3Коцевски: Македонија едно големо градилиште, 1200 проекти со помош на Владата се реализираат на целата територија на државата
Новиот норвешки крал во првото обраќање му оддаде почит на починатиот татко, му затрепери гласот (ВИДЕО)
2Новиот норвешки крал во првото обраќање му оддаде почит на починатиот татко, му затрепери гласот (ВИДЕО)
СветСанчез: Шпанија страда од деструктивната опозиција која и се предаде на екстремната десницаШпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека земјата „страда“ од деструктивна опозиција за која рече дека ја предала својата политичка судбина на крајната десница.Зборувајќи во парламентот, Санчез рече дека во текот на неговите седум години како премиер „секогаш дејствувал во коалиција и со парламентарно малцинство“, додавајќи дека владеел во такви околности и покрај „екстремно екстремните околности“, објави „Ел Паис“. Тој го критикуваше однесувањето на опозицијата, особено на Народната партија (ПП), која ја опиша како „апсолутно деструктивна“. Санчез рече дека опозицијата не успеала да се „обедини“ кога е важно, покренувајќи прашања за нивните одлуки за неколку клучни политички реформи. „Необјасниво е што гласаа против зголемувањето на пензиите, како можат да го оправдаат гласањето против реформата на трудот договорена со социјалните партнери? Која е причината за нивното одбивање да го одобрат отпишувањето на долгот што би го олеснило финансискиот товар на регионалните влади? Кои се аргументите за блокирање на законот што ги штити децата и адолесцентите во дигиталната средина“, праша Санчез, осврнувајќи се на политиките против кои гласаше ПП. Потоа Санчез ја нагласи важноста од постигнување политички договор што би можел да го подобри животот на граѓаните. „Сведоци сме на политичкиот и интелектуалниот колапс на традиционалната десница во нашата земја и на нашиот континент“, заклучи шпанскиот премиер.Тагови: Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаПоповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВРНов скандал го тресе МВР на Панче Тошковски.За 1.400 евра мито, корумпирани структури во рамките на МВР на Тошковски штанцале возачки дозволи за управување со камиони и автобуси на лица кои ниту посетувале соодветна обука, ниту некогаш полагале испит. Ова е показател до каде е раширена корупцијата во МВР но и закана и за животот на граѓаните! Шемата е криминално едноставна, но нејзините последици се застрашувачки: граѓаните фиктивно пријавуваат изгубена дозвола, а службениците на Тошковски во системот незаконски им допишуваат „Ц“ и „Д“ категории. Поради оваа мафијашка мрежа во МВР, во овој момент на нашите патишта се движат над 300 потенцијални убијци - лица кои без обука возат тешки товарни возила или превезуваат патници со автобуси. Ова е континуитет на хаосот, криминалот и неспособноста кои владеат во изминатите две години со Тошковски на чело на МВР. Додека Тошковски се занимаваше со хиперхлорирање и не си ја работи својата работа во МВР е хаос. Панче Тошковски мора да излезе пред граѓаните и да одговори: Кој се е вклучен во оваа криминална шема? Како е можно ваква масовна, организирана операција за фалсификување на државни документи да му се одвива пред нос, во неговото министерство? Кој ги штити овие службеници и каде завршувале тие 1.400 евра по дозвола? СДСМ бара итна, независна и темелна истрага од Јавното обвинителство. Бараме институциите веднаш да ги лоцираат и поништат сите над 300 нелегални дозволи пред да се случи трагедија на патиштата. И најважно, бараме политичка и објективна одговорност. За ваков тежок удар врз безбедносниот систем, оставката е најмалку што може да се направи. Министер кој дозволил јавната безбедност да се продава како на пазар, нема кредибилитет да остане на функцијата ниту еден ден повеќе, рече Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одбор на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаДУИ: ВЛЕН ја уништува виталната врска што ја обезбеди ДУИНа 6 април 2023 година, Владата предводена од ДУИ издвои 8 милиони евра за изградба на булеварот „Хасан Приштина“, патот познат и како Качанички пат, во правец кон Косово до скопската обиколница .На 6 април 2023 година, Владата предводена од ДУИ издвои 8 милиони евра за изградба на булеварот „Хасан Приштина“, патот познат и како Качанички пат, во правец кон Косово до скопската обиколница каде што требаше да се поврзе со обиколницата и автопатот Скопје - Блаце. ДУИ обезбеди 2 милиони евра за изградба на кружниот тек кај семафорите на булеварот „Словенечка“, како и 6 милиони евра за реализација на булеварот „Хасан Приштина“, средства кои беа префрлени на Град Скопје. Овој проект не беше случаен. ДУИ планираше целосна инфраструктурна поврзаност, бидејќи автопатот Скопје - Блаце нема целосно значење без модерен, функционален и достоинствен влез во Скопје од правецот на Косово. Денес, единствениот влез во Скопје што нема форма на булевар е токму влезот од Косово. Град Скопје го имаше проектирано булеварот, а беа водени разговори и со стопанствениците од подрачјето на Визбегово. Значи, ВЛЕН немаше потреба да измислува ништо ново, туку само да продолжи и да го реализира виталниот проект што ДУИ го подготви и финансираше. Но денес, наместо овие средства да се искористат за реализација на овој стратешки проект, ВЛЕН ги пренасочува и ги насочува кон друг проект во центарот на Скопје. Ова е јасен доказ за неспособноста да се разберат и реализираат стратешки проекти, но и за нивното лицемерие во однос на поврзувањето Скопје - Блаце. Истата неспособност и лицемерие беа потврдени и со автопатот Скопје - Блаце, кој ДУИ им го остави подготвен и спремен за реализација, додека ВЛЕН го одложи за две и пол години и го поскапе проектот за над 30 милиони евра. Не може да се зборува за автопатот Скопје - Блаце, а истовремено да се отстрануваат средствата за патот што треба директно да го поврзе со Скопје. Автопатот без булеварот „Хасан Приштина“ е непотполна врска, додека одлуката за пренасочување на овие средства покажува дека ВЛЕН нема ниту визија, ниту капацитет да го разбере стратешкото значење на овој проект. ДУИ ја имаше проектирано и буџетирано целата врска, од границата со Косово до Скопје. ВЛЕН, дури и готовите проекти што ги наследува, успева да ги одложи, да ги поскапи и да ги оштети, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКоцевски: Македонија едно големо градилиште, 1200 проекти со помош на Владата се реализираат на целата територија на државатаВо изминатиот период Владата започна сериозен инвестициски циклус во општините, со цел да се надмине долгогодишниот недостаток на инвестиции во локалната инфраструктура и да се решат проблеми кои директно го засегаат секојдневието на граѓаните.Денеска низ општините се реализираат околу 1.200 инфраструктурни проекти со поддршка од Владата, што претставува значаен обем на инвестиции на локално ниво. Станува збор за проекти кои се однесуваат на патната инфраструктура, водоводи, канализации, животна средина, образованието, спортот, културата и социјалната политика, односно области кои се директно поврзани со квалитетот на животот во секоја локална заедница. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку два јавни повици на општини им стави на располагање средства од унгарскиот кредит, кои се преточуваат во проекти кои ги подобруваат условите за живот на граѓаните и своевремено ја развиваат и домашната економија. Преку ресорот транспорт и врски се реализираат вкупно 814 проекти во вкупна вредност од над 11 милијарди денари, од кои 382 се целосно реализирани, додека 432 се во напредна фаза на реализација. Следната област со најмногу проекти е животна средина со 183, од кои 45 се целосно реализирани, додека 138 се во фаза на реализација со вкупна вредност од над три милијарди денари. Во образованието одобрени се 55 проекти во вкупна вредност од скоро две милијарди евра за нови училишта и реновирање на постоечките, за нови училишни спортски сали и терени од кои седум проекти се целосно завршени, додека на 48 се уште се работи. За македонскиот спорт има 36 проекти во вредност од скоро 770 милиони денари, каде што 10 проекти се целосно реализирани, додека 26 се во фаза на реализација, следува културата со 18 проекти во вкупна вредност од над 822 милиони денари, па социјалната политика со 10 проекти вредност од над 771 милион денари. 80 општини во Македонија учествуваа и добија финански средства од Владата за развој и капитални инвестиции насочени кон подобрување на патната инфраструктура, детски градинки, спортски терени и комунални мрежи. Така, вкупната поддршка од двата јавни повици на Владата за општините Гази Баба и Прилеп за капитални проекти достигна 12 милиони евра, за општина Велес 9 милиони, за општина Дебар се доделија финансиски средства за 26 проекти, за општина Битола дури за 81 проект, за Струмица 13, за Крива Паланка се доделија средства за пет проекти, додека за Неготино се доделија над четири милиони евра за 12 проекти. Кога се зборува за бројки, секогаш е важно зад нив да се видат конкретните луѓе и конкретните места, затоа што зад проектите во образованието стојат подобри услови за учениците, зад инвестициите во спортот стојат подобри услови за младите и спортските клубови, а зад проектите во животната средина стојат решавања на инфраструктурни проблеми кои директно влијаат врз здравата и уредена животна средина. Инвестициите во културата го зачувуваат локалното наследство, додека проектите од социјалната политика создаваат подобри услови за граѓаните кои зависат од јавните услуги, додека инвестиции во инфраструктурата значи дека граѓаните добиваат подобри патишта, водоводни и канализациони системи. Сите овие 1200 проекти решаваат различни локални проблеми за граѓаните, но заедничкиот ефект е подобрување на условите за живеење, затоа целта на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е развојот да не биде привилегија само на неколку големи градови и центри, туку инвестициите да стигнат во секоја општина каде што постои реална потреба и квалитетен проект. Затоа денес може да кажеме дека Македонија е едно големо градилиште коешто може да се види во општините низ целата држава, затоа што граѓаните, без разлика каде живеат, имаат право на подобра инфраструктура, подобри јавни услуги и подобри услови за живот, рече Зоран Коцевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter