Самсоненко: Тешко беше да се донесе ваква одлука - Канал 5

Самсоненко: Тешко беше да се донесе ваква одлука

Женскиот ракометен клуб на Вардар по стартниот нерешен резултат со ФТЦ во Лигата на шампионите во петокот донесе одлука да ја смени Индира Кастратовиќ, а од саботата со ракометарките работи нејзиниот помошник Аце Станковски.

Самсоненко: Тешко беше да се донесе ваква одлука


На денешниот прес пред дуелот со Лајпциг, сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко изјави дека нема да се брза со назначување нов тренер по тешката одлука да се прекине соработката со Индира.

- Тешко беше да се донесе ваква одлука. Бараме тренер, но нема да брзаме. Не сакам да погрешиме во избор. Со тимот ќе раководи тренерски тим (јас, Едуард Кокшаров и Аце Станковски), а јас сум одговорен за играта и резултатите. Лани со исклучок на полуфиналето одигравме добра сезона. Овие денови во работата ќе ни помага и Давид Девис Камара, но тој останува со да работи со машката екипа.

За смената на Кастратовиќ, претседателот на клубот Гордана Нацева напомена:

- Управата на клубот беше незадоволна од неубедливиот старт и нерешениот резултат со ФТЦ. Индира Кастратовиќ е од почетокот во Вардар, воедно понудено и е да остане во клубот со цел да се искористи нејзиното искуство.

За претстојниот дуел со Лајпциг, тренерот Станковски очекува бодовите да останат во Скопје.

- Очекувам со максимален ангажман да стигнеме до првата победа и сметам дека сме поквалитетни од нив. Имаме мали здравствени проблеми, но очекувам сите што ќе бидат на теренот да го дадат својот максимум.

Натпреварот ЖРК Вардар – Лајпциг се игра в петок во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20 часот и 30 минути.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Детска клиника се спојуваат два оддела, бидејќи нема доволно кадар

Веќе една недела одделите за имунологија и пулмологија се фузирани, бидејќи нема доволен медицински кадар, информираше денеска директорот на Клиниката за детски болести, Реџеп Мемеди. 

На Детска клиника се спојуваат два оддела, бидејќи нема доволно кадар

Тој објаснува дека ова е неопходно, но привремено решение, а најважно како што вели е дека ниту едно дете не е вратено без да биде прегледано.

На Клиниката во моментов како што информира директорот, вработени се 144 медицински сестри, од кои речиси половина се ослободени од дежурства, по разни основи, а 25 се над 60 годишна воздраст, односно исполнуваат услов оваа или следната година да заминат во пензија. Според Мемеди, тоа било причина што побарал од Министерство за финансии согласност за ангажирање на средно медицински персонал, а откако не им бил продолжен договорот на работниците кои и по неколку години работеле во клиниката, се направил голем притисок во организирање на смените.

Мемеди се пофали дека детската клиника во Скопје бележи најниска стапка на смртност кај хоспитализирани пациенти во историјата на Клиниката. Како што кажа, анализите покажале дека во 2015 година процентот на починати пациенти во однос на хоспитализираните пациенти изнесувал 1,51 отсто , односно 108 смртни случаи, додека во 2025 година стапката на смртност паднала на 0,51 процент, односно 39 смртни случаи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Состанок Гаши-Доцова: Официјална Софија бара соодветна казна за палењето на возилата пред бугарската амбасада

Соодветна казна за сторителите на антибугарски дејствија во Македонија очекува претседателката на бугарското собрание, Михаела Доцова, по инцидентот со опожарувањето на двата дипломатски автомобила пред бугарската амбасада во Скопје. 

Состанок Гаши-Доцова: Официјална Софија бара соодветна казна за палењето на возилата пред бугарската амбасада

Ова како што потенцира Доцова, му го предочила на македонскиот колега, Африм Гаши на денешната средба во Софија во рамките на конференцијата на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Средбата траела половина час, а таа откри дека ја прифатила поканата на Гаши да го посети македонското собрание.

-Jа изразив својата загриженост и загриженоста на нашата земја во однос на зачестеното антибугарско однесување, како и за невидениот напад врз дипломатските автомобили на нашата мисија. Она што го очекуваме како земја е праведна казна (за сторителот) за да може општеството да види дека постои соодветен одговор таквите дејствија. , изјави Михаела Доцова, претседателка на бугарското собрание

Гаши по средбата само кусо одговори.

-Г-не Гаши како помина средбата со претседателката? – Одлично, супер, рече Гаши.

Од неговиот кабинет подоцна соопштија дека на средбата со Доцова, Гаши ја нагласил потребата од обезбедување дополнителни канали на комуникација меѓу двата парламента и дека двете земји фокусот треба да го стават на иднината, а не на наративите од минатото.

-Претседателот ја искажа нашата посветеност на добрососедските односи, европските вредности и регионалната стабилност при што констатираше дека моделот на градење наративи со фокусирање кон минатото и историјата се покажал како предизвик којшто ги оптоварува односите и несомнено треба да се разговара за други развојни теми, велат од Кабинетот на Гаши.

Инцидентот пред бугарската амбасада, за кој 44-годишен Скопјанец веќе отслужува мерка 30-дневен притвор, со денови ги бранува македонско-бугарските односи. Министерката за надворешни на Бугарија, Петрова Чамова во телевизиско гостување оцени дека загрижува тоа што веќе не се работело за изолирани случаи, туку како што вели за тренд. Пред неколку дена, Бугарија преку пратеничката од Герб, Деница Сачева испрати писмо до Парламентарното Собрание Советот на Европа, во кое се посочува дека последниот инцидент е дел од поширока серија напади врз бугарски индитуции и граѓани и дека не може да се смета за изолиран случај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ребаланс на буџетот: Дефицитетот се зголемува од 3,5% на 4,1% од БДП, ќе биде 750 милиони евра

Владата го усвои ребаласнот на буџетот. 

Ребаланс на буџетот: Дефицитетот се зголемува од 3,5% на 4,1% од БДП, ќе биде 750 милиони евра

Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска пред малку на прес конференција кажа дека со него буџетскиот дефицит ќе се зголеми на 750 милиони евра, или за околу 120 повеќе во однос на првично превдиденото.

Уверува дека приходната страна останува стабилна, а дефицитот се зголемува за да се обезбедат повеќе пари за капиталните инвестиции.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер