351. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црно
Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
2Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
КултураСамостојна изложба на уметникот Зоран Арсовски – Бабата со наслов “Нови хоризонти” Изложбата ќе биде отворена на 20 Јуни со почеток од 19.30 часот во НУ Центар за култура Крива Паланка.Самостојна изложба на слики на современиот академски визуелен уметник Зоран Арсовски – Бабата со наслов “Нови хоризонти” ќе биде отворена на 20 Јуни со почеток од 19.30 часот во НУ Центар за култура Крива Паланка во рамки на манифестацијата Крива Паланка град на културата за 2024 година. Проектот е од национален интерес во културата од годишната програма за 2024 година на Министерство за култура. Ова е негова 16-та по ред самостојна изложба со која ќе се претстави реномираниот сликар м-р Зоран Арсовски - Бабата пред љубителите на уметноста, овој пат пред Македонската публика, откако претходните проекти и изложби тој многу повеќе ги презентираше пред Меѓународната ликовна сцена. Арсовски е роден 1980 година во Куманово, Р. Македонија. Дипломирал 2005 година на Националната Ликовна Aкадемија во Софија, Р. Бугарија, насока Сликарство во класата на професорите Станислав Памукчиев и Божидар Бојаџиев. Во 2007 година Магистрирал на истата Академија и се стекнал со професионална квалификација Магистер по Сликарство. Има учествувано на повеќе Меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти, уметнички фестивали и симпозиуми во земјава и странство. Работи во Национална установа Центар за култура „Трајко Прокопиев”- Куманово како Стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура. Сопственик е на уметничка Галерија „Art Gallery Arsovski" - Куманово. За својата работа има добиено повеќе награди, признанија и дипломи. За изложбата “Нови хоризонти” историчарот на уметноста, Роберт Цветковски ќе запише: Не спорејќи го влијанието на општествениот контекст (пандемии, енергетски и економски кризи, војни и уништување на животната средина со неодговорно однесување на човекот), како и просторот и времето во коешто живееме и твориме, размислувајќи притоа за предизвиците пред нас, честопати, се обидуваме да ја видиме подалечната иднина. Тој мисловен конструкт ни е потребен за да можеме да се подготвиме за настаните коишто доаѓаат и ни е еволуциски впишан во нашата ментална програма за опстанок. Се разбира, повеќе луѓе од разни профили можат да дадат свои видувања во оваа насока, но се чини дека визуелните уметници можат да дадат најексплицитни проекции. Проекцијата на иднината и нејзиниот евентуален развој е во фокусот на проектот којшто сакаме да ви го претставиме а се работи за најновата изложба на академскиот сликар м-р Зоран Арсовски-Бабата насловен како “Нови хоризонти“. Велиме проект, затоа што е тематски поврзан со неговите претходни циклуси (“Тектонски пореметувања“ и “Космички бумеранг“) и претставува континуитет на едно истражување коешто доследно, согласно претходно поставените канони и стандарди, дава иновативни резултати и креативни решенија. Во содржинска смисла, екологијата е почетната точка на проектот а актуелната продукција е драматично предвидување на последиците од непочитувањето на животната средина и планетата воопшто. Во формално-техничка смисла, тука е веќе усовршената техника на акрил во комбинација со силикатни смоли, мајсторски аплицирана на платно од страна на Арсовски, и во сиот свој раскош и сјај еманира зрелост, прецизност и баланс. Од ракурсот на консументот, она што е евидентно во најновиот циклус на остварувањата на Арсовски е следењето на претходно исцртаната траекторија а тоа подразбира експлозија од бои и форми, езотеричност, метафизика и трансценденција, секвенци на нов универзум, нови хоризонти во постојано превирање и констелација на флуидно напластени леери во диспозиција која сугерира континуирана трансформација на просторот, видена преку транзицијата на материјата во енергија и обратно. Исто така, во понудената колекција се чувствува трипартитна организација на композициската структура во којашто доминира колористична експресија (дела со нагласен третман на интензивни комплементарни и суплементарни бои нанесени со силни гестуални движења, надополнети со точкасти партии коишто симулираат перфорирани индустриски остатоци), апстрактно-асоцијативни експресионистички пејзажи (работени пред псевдохоризонт, изведени во колористично експресивен манир, од коишто извираат силуети на птици, луѓе, зооморфни ентитети) и надреални композиции (надополнети со објекти од животинска и растителна природа: петли, гасеници, полжави па дури и биоморфни структури во комбинација со остатоци од високо-технолошка ера). Вака поставената повеќеслојна структура во делата на Арсовски имплицира еден егзистенцијален дискурс во којшто филозофското и практичното, можното и неопходното, доброто и лошото мораат да бидат доведени до совршена рамнотежа. Несомнено, понудениот материјал треба да се разбере и како повик кон факторите на сегашната цивилизација за освестување и преземање на итни мерки за спас на планетата; во спротивно, драматичните случувања од сликите на Арсовски ќе бидат реалност... Можеби ќе преживеат некои помали животни и растенијата ќе бидат со изменет колорит, па дури и ќе се појават некои нови постеволутивни органовидни форми, но отсуството на човекот говори дека состојбата е повеќе од алармантна. И токму тука, во упатениот апел ја гледаме вредноста на оваа изложба, надополнета, се разбира, и со техничката перфекција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
АвтомобилизамФолксваген од електричните возила сè уште заработува помалку отколку што би сакалФолксваген забележува зголемен интерес од европските купувачи за електрични автомобили, но сè уште не заработува толку колку што би сакал.Според податоците на групацијата Фолксваген, уделот на електричните автомобили во вкупните испораки на европскиот пазар се зголемил од 18 на 20 проценти во првите девет месеци од 2026 година. Само во текот на третиот квартал, испорачани се 209.100 електрични возила, што претставува раст од 19,6 проценти во споредба со истиот период минатата година. Дополнителен импулс се очекува од новата генерација на попристапни електрични модели. Така, семејството на градски електрични автомобили, кое го вклучува и новиот „ID. Polo“, според достапните извештаи, веќе собрало речиси 150.000 нарачки. Почетната цена на моделот „ID. Polo“ е околу 29.000 долари, што го прави важен адут за Фолксваген во борбата за поширок круг клиенти. Повисоките цени на бензинот и дизелот, исто така, придонесуваат за растот на интересот, што го потврдија претставниците на компанијата. Сепак, големиот број нарачки не значи автоматски поголема профитабилност. Финансискиот директор на групацијата „Фолксваген“, Арно Антиц, предупреди дека компанијата во моментов заработува помалку пари од електрични автомобили отколку од автомобили со мотори со внатрешно согорување. Според него, маржите на профит кај електричните модели се сè уште премногу ниски за да се направат долгорочни одржливи инвестиции во нивниот развој. На тој начин, „Фолксваген“ се соочува со интересен парадокс: европските клиенти сè повеќе ги нарачуваат неговите електрични автомобили, но компанијата сè уште не успеала да го претвори овој раст во соодветна добивка. Способноста за зголемување на профитабилноста на електричните модели ќе биде еден од клучните предизвици за германскиот производител во наредните години. Извор: Б92Тагови: фолксваген Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКремљ: Москва нема да поставува услови за европскиот преговарачки тимМосква нема да поставува услови за составот на европскиот преговарачки тим, изјави во саботата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Не можеме и не сакаме да поставуваме услови за нивниот преговарачки тим. Таквиот пристап е сосема погрешен“, рече Песков. Европската унија веќе некое време дискутира за назначување на специјален пратеник за да се обезбеди директно европско претставување во идните мировни преговори. Песков, за потсетување, на 25 октомври изјави дека Русија ќе го поддржи назначувањето на преговарач на ЕУ, под услов пратеникот искрено да работи на постигнување мирно решение. Неколку имиња Финскиот претседател Александар Стуб и чешкиот претседател Петр Павел се споменуваат како можни кандидати. И покрај ова, Европската унија сè уште нема ниту договорен преговарач, ниту заеднички став за тоа кога треба да започнат директните преговори. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во саботата дека Европа мора да биде на преговарачката маса во следната рунда преговори заедно со САД, Украина и Русија. Тој исто така рече дека Украина очекува одлука од своите европски партнери за тоа кој ќе ја претставува Европа до крајот на ноември. Извор: Индекс.хрТагови: кремљ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИлјадници луѓе излегоа на улиците во Португалија: „Нема да ни ги украдете домовите“Илјадници луѓе денес излегоа на улиците во 32 градови низ Португалија, барајќи итна акција од владата за решавање на влошената криза со домувањето во земјата.Протестите беа организирани од платформата „Каса пара вивер“ (Дом за живеење) под слоганот „Тие нема да ни го украдат правото на дом“. Митинзите се одржаа во Лисабон, Порто, Фаро, Портимао, Коимбра, Брага и други градови. Manifestação Casa para Viver, Lisboa https://t.co/vADIhqO1K9 — Bernardo (@_andrebernardo_) November 14, 2026 Барање за контрола на киријата и поголема заштита на станарите Демонстрантите бараат построга контрола на киријата, поголема заштита на станарите од иселувања и поголеми инвестиции во изградба на достапни јавни станови. Тие исто така бараат повлекување на предложените измени во законот за станови за изнајмување. Рита Силва, портпаролка на платформата „Каса пара вивер“, изјави за новинската агенција Луса дека протестите низ целата земја покажуваат дека кризата со домувањето не ги погодува само големите градови, туку цела Португалија. LIVE: Manifestação Casa para Viver Ponta Delgada, São Miguel Açores Portugal - 14.11.2026 https://t.co/kIaG3IyQjP — Claudio IRL (@claudio_irl) November 14, 2026 Платформата, која обединува околу 100 здруженија за домување и локални организации, исто така бара построги правила за договорите за изнајмување, празните имоти, краткорочните туристички изнајмувања и сузбивање на шпекулациите со имоти. Владата предлага измени во законот за изнајмување Протестите се случија откако парламентот во принцип го одобри предлогот на владата за измена на законот за изнајмување. Предложените измени би овозможиле поголема флексибилност во договорите за изнајмување и би ги забрзале процедурите за иселување. Активистите за правата на домување предупредуваат дека промените би можеле дополнително да ја ослабат заштитата на закупците во време на зголемување на кириите и намалување на достапноста на станови. A plataforma Casa Para Viver reúne apoiantes em Lisboa, Porto e outras localidades contra a lei do arrendamento e pede mais regulação estatal. https://t.co/513NBO2Gkp — The Intelligent Portugal (@TheIntelligPT) November 14, 2026 Активистите го повикуваат премиерот на разговори На националните протести им претходеше состанок меѓу португалскиот претседател Антонио Хозе Сегура и активистите за правата на домување во петокот. Претставниците на платформата „Каса пара вивер“ го поздравија состанокот и го повикаа премиерот Луис Монтенегро лично да се вклучи во разговори со нивното движење.Тагови: Португалија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00