Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
2Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
ЖивотСардинија: Островот кој не е само копно, туку состојба на духот, малку див и мистичен, но секогаш автентиченПри споменувањето на Сардинија, првата асоцијација за повеќето луѓе би бил раскошот и сјајот на смарагдните сини мориња, белите плажи и прекрасната природа. А кога излегувате од авионот на сардиниското тло, првото нешто што се забележува е мирисот на морето, борот и сонцето, мешавината што го дефинира овој див, горд остров (до Сардинија, освен со брод, можете да стигнете по воздушен пат на еден од трите аеродроми: Каљари, Алгеро и Олбија). Овој втор по големина остров во Медитеранот, веднаш по Сицилија, се наоѓа на западниот брег на Италија, од која е оддалечен околу триста километри, а излегува на Тиренското Море на исток и Средоземното Море на запад. Најблизок сосед му е е францускиот остров Корзика. Историјата на Сардинија (која има површина од 24 090 километри квадратни со околу 1 500 000 население), една е од најбогатите и најслоевитите во целиот Медитеран. Островот бил мост меѓу цивилизации, место каде се сретнувале народи од Африка, Европа и Блискиот Исток и секој оставил свој белег. За љубителите на минатите епохи, Сардинија е вистинско уживање, бидејќи 9 000 археолошки наоѓалишта ја прават фантастична временска машина на отворено. Низ цела Сардинија има траги од мистериозниот народ Нураги кои живееле само тука, во вториот век п.н.е. Сардинија крие илјадници нураги, таинствени камени кули со кружна форма, изградени без малтер, само од камења, некои високи и по дваесет метри. Постојат повеќе од 7 000 нураги низ целиот остров од бронзеното време, расфрлани низ островот. Никој не знае точно зошто биле изградени, но кога стоиш пред нив, чувствуваш некаков древен мир. Нурагичката култура била развиена, тргувала со Микена, Кипар и Египет и оставила бронзени статуетки и орудија што сведочат за високо ниво на уметност и организација. Во деветиот век п.н.е. пак, Феникијците почнале да основаат трговски населби по бреговите на Сардинија, како Тарос, Битиа и Нора. Подоцна, Картагена (денешен Тунис) ја презела контролата и воспоставила колонии, наметнувајќи своја култура, јазик и трговија. Селаните во внатрешноста, сепак, останале полунезависни. Горди, упорни и често во бунт против странската власт. По Првата пунска војна (264-261 година п.н.е.), Сардинија станала римска провинција, заедно со Корзика. Римјаните изградиле патишта, аквадукти, фарми и го донеле латинскиот јазик, кој ќе стане темел на денешниот сардински јазик (сарду). Римјаните често ја користеле Сардинија како место за прогон и ропство, но истовремено островот станал и важен центар за производство на жито. По падот на Рим, островот накратко го зазеле Вандалите, па потоа преминал под Византија. Сардинија останала важна како извор на жито, маслиново масло и олово. Островот бил одалечен, но стратешки вреден. Во тоа време се појавиле и првите христијански заедници. Но, кога централната власт ослабела, на Сардинија се формирале четири независни кнежевства. Во 1324 година островот го зазела Арагонската круна и Сардинија станала дел од Кралството Арагон, а потоа и од Шпанија (во градот Алгеро и денес се чувствува таа каталонска култура низ јазикот, архитектурата, па дури и гастрономијата.) Шпанската власт донела и феудален систем кој ги потиснал локалните слободи, што предизвикало чести востанија. По војните за шпанското наследство, островот преминал под контрола на Савојската династија (од Пиемонт ). Така се формирало Кралството Сардинија, кое ги вклучувало Пиемонт, Савоја и Ница (1718-1861). И токму тоа кралство, со Виктор Емануел Втори ќе стане јадро на обединета Италија во 1861 година. Сепак, Сардинија останала периферна и сиромашна, со силно чувство на идентитет. И, тоа, се уште е така. Дел од ѕидините што го опкружуваат Алегро, како заштита од сараценските пирати, со плоча со името на Гарибалди, иако нема доказ дека тој бил тука По Втората светска војна, Сардинија добила специјален автономен статус во рамките на Италија (1948), со свој парламент и поголема самоуправа. Сардинија со години е една од најелитните дестинации за одмор во Европа. Богата е со историја, прекрасна природа, фантастична кујна и прекрасни плажи. Меѓутоа, вистинската Сардинија не е само на брегот. Внатрешноста на островот е како од друго време. Ридови покриени со маслинови и лимонови дрвја, лаванда, кози и бели магариња и села каде што секој те поздравува. Овој остров не е само копно. Тој е состојба на духот. Малку див, малку мистичен, но секогаш автентичен. Тоа особено се забележува во градот Алгеро, со околу 40 000 жители. Камените улици на стариот град, кој датира од 12 век, се полни со кафетерии, слаткарници, ресторани. Седумте одбранбени кули кои некогаш служеле за заштита од сараценските пирати сè уште стојат над градот. Бидејќи градот е познат по коралите, во неговиот центар има музеј на корали, но и многу продавници со корален накит. Алгеро се нарекува и Барселонета или мала Барселона, поради историските врски и големиот број Каталонци кои живеат во него. Алгеро е каталонски во душата, иако е на италијанска земја. Натписите се двојазични: на каталонски и на италијански јазик. Меѓу многуте прекрасни плажи, се издвојува Марија Пија, со ситен бел песок и богата борова шума, додека во самиот град се наоѓа песочната плажа Лидо ди Алгеро, долга 1,5 км. Старото градско јадро е како сцена од филм: тесни калдрмисани улици, камени ѕидови, и куќи со железни балкони што гледаат кон морето. На секој агол е мирисот на свежо печени лигњи и звук на гитара од некој уличен музичар. Од градските ѕидини, залезот е спектакл. Или, како што велат неговите жители: „Алгеро е место каде секој залез изгледа како слика на уметник што одбил да ја заврши.“ Овде е роден и светски признатиот моден дизајнер Антонио Марас, чиј стил е инспириран од Сардинија, користејќи ја локалната традиција, материјалите, мотивите и ракотворбите како дел од својот дизајнерски јазик. Неговиот бренд е интернационално познат (Марас беше уметнички директор на Кензо од 2003 до 2011 година). Неговите бутици се насекаде низ Алгеро. (Инаку, од Сардинија потекнува и Грација Деледа, добитничка на Нобелова награда за литература во 1926-тата.) На север од островот се наоѓа градот Сасари (со околу 130 000 жители), универзитетски град со богато наследство. Сасари е тивката, горда душа на островот. Кога ќе пристигнете во Сасари, првото нешто што ќе го забележите е дека градот не се обидува наеднаш да те освои, туку те освојува полека, како добар пријател што прво те набљудува, па потоа ти се отвора. Високите палми по булеварите, старите згради со избледените фасади и атмосферата на некоја љубовна носталгија ќе ги запаметите засекогаш. Плоштадот Пјаца д’Италиа е срцето на градот, широк, елегантен, со кафеани каде локалците пијат еспресо и разговараат. Во Сасари, времето тече бавно. Шетајќи низ старите улички, ќе наидете на катедралата Свети Никола од 13 век, готска фасада со барокна внатрешност и на мали книжарници што мирисаат на хартија и кафе. Локалниот поправач на велосипеди, скриен во тесното сокаче, вели: „Сасари не се гледа. Тој се слуша, се чувствува и се вкусува.“ На педесет метри зад катедралата се наоѓа дворецот Асинара, кој е од 1805 година. Изграден е од Антонио Манца, војвода од Асинара, по чија титула зградата го добила своето име. На преминот од 19-ти до 20-ти век, поточно во 1900 година, тој станал сопственост на градот и денес е седиште на администрацијата на Сасари, односно на Градското собрание. Во близина на катедралата се наоѓа и Универзитетот во Сасари, на кој студираат повеќе од 15 000 студенти. Основан е во средината на 16-тиот век, а на почетокот го воделе језуитите. Во вториот по големина град на островот се наоѓа и националниот музеј Сана, во кој се сместени археолошки наоди и илјадници експонати поврзани со сардинските народни занаети и уметности. Градот е аминистративен центар на провинцијата Сасари (со 92 општини, меѓу кои и Алгеро), која го сочинува северозападниот дел од островот, со пристап до Средоземното Море на север и запад. Провинцијата е рамна во северниот дел, со втората најголема рамнина на островот, Нура. Јужниот дел од регионот е планински и е познат како Логудоро. На крајниот северозападен дел од регионот се наоѓа островот Асинара. Градот Сасари е познат и по бројните стари бунари, но и напуштениот рудник за сребро во неговата околина, кој денес е заштитено културно наследство. Патот од Сасари до Алгеро трае само 30 минути, но чувството е како да си преминал во друг свет. Тој минува низ маслинови насади и лозја и на моменти низ ридови покриени со диви цвеќиња. Возиш со отворен прозорец и чувствуваш како воздухот се менува. Во Сасари е топол и сув, во Алгеро е свеж и миризлив, како да има капка лимон во секој здив. Температурата во сред лето достигнува и до 45 степени целзиусови. Затоа локалните жители за најидеално време за одмор ја препорачуваат втората половина на септември и првата половина на октомври. Освен што ќе ги избегнете големите гужви од туристите, просечната температура во воздухот е 25-26 степени целзуисови, а и морињата се се уште топли. Денес Сардинија е омилено место за одмор на светската елита, кои најчесто се лоцираат на плажата Коста Смералда (Брегот Емералд). Меѓутоа и покрај тоа што во 20 век се развила индустријата, туризмот (особено споменатата Коста Смералда во 1960-тите), островот има и силно еколошко движење за заштита на природата. Што ќе рече, Сардинија е и останува симбол на автентичност. Остров што ја чува својата култура, јазик и обичаи, но и отворено гледа кон иднината./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3. Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен. Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето. Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.Тагови: Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter