Шоу бизМанекенка ослабе 40 килограми, конечно ја призна вистинатаПоранешната манекенка Криси Тајген предизвика бура од коментари откако за прв пат проговори за Оземпик, лек кој стана популарен меѓу познатите личности во последните години поради неговата злоупотреба во процесот на слабеење.Тајген претходно беше мета на критики за козметички процедури, но сега се најде во центарот на нова контроверзност. Додека се гостуваше во подкастот „Самосвесна“, таа откри дека почнала да го користи лекот откако го изгубила бебето во 20-тата недела од бременоста, кога нејзиното тело претрпе големи промени. View this post on Instagram A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen) Реакциите на јавноста беа поделени - додека некои ја фалат нејзината чесност и храброст, други ја обвинуваат дека е нечувствителна и контрадикторна. - Се чини дека го пуштивме духот од шишето кое ги исполнува истите желби на сите. Не сум тука да судам, јас самата го користев. Повеќето од моите пријатели исто така го користат тој лек - призна Криси. Како што рече, се чувствувала заробена во сопственото тело, кое повеќе не го препознавала. За време на бременоста, таа се здебелила околу 40 килограми и го земала Оземпик околу една година, а првите резултати ги забележала дури подоцна. Претходно ги споделила своите чувства на Инстаграм: „Живеев во тело кое носеше живот 20 недели, а потоа станав тажен потсетник за тоа.“ Додала дека нејзиниот однос со храната отсекогаш бил сложен: View this post on Instagram A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen) „Храната отсекогаш била моја радост, моја утеха и моја борба. Разговорот за Оземпик и овие магични апчиња за слабеење беше сосема искрен - за срамот, олеснувањето, чудното чувство кога гладот исчезнува. Сè е комплицирано, емотивно и да, малку смешно.“ Сепак, дел од јавноста се сеќава дека претходно тврдела дека ослабела со тоа што престанала да консумира алкохол, поради што сега е обвинета дека лаже.Тагови: манекенка Оземпик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПовторна расправа за Законот за јавни набавки во СобраниетоВо Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства. Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook