Самолеплива сликичка со Луис Рубиалес се продава за 1.000 евра - Канал 5

Самолеплива сликичка со Луис Рубиалес се продава за 1.000 евра

Стара самолеплива сликичка со ликот на претседателот на шпанската фудбалска федерација Луис Рубиалес (46), кој пред две недели предизвика скандал бакнувајќи ја фудбалерката Џенифер Хермосо, на веб-страницата Валапоп достигна цена од 1.000 евра.

Самолеплива сликичка со Луис Рубиалес се продава за 1.000 евра

Како играч, Рубиалес играше од 2004 до 2005 година за шпанскиот прволигаш Леванте, а сликата од тоа време постигна рекордна вредност. Има повеќе продавачи кои се надеваат дека ќе заработат од скандалот што го направи меѓународно познат.

„Сликичка на Рубиалес, Леванте УД 2004-05, со коса 850 евра“, стои во една понуда. Во втората, цената е 1000 евра. Последниве денови сликата на младиот Рубиалес во црвено-синиот дрес додека се уште ја имаше косата можеше да се купи по многу пониска цена, меѓу 1 и 5-50 евра.

Албумите за собирање сликички од фудбалери се популарни во Шпанија со децении.

Рубиалес е претседател на федерацијата од 2018 година, а на 20 август во Сиднеј ја засени прославата на фудбалерите на Шпанија кои во финалето на Светското првенство ја победија Англија со 1:0.

За време на доделувањето на златниот медал, тој ја фати шпанската играчка Хермосо (33) за глава, ја повлекол кон себе, а потоа ја бакнал во уста, по што се насмеал. Тој тврди дека бакнежот бил заеднички, а фудбалерката рекла дека ја бакнал против нејзината волја.

Вкупно 23 светски шампионки, меѓу кои и Хермосо, најавија дека нема да се вратат во шпанската репрезентација додека Рубиалес е на чело на федерацијата. Тој одбива да се повлече. Меѓународната фудбалска федерација ФИФА пред една недела му забрани на Рубиалес да ја извршува фудбалската функција во траење од 90 дена, додека дисциплинската постапка продолжува.

Неговиот чин предизвика бројни критики, вклучително и од шпанскиот премиер Педро Санчез, а случајот е пред шпанскиот спортски управен суд (ТАД).

Рубиалес во петокот објави дека со докази ја „брани својата невиност“. Тој повторно се извини за вулгарното допирање на тестисите за време на еуфоричното славење во ложата на стадионот, кога беше во околината на шпанската кралица Летиција и нејзината малолетна ќерка Софија. За време на прославата на тревникот преку десното рамо ја носеше фудбалерката Алтенеа дел Кастиљо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЕНЕС НА СФФ2026: Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“

Со денешните активности и проекцијата во Кино „Фросина“, официјално се заокружува 26. издание на Скопје Филм Фестивал (СФФ), кое изминатите денови го претвори Скопје во епицентар на европската и светската кинематографија.

ДЕНЕС НА СФФ2026: Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“

Последниот фестивалски ден започнува во 12:00 часот во Клуб МКЦ со третиот фестивалски мастерклас, предводен од Ники Никитин, реномиран меѓународен филмски селектор и куратор на СФФ2026. Мастеркласот е посветен на темата „Фестивалски стратегии: Дистрибуција на филмови и ефикасно користење на фестивалскиот пазар“, која нуди насоки и практични совети за младите автори и филмски професионалци. Во 13:00 часот во Кино „Фросина“, во рамки на „А1 Кинотека“, ќе биде прикажан филмскиот класик „Чувар на плажата во зимски период“ на Горан Паскаљевиќ.

Со почеток од 19:00 часот во Кино „Фросина“ ќе се одржи Свеченото затворање на СФФ2026, во чии рамки стручното жири официјално ќе ги соопшти добитниците на овогодинешните награди и признанија. Веднаш по церемонијата, во 19:30 часот, Скопје Филм Фестивал ќе ја затвори програмата со проекцијата на „Електричен бакнеж“ (The Electric Kiss) во режија на Пјер Салвадори, филм кој ја имаше својата светска премиера во рамки на отворањето на Канскиот филмски фестивал оваа година.

Сите заинтересирани може да ги набават своите билети преку продажната мрежа на MK Tickets.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 02.11.2026 до 06.11.2026 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев

Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев.

Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев

110 милиони евра била првата од неколкуте транши кои требале да стигнат во Македонија преку Венецуела, која тогаш беше под санкции во времето на Мадуро, а вкупната сума која била планирана да влезе во Еуростандард банка изнесувала милијарда и 600 милиони евра.

Според јавно достапни информации, фирма од Македонија од шемата Венецуела, за голема сума на пари, купила вештачко ѓубриво од фирма од Белорусија, каде пак со години владее Лукашенко, другарот на Путин. Парите се префрлаат на сметка во Србија. Потоа истите средства биле замрзнати во Србија, по барање на обвинителството.

Затоа кај СДС работи Фројд. Според логиката на СДС, тогашната власт на Филипче и Заев, по се изгледа биле директно вклучени во овие трансакции. Шемата е таа, Венецуела, Белорусија, Русија и Србија. Истите држави чии олигарси и криминалци во Македонија добиваа пасоши, тендери и дупови.

Дополнително, од СДС молчат за фирмите на Заеви „Сара инженеринг“, фирмата на Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“, бизнис-партнери на Зоран Заев, кои подигаа кредити од Еуростандард, а потоа не ги исплаќаа.

Изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се Филипче и Заев. Кога тогаш ќе одговараат.

Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер