СветСаркози има посебен третман во затворПоранешниот француски претседател Никола Саркози, кој отслужува петгодишна казна во парискиот затвор Санте, е единствениот затвореник кому му се дозволени четири семејни посети неделно, иако според законот се дозволени само три посети.Како што пренесува БФМ, повикувајќи се на затворски извори, Саркози има посебен аранжман поради неговиот статус како поранешен претседател. Според законот, обвинетиот, односно затвореникот кој не е правосилно осуден, како што е случајот со Саркози, има право на три посети неделно. Како што се наведува, минатата недела неговата сопруга Карла Бруни го посетила неколку пати, а секој пат ја придружувал член на управата на затворот од главното дворно место до собата за посети. Се наведува и дека двајца негови адвокати го посетуваат секој ден, без временски ограничувања. РТЛ пренесува дека поради лична безбедност, Саркози е сместен во самица и нема контакт со другите затвореници, како и дека јаде иста храна како и другите затвореници. Тој на 25 септември беше осуден на пет години затвор затоа што им овозможил на неговите соработници да бараат од тогашниот претседател на Либија, Моамер Гадафи, да ја финансира неговата претседателска кампања во 2007 година. Саркози поднесе жалба на пресудата.Тагови: Саркози Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Шоу бизФото: Пејачка го покажа бујното деколтеПопуларната пејачка Лидија Бачиќ Лили, позната по својата енергија и активната комуникација со обожавателите, повторно го привлече вниманието со својата најнова објава на Инстаграм. По серијата летни концерти долж крајбрежјето, пејачката сподели неколку фотографии со кратка и едноставна порака, откривајќи интересен моден избор. Облечена во црн горен дел од бикини од тантела и тексас-здолниште со висок струк, пејачката позираше потпрена на една голема карпа, прикажувајќи опуштена летна комбинација. Нејзината објава, проследена само со краткиот поздрав „Здраво“, предизвика лавина реакции, а фановите, како и обично, ја опсипаа со комплименти и емотикони во форма на оган и срце. Атрактивната пејачка и претходно објави фотки во бикини кои со воодушевување беа прифатени од нејзините фанови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаЗа излез од Македонија на Богородица и Дојран се чека три часаПовеќе од 17000 лица ја напуштиле македонија во последните 24 часа преку ГП Богородица и ГП Дојран кон Грција.Во истиот период во земјава влегле околу 16000 птници, покажуваат податоците на министерството за внатрешни работи. Преку Богородица во Македонија влегле 5864 македонски државјани а изглегле 5948, од странски државјани влегле 10249, а излегле 11648. На Дојран се евиндентирани 399 влегувања и 1104 излегувања на македонски државјани , странци 1295 влегле, 1174 излегле. Поради големената фреквенција на двата гранички премини се создадени долги колони возила, најголем метеж беше забележан на Дојран, каде колоната возила се протегаше низ целиот Стар Дојран. Од МВР велат дека се ангажирани сите расположливи човечки и технички ресусри за побрз проток на патниците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаСе запали автобус на „Дурмо Турс“ на автопатот Тетово ГостиварАвтобус на компанијата „Дурмо Турс“ денеска се запали на автопатот Тетово Гостивар, предизвикувајќи вознемиреност кај патниците и останатите учесници во сообраќајот. На социјалните мрежи се појавија видеоснимки на кои се гледа како автобусот е зафатен од пламен, додека густ чад се издига над коловозот. Според првичните информации, возачот навреме го запрел автобусот, по што сите патници безбедно биле евакуирани. Засега нема информации за повредени лица, а на местото на настанот интервенирале противпожарни екипи кои го локализирале пожарот. Надлежните институции вршат увид за да се утврдат причините за избувнувањето на огнот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter