Официјалната одлука за преименување во чест на покојниот Марадона ја објавиле денеска градските власти, како што јавија италијанските медиуми.
„Барањето од Наполи е потврдено од сите надлежни институции“, се вели во соопштението на Градот Неапол. „Градоначалникот Луиџи де Магистрис даде предлог кој беше потпишан од сите членови на градскиот совет и потврден од шефот за топонимите во градот.
Да потсетиме, Наполи веднаш по смртта на Марадона испрати барање до градските власти, но имаше пречка. Имено, според италијанскиот закон, потребно е најмалку десет години од смртта на едно лице за по него да биде именувана јавна зграда. Изгледа се направи исклучок во случајот со Марадона.
Освен Неапол, уште еден стадион го носи името на Диего Армандо Марадона. Станува збор за објектот во Буенос Аирес каде што играат Аргентинос Џуниорс, клубот во кој Марадона ја започна својата кариера.