БалканСараево, Белград и Скопје меѓу 10-те најзагадени градови во светотСараево, Белград и Скопје изутринава се меѓу 10-те најзагадени градови во светот.Главниот град на Босна и Херцеговина, утрово е на второто место на листата на најзагадени места во светот. Во однос на регионот, загадени градови се Белград, Скопје и Приштина. Белград е на шестото место на листата, пред Скопје кое што е на седмото место.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалХари Кејн е добитникот на „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот.Капитенот на Англија, ѕвездата на Баерн Минхен, неверојатниот стрелец Хари Кејн, ја освои престижната „Златна топка“ како најдобар фудбалкер на светот за 2026 година,трофеј кој традиционално го доделува „Франс фудбал“. Кејн ја прими наградата на свеченост организирана во Лондон – првпат во 70-годишната традиција овој настан да се одржи надвор од Франција. Хари Кејн ги победи Килијан Мбапе и Ламин Јамал. Иако немаше престижен трофеј, како оној од Светското првенство или Лигата на шампионите, Кејн победи благодарение на фантастичната серија голови. Капитенот на Англија постигна 73 гола на клупски и меѓународни натпревари во текот на сезоната 2025/26. Тој е најдобар стрелец во Бундеслигата трета година по ред, а воедно и најефикасен клупски стрелец во Европа. Кејн ја предводеше Англија до нејзиниот најдобар пласман на Светско првенство уште од освојувањето на титулата во 1966 година. „Гордиот Албион“ го освои третото место на неодамнешното Светско првенство во Северна Америка. Претходно вечерта, англискиот фудбалер ја доби наградата за најдобар напаѓач во светот. Во женска конкуренција, по третпат во кариерата, најдобра е Алексија Путелјас, членка на „Лондон Сити“ и на шпанската репрезентација, со што се израмни со својата сонародничка Аитана Бонмати. Селекторот на светскиот шампион Шпанија, Луис де ла Фуенте, беше прогласен за најдобар тренер, додека во женскиот фудбал за најдобар беше прогласен тренерот на Барселона, Пере Ромеу. „Пари Сен Жермен“ во машка и Барселона во женска конкуренција беа прогласени за најдобри екипи. Јамал ја освои наградата за најдобар млад фудбалер по третпат по ред, додека наградата за најдобра млада фудбалерка ѝ припадна на Вики Лопез од Барселона. Свечената церемонија се одржа во Лондон, во познатиот театар „Паладиум“, при што организаторите му оддадоа почит на Стенли Метјуз, легендарниот англиски фудбалер кој во 1956 година стана првиот добитник на „Златната топка“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
МакедонијаОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста ценаОд полноќ според одлуката на Регулаторната комисија бензините поевтинија а дизелот остана со иста цена тој се родава за 99 денари за литар а бензините се намалија за пет денарти по литар..Еуросупр БС 95 се продава по цена од 91 денар за литар а Еуросупер БС 98 по цена од 93 денари за литарКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСрдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседитеВо меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија С.Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија Срдановиќ, за хрватски Индекс.. Сега имаме голем број мандати во Собранието, а меѓу тие луѓе веќе има доволно кредибилни кандидати кои можат да бидат членови на владата или премиер – вели Срдановиќ. Тој најавува подобрување на соработката и продолжување на европската интеграција на Србија, додавајќи дека првите чекори во полицијата, обвинителството и судството ќе бидат многу важни а како што нагласил за тоа ќе бидат потребни и слободни медиуми. За хрватски Индекс Срдановиќ потврдил и дека разговарал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, од кого добил честитка за изборната победа најавувајќи конкретизирање на соработката по изборот на новата влада. Инаку, челниците на ЕУ беа меѓупрвите кои ја честитаа изборната победа на студентска листа.. Подготвени сме да и дадеме поддршка на новата влада на србија на нејзиниот европски пат, порача еврокомесарката Марта КосКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter