Само во еден филм Бред Пит глуми вистински негативец (ВИДЕО) - Канал 5

Само во еден филм Бред Пит глуми вистински негативец (ВИДЕО)

Бред Пит најчесто глуми добро момче или некој со несомнен морал. Тој дури има улоги на херој во филмовите како Seven, Troy, World War Z и Speeding Bullet.

Само во еден филм Бред Пит глуми вистински негативец (ВИДЕО)

Неговите мотиви се сомнителни во Боречкиот клуб на Дејвид Финчер и Некогаш во Холивуд на Квентин Тарантино, но тој само во еден филм играше вистински негативец и тоа на самиот почеток на кариерата.

„Калифорнија“ од 1993 година е комбинација од криминален трилер и роуд филм. Режисер на филмот е Доминик Сена, а заедно со Пит играат Џулиет Луис, Дејвид Духовни и Мишел Форбс.

Духовни го игра новинарот Брајан Кеслер, кој пишува книга за сериски убијци. Тој оди на истражувачко патување во Калифорнија со неговата девојка Кери Лафлин (Мишел Форбс). За да ги намалат трошоците, Брајан и Кери бараат придружници за патување и на тој начин ги запознаваат Ерли Грејс (Бред Пит) и неговата девојка Адел Корнерс (Џулиет Луис). Книгата на Брајан на крајот не ги опишува грозните убиства од минатото, туку чудовиштето на задното седиште од автомобилот.

YouTube video

Иако ова не е најдобрата улога на Пит, таа беше пофалена од Роџер Еберт, а Калифорнија доби номинација за најдобар хорор филм на наградите Сатурн во 1994 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер