќи крај на својата 23-годишна репрезентативна кариера. „Португалија секогаш ќе биде во мене“, напиша Роналдо покрај видеото. View this post on Instagram A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) Роналдо одигра 234 натпревари за португалската репрезентација и постигна рекордни 146 гола, со што стана најдобар стрелец и рекордер според бројот на настапи во историјата на машкиот репрезентативен фудбал во светски рамки. Кристијано дебитираше за Португалија во далечната 2003 година и во текот на повеќе од две децении стана симбол на националниот тим, како и еден од најзаслужните за најголемите успеси на португалскиот фудбал. Со капитенската лента на раката, тој ја предводеше репрезентацијата до титулата европски шампион во 2016 година, како и до трофејот во Лигата на нации во 2019 година, а настапи на дури пет светски првенства и шест европски првенства. Одлуката за повлекување доаѓа по елиминацијата на Португалија од Светското првенство во 2026 година. Роналдо претходно навести дека размислува за завршување на својата репрезентативна кариера, но тогаш одлучи да продолжи да игра за националниот тим. Неговото заминување доаѓа и по еден бурен период во репрезентацијата, кој вклучуваше несогласувања со селекторот Жорже Жезус, откако тој остана на клупата за резервни играчи за време на победата на Португалија над Норвешка во Лигата на нации, одиграна во септември. Иако претходно изјави дека сè уште му стои на располагање на селекторот, преку објава на социјалните мрежи тој потврди дека сега дефинитивно одлучил да стави крај на својата приказна во националниот тим. Така, Португалија останува без долгогодишен капитен, најдобар стрелец и играч кој повеќе од две децении беше заштитно лице на репрезентацијата. Бројките што ги остава Роналдо зад себе зборуваат сами за себе: 234 настапи, 146 гола, титула од Европското првенство и трофеј од Лигата на нации. Една од најголемите репрезентативни кариери во историјата на фудбалот дојде до својот крај.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook