ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?
Демократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран
1ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?
2Демократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран
ЖивотСардинија се бори со прекумерен туризамПосетите на некои плажи на Сардинија оваа година ќе мора да се резервираат преку апликацијата. Имено, тамошните власти на сѐ повеќе популарни плажи го ограничуваат бројот туристи.Плажата Туереда, на пр., (позната по својот облик на полумесечина) од 2020 година го ограничува бројот на посетители на 1.100 луѓе дневно. И многу други спектакуларни плажи на Сардинија се заштитени од прекумерен туризам со слични ограничувања, при што прекршителите се соочуваат со казни до 3.500 евра. Новата дигитална мерка што се очекува да стапи во сила до јули, има за цел да го намали притисокот врз околните ресурси и инфраструктурата. Сардинија е позната по своите песочни плажи и важи за едно од најдобрите места во Италија за одмор крај море. Сепак, и овој остров имал „лоши денови“ поради несоодветното однесување на посетителите и гужвите, пишува „Еуроњуз“ (Euronews). Следат сите места каде што островот го има ограничено пристапот со нови правила за заштита, но и поодамнешни прописи: Плажата „Спјаџа роса“ (Spiaggia Rosa) се наоѓа на оддалечениот остров Будели и привлекува илјадници туристи дневно со својот прекрасен розов песок. Ограничувањата, всушност, почнале кон средината на 1990-тите, кога песокот почнал да исчезнува. Истрагите откриле дека туристите „крадат“ килограми песок - за спомен. Така, казната за одење на плажа сега е 500 евра, додека секој оној кој ќе биде фатен како краде песок - ќе мора да плати до 3.500 евра. Во архипелагот Ла Мадалена, две плажи сега имаат ограничен пристап. Кала Котичо (Cala Coticcio) и Кала Бригантина (Cala Brigantina) лани, на пр., само 60 луѓе дневно можеа да се сончаат во текот на летото. Резервирањето е исклучиво место преку интернет. Ограничувањата на посетителите и таксите за пристап сè уште не се објавени за оваа година. На северот од островот, Кала Брандинчи (Cala Brandinchi) и Лу Импосту (Lu Impostu) ќе ги ограничат броевите на 1.447 и 3.352, соодветно, меѓу 1 јуни и 30 септември. Посетителите треба да резервираат и преку апликацијата „Сан Теодоро“ (San Teodoro) или на интернет-страница. Други плажи: Кала Мариоло, Пелоса, на истокот - Кала Биријала, Кала деј Габијана итн. Инаку, и италијанскиот главен град Рим, веројатно, наскоро ќе почне да наплатува влезници за Фонтаната Ди Треви, со цел намалување на бројот на туристи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?Стево Пендаровски, со својот Фејсбук-статус, практично потврди дека станува збор за објектот во Влае кој се поврзува со семејството на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.Наместо да даде конкретни одговори, Пендаровски се обиде да ја пренасочи темата со политички контранапади. Но, клучните прашања остануваат неодговорени. Во Влае се гради станбен објект во кој како инвеститор се посочува Афродита Муслиу, сопруга на Еролд Муслиу, близок соработник на Пендаровски, кого тој го именуваше за директор на Агенцијата за разузнавање во 2019 година. Прашањето е едноставно, од каде се милионите за оваа инвестиција? Дали пријавените семејни приходи на семејството Муслиу соодветствуваат со обемот на инвестицијата? Кој го обезбедува капиталот и дали постојат деловни или финансиски релации меѓу Стево Пендаровски и Еролд Муслиу поврзани со овој проект? Исто така во 2024 година Афродита Муслиу, сопругата на Еролд Муслиу, добила грант од 620 илјади евра, од тогашната влада на СДС, која склучила меморандум со Конзорциум на невладини организации чиј основач е токму сопругата на Еролд Муслиу. Пендаровски не може да ги избегне овие прашања со политички напади и обиди за дефокусирање. Неговата изјава отвори дополнителни дилеми. Пендаровски и Еролд Муслиу јавно да одговорат кој ја финансира изградбата на станбениот објект во Влае? Од кои извори потекнуваат средствата за инвестицијата? Дали постојат деловни или финансиски релации меѓу Пендаровски и Муслиу? Дали доделениот грант од 620.000 евра бил доделен и искористен согласно законските процедури и критериуми? Од надлежните институции бараме да ги проверат сите релевантни финансиски и имотни податоци, како и евентуалното постоење судир на интереси. Доста е со политички дефокусирања и избегнување одговорност. Додека Филипче зборува за некакава организирана криминална група токму врхушката на СДС и лица блиски до СДС меѓу кои и кланот Заеви градат висококатници во Дубаи, купуваат акции во авиокомпании, се луксузирааат на јахти по Егејот, инвестираат во фотоволтаици и градат империи. Доста е со привилегии и молк. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДемократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во ИранДемократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран, по преземањето на контролата врз американскиот Конгрес.Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, порача дека завршува периодот во кој Конгресот функционирал како продолжена рака на администрацијата на Доналд Трамп. Во меѓувреме, Трамп призна дека војната во Иран во голема мера придонела за изборниот пораз на републиканската партија. Претходно, потпретседателот Џеј Ди Венс го оцени конфликтот како една од главните причини за поразот. Неговите изјави укажуваат на продлабочување на несогласувањата во редовите на републиканците.Сè уште не се познати конечните резултати за две сенаторски места. Во Мисисипи се води исклучително неизвесна трка, додека во Алјаска продолжува пребројувањето на гласовите.По изборните резултати продолжи и падот на цените на нафтата.Цената на барел нафта се спушти под 100 долари, достигнувајќи го најниското ниво во последните два месеца.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
БалканВо Србија приведени полицајци поради наводна употреба на сила врз демонстрантиВластите во Србија вчера приведоа девет активни полицајци и еден поранешен полицаец поради наводна употреба на прекумерна сила врз приведени лица за време на минатогодишните протести во Белград, соопшти Министерството за внатрешни работи.Протестите против корупцијата ја зафатија Србија, земја кандидат за членство во Европската Унија, во текот на 2025 и 2026 година, откако на 1 ноември 2024 година во Нови Сад загинаа 16 лица во уривање на бетонската настрешница на обновената железничка станица. Протестите на крајот доведоа до падот од власт на Српската напредна партија (СНС), лојална на поранешниот претседател Александар Вучиќ, на вонредните парламентарни избори одржани на 25 октомври, на кои победи „Студентската листа“, движење без истакнат лидер. Министерството во соопштението наведе дека осомничените, припадници на елитна единица, на 14 и 15 август 2025 година мачеле и застрашувале неколку лица заточени во гаража на владин комплекс во центарот на Белград. „Со примена на сила и закани, тие им нанесени голема болка и тешко страдање на поголем број лица, со намера од нив да изнудат информации, да ги заплашат и незаконски да ги казнат“, се вели во соопштението. Министерството ги објави само иницијалите на уапсените службеници и на поранешниот полицаец. Станува збор за први значајни апсења поврзани со насилството врз демонстрантите кои во текот на изминатите две години излегуваа на улиците. Полицијата за време на протестите користеше солзавец, возила за разбивање демонстрации и шок-бомби за да ги растера собраните граѓани. Десетици студенти и активисти кои учествуваа на протестите ја обвинија полицијата за прекумерна употреба на сила, што резултираше со повреди и психолошки трауми. Српските студенти, активисти, опозициски политичари и организации за заштита на човековите права ги обвинија Вучиќ и СНС за политичко насилство, притисоци врз медиумите, врски со организираниот криминал и широко распространета корупција. Вучиќ и неговите сојузници ги отфрлаат обвинувањата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter