Санчез: И за Појасот Газа треба да бидеме единствени и доследни како за Украина - Канал 5

Санчез: И за Појасот Газа треба да бидеме единствени и доследни како за Украина

 Премиерот на Шпанија, Педро Санчез на Самитот на НАТО во Вашингтон ги повика партнерите од Алијансата да покажат исто „единство и доследност“ за Појасот Газа какво што демонстрираа за Украина.

Санчез: И за Појасот Газа треба да бидеме единствени и доследни како за Украина

- Не може да бидеме обвинети дека применуваме двојни стандарди, што би ја ослабела нашата поддршка за Украина. Напротив, бараме исто единство и доследност за Газа, како што бараме како одговор на руската инвазија врз Украина, истакна Санчез на седницата на Атлантскиот совет во Вашингтон.

Тој додаде дека „важно граѓаните да разберат дека нема двојни стандарди“.

Ако му кажеме на нашиот народ дека ја поддржуваме Украина, бидејќи го браниме меѓународното право, мора да го сториме истото и за Газа. Ако бараме почитување на меѓународното право во Украина, мора да го бараме тоа и во Газа, посочи Санчез.

Ангелов: Не ни е неопходна ЕУ да ги подобриме состојбите дома

„Не очекувам дека САД ќе се повлечат од Балканот“

Ангелов: Не ни е неопходна ЕУ да ги подобриме состојбите дома

Не доаѓаат предвид уставни имени без гаранции, ние не само што не ги добиваме, туку имаме анти-гаранции. Нам не ни е неопходна ЕУ да ги подобриме состојбите дома. Помали сме и понемоќни ос САД, државите од БРИКС се „малку“ далеку. Секој сака билатерална спогодба со САД, не секој сака со Македонија. Суровата реланост налага пат кон ЕУ и НАТО, плативме скапа цена но надворешно сме безбедни. Не очекувам дека САД ќе се повлечат од Балканот. Договорот со Британија е се' замо не е про-руски чекор, вели Стојанче Ангелов во Само Вистина.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

Александар Вучиќ објави видео на Инстаграм од парк каде што седи на клупа за вежбање.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

„Далеку сум од добра форма, но Србија е повторно на вистинскиот пат“, напиша српскиот претседател во описот на објавата. Во видеото, тој почна да ги наведува проектите што има намера да ги заврши во наредниот период.

Потоа рече:

„И треба да го искористам ова кратко време пред ручек како да правам нешто, за да биде помалку забележливо она што ќе го јадам. Во секој случај, Србија е повторно на вистинскиот пат. И време е да ги подобрам моите физички карактеристики, да бидам за нијанса помалку дебел и со малку повеќе енергија отколку во претходните неколку месеци.“ Тој не правеше никакви вежби.

Неговото видео набрзо се прошири на социјалните мрежи, а луѓето му пишуваа дека се бламира.

„Лошо се храниш“, се пошегуваа некои во коментарите со емотикони за сендвичи.

Алмеида нoв тренер на Севиља

Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља го назначи денеска поранешниот аргентински репрезентативец Матијас Алмеида (51) за нов тренер, потпишувајќи тригодишен договор.

Алмеида нoв тренер на Севиља

За време на неговата фудбалска кариера, Алмеида мина една сезона во Севиља, што беше негова прва европска станица по пристигнувањето од Ривер Плата, а подоцна играше во Италија за Лацио, Парма и Интер.

Алмеида го постигна најголемиот успех во својата тренерска кариера досега со грчкиот АЕК, со кој ја освои грчката титула и трофејот во Купот во својата прва сезона на клупата на клубот од Атина./МИА

притисни ентер